Најнови вести од активностите на нашата
Организација |
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРEНЦИЈА НА ТЕМА „РЕЗОЛУЦИЈА 1325-ЖЕНИ, МИР И БЕЗБЕДНОСТ" |
На 21 и 22 Ноември 2019 во Холидеј Ин, Скопје од
страна на ЗГ Нексус беше организирана меѓународна конфер eнција
на тема „Резолуција 1325-Жени, мир и безбедност".
Од страна на ОЖО Свети Николе претседателката Даниела Панева имаше панел
дискусија на тема „Ангажираноста на НВО во имплементација на
Резолуцијата 1325 и важноста од инволвираност на НВО воимплементирање на
активности на тема жени , мир и безбедност", модерирана од професорката
Стојанка Мирчева.
Во своето излагање, претседателката ја потенцира важноста од заедничко и
тимско работење на сите женски НВО т.е. НВО кои работат на промоција,
едукација и заштита на правата на жените како и на подобрување на
положбата на жените во сите сфери на општествениот живот. Резултатот од
заедничка работа на ОЖО Свети Николе како иницијатор и неформалната
мрежа од 16 женски НВО кој резултираше со промена на законската
регулатива т.е. промена во Закон за здравствена заштита со добивање на
бесплатни ПАП тестови за секоја жена, претседателката го посочи како
успешен пример и мотивација за преземање на идни активности во
имплеметација на НАП за Резолуцијата 1325.
Повеќе за овој напис
|
СВЕТИ НИКОЛЕ ВО РОЗЕВО |
По повод месец на борба против ракот, на 26ти
Октомври, а во рамки на здравствената програма на ОЖО Свети Николе
(во координација со КЕММЖ на општина Свети Николе и општината беше
формиран работен тим со претставници од сите релевантни локални фактори:
со претставници од локални граѓански здруженија, пензионерски друштва,
локалната самоуправа , КЕММЖ Свети Николе, локалните основни училишта
како и женските активи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ) заеднички беше
организирана розева прошетка, сите облечени во розеви маици направија
прошетка низ градот за подршка на сите жени заболени и лекувани од рак
на дојка. Слоган на кампањата беше: ”Свети Николе во розево”, а
медиумски беше покриена од локалната ТВ Свет.
Повеќе за овој напис
|
ТРИБИНА “НОВИ НАЧИНИ НА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА РАК НА ДОЈКА”
|
На 31 Октомври 2019 година беше оддржана трибината “Нови
начини на дијагностицирање на рак на дојка”. Трибината беше водена
од Др. Надица Стојковска и беше реализирана во рамки на здраствената
програма на ОЖО Свети Николе, како проектна активност од проектот “Заедно
да го победиме ракот” финансиран од ЕЛС Свети Николе. На трибината
се презентираа податоците од СЗО на светско ниво, фактори и ризици од
заболување како и методите на лекување во постоперативниот период, се
водеше дискусија за начини базирани на докази на медицината.
Повеќе за овој напис
|
Изборно Собрание на Организација на жените на општина Свети Николе |
На ден 13. 08.2019 година со почеток во 19 часот во
салата на општина Свети Николе се одржа Изборното Собрание на
Организација на жените на општина Свети Николе. На Собранието
присуствуваа вкупно 32 лица, членови на Собрание, Управен и Надзорен
одбор, членови и поддржувачи на здружението. Изборното Собрание го
отвори и со седницата претседаваше Даниела Панева,
актуелна претседателка на Здружението, на која и беше укажана доверба и
даден втор мандат да го претставува и застапува здружението, кое
континуирано постои и активно работи 29 години.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
HERO - Human rights education opportunity |
Во периодот од 03.08 до 10.08.2019 во Карловац,
Хрватска се одржа HERO тренингот, како дел од Еразмус + програмата кој
беше спроведен од страна на Carpe Diem. На тренингот, учество зедоа по
двајца претставници од 15 држави (Бугарија, Кипар, Хрватска, Италија,
Косово, Унгарија, Македонија, Полска, Португалија, Романија, Словенија,
Србија, Шпанија, Шведска и Украина). Од Организација на жените на
општина Свети Николе, како партнер организација во проектот,
претставници на тренингот беа Александар Богатинов и Елена Трајкова.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Јавен повик за реализирање на локални акции |
Организација
на жените на Општина Свети Николе во рамките на иницијативата „Мрдни
со Прст“ го објавува овој јавен повик за поддршка и спроведување на
локални акции во Општина Свети Николе. Сите предложени акции треба да
бидат насочени кон активности кои се фокусираат на решавање локални
проблеми кои засегаат поголем број граѓани и групи. Акциите кои ќе бидат
поддржани треба да се однесуваат на подобрување на животната средина,
самоорганизирање и самозастапување пред локалните институции,
креативност и проактивност, едукативни и хуманитарни кампањи,
изготвување на акции за подобрување на животот во општината, како и
други потреби кои граѓаните сметаат дека со нивно активно вклучување и
граѓански ангажман ќе можат да донесат промени во животот на нивните
сограѓани. Јавниот повик е активен во периодот од 01/02/2018 до
28/02/2018 година, а сите заинтересирани за начинот на аплицирање
може да дознаат на следниот линк
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ВОДЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНО
ПРЕТПРИЈАТИЕ „ВИКТОРИ ДЕКОРАЦИИ“ ВО РАМКИТЕ НА ОЖОСВН |
Здружението Организација на жените на општина Свети
Николе објавува ОГЛАС за едногодишен ангажман на 1 (едно) лице
Планер Координатор/ка за Социјално претпријатие „Виктори Декорации“.
Социјалното претпријатие „Виктори Декорации“ е производ на проектот и
проектните активности од Smart Start–„Оддржливо влијание на граѓанските
организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и
Турција, преку социјално претприемништво и социјални иновации“, кој во
земјава се спроведува од Центарот за истражување и креирање политики
(ЦИКП), а е поддржан од Европска Унија со 90% од финансирањето и градот
Скопје
Вид на ангажман: Планер Координатор/ка е лице за развој на
социјалното претпријатие Виктори декорации, изработка на декорации за
детски родендени и прослави со изработени ракотворби од различни
материјали, како и организирање на детски родендени и други детски
прослави.
Цел на ангажманот:
Ангажманот на Планер координатор/ка има за цел успешно, професионално,
квалитетно и одговорно координирање и промовирање на социјалното
претпријатие „Виктори декорации“.
Заинтересираните кандидати/ки потребно е да испратат мотивациско писмо,
кратка биографија и препорака од невладина организација или фотографии
од креативни изработки за пријава на огласот најдоцна до 18-ти
јануари 2018 година, на е-маил womsvetinikole@yahoo.com со
назнака „Пријава за оглас-Планер координатор“ или дирекно во
канцеларијата на ОЖОСВН која се наоѓа на ул.Ленинова 1-1/4, 2220 Свети
Николе, во затворен плик со назнака „Пријава за оглас-Планер
координатор“.
Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју веднаш наредниот
ден односно на 19-ти Јануари 2018 година, а избраниот кандидат/ка ќе
започне веднаш со пробен три месечен ангажман.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Заедно да го победиме ракот и придонесеме за поквалитетен живот на групата
за самопомош"
|
Во период од Јануари до Декември 2017 година,
Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектот
„Заедно да го победиме ракот и придонесеме за поквалитетен живот на
групата за самопомош" финансиски поддржан од Локалната самоуправа на
општина Свети Николе.Цел на проектот беше зајакнување на
самодовербата на жените од групата за самопомош за полесно надминување
на последиците од болеста преку давање на соодветна стручна
психосоцијална помош и поддршка и креативна исполнетост.Во текот на 2017
година, за поминати 11 месеци во рамките на проектот, се реализирани 18
работилници за групата за самопомош (жени заболени и лекувани од малигни
заболувања) фасцилитирани од доктор, психолог и едукатор по животни
вештини.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ТРЕНИНГ КУРС „Young people not in education, employment or training",
Черномељ, Словенија |
Зафирова-Стоиловска Маринела и Атанасов Александар,
претставници од СОУ "Кочо Рацин" Свети Николе, во соработка со
Организација на жените на општина Свети Николе во партнерство сo Советот
за превенција на малолетничката деликвенција од Кавадарци, заедно со 25
преставници од Бугарија, Италија, Франција, Кипар, Македонија, Шпанија,
Полска, Белгија, Чешка, Малта, Романија, Хрватска и Словенија од
06.11.2017-12.11.2017 учествуваа на тренинг курс во организација на
Младински центар БИТ од Черномељ, Словенија. Тренинг курсот овозможи
учесниците да се запознаат со програмата Erazmus+ и да стекнат вештини
за пристапување и вклучување на младите во процесот на едукација,
вработување и друг вид на обуки претставено преку „NEET people".
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
МОЈАТА ПРВА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА |
Во Чрномељ, Словенија од 9 до 16 октомври 2017
година, во организација на Младинскиот центар БИТ се одржа младинска
размена во програмата Erazmus+ на која учествуваа младинци од Словенија,
Македонија, Шпанија, Португалија, Хрватска и Полска. Волонтер на
Организација на жените на општина Свети Николе заедно со млади од
организацијата СППМД од Кавадарци учествуваа на оваа младинска размена
во Словенија. Самиот наслов на размената „Урбана куќа“ кажува дека се
работи за подигнување на урбанизација во руралните средини, па преку
идеи и креативни работилници за рециклирање стари работи, искористување
неискористени простори на тренингот се формираше урбана тераса, која
преку идеите на учесниците на размената, преку нивно разработување во
групи, тимскот дух, доби нов модерен изглед.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Паркинзи за велосипеди и промоција на велосипедизмот |
Со цел да се подигне свеста за водење здрав живот и
употреба на велосипеди, како и да има каде да се парќираат велосипедите,
ОЖОСВН во рамките на иницијативата „Мрдни со прст" во Свети Николе
постави 5 паркинзи за велосипеди. Овие паркинзи се поставени во
централното градско подрачје, односно два на влезот од градскиот пазар,
еден во градскиот парк и два кај спортската сала „Цар Самоил". На 5ти
Октомври, 15тина деца, членови на сообраќајната секција при ООУ „Гоце
Делчев“ од Свети Николе направија дефиле со своите велосипеди и ги
промовираа паркинзите за велосипеди. За време на дефилето на случајните
минувачи им беа поделни информативни флаери кои содржеа факти за
придобивките од често користење на велосипед и водење грижа за здрав
живот.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Подигање на свеста за грижа за животната средина |
Во рамките на кампањата „Мрдни со Прст“ десетина
волонтери на ОЖОСВН делеа информативни флаери за подигање на свеста за
грижа за животната средина, како и промотивни материјали за промоција на
иницијативата „Мрдни со прст“ во Свети Николе. Со оваа активност
допревме до повеќе од петстотини граѓани кои добија торбички, пенкала и
информативни флаери. Во рамките на кампањата за децата и младите се
организираше и награден литературен и ликовен конкурс, а се со цел уште
од мала возраст да се работи на подигање на свеста кај младите за грижа
за животната средина и сами да иницираат акции и активности за
надминување на проблемите со кои се соочуваат во секојдневието.
Конкурсот беше наменет за деца на возраст од 10 до 14 години и млади на
возраст од 15 до 20 години. На наградниот конкурс со свои дела
учествуваа вкупно 47 деца и млади, а истите ги оценуваа две посебни пет
члени комисии, составени од наставници и професори по македонски јазик и
ликовна уметност, претставници од ОЖОСВН, ИО „Гоце Делчев" и ДПД.
Наградите се состоеа од училишни ранци, материјали и прибор,
енциклопедии и др. во вредност од 3000, 2000 и 1000 денари за првите,
вторите и третите места. Добитници на награди од литературниот и
ликовниот конкурс на тема „ЈАС НЕ ЈА ЗАГАДУВАМ ПРИРОДАТА И СЕ ГРИЖАМ
ЗА СВОЈОТ ГРАД" се:
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Виктори декорации – прво социјално претпријатие во Свети Николе |
На 22 јуни 2017година беа промовирани и наградени со
грант за развој првите 10 социјални претприемачи во Македонија во рамки
на проектот Smart Start - „Оддржливо влијание на граѓанските организации
од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку
социјално претприемништво и социјални иновации“, кој во земјава се
спроведува од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), а е
поддржан од Европска Унија со 90% од финансирањето и Градот Скопје.
Покрај грантот за отпочнување на социјален бизнис, социјалните
претприемачи се вклучија во менторска програма со корпоративниот сектор
која ќе им обезбеди долгорочна поддршка и развој. Социјалното
претприемништво е новата економска и општествена енергија. Позитивно
движење кое ги интегрира невладиниот, владиниот и корпоративниот сектор.
Идејата за развојот на социјалното претприемништво е поттикната од
повеќе фактори: потребата за инклузија на сите општествени групи –
вклучително и ранливите, позиционирање на бизнисите како носители на
општествени, а не само економски чинители, диверзификацијата и
глобализацијата како незапирливи глобални трендови и секако развојот на
иновациите и технологијата. Развојот на социјалното претприемништво веќе
гради позитивни практики во повеќе европски земји, а од неодамна преку
Смарт Старт хабот на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП)
интензивно се развива и во Македонија.
Во рамките на ОЖОСВН во следниот период ќе започне со работа првото
социјално претпријатие во Свети Николе - „Виктори декорации“ кое ќе нуди
декорации за родендените и прославите на децата, а приходите ќе бидат
наменети за континуирана работа на групата за самопомош на жени заболени
и лекувани од малигни заболувања, давајќи им психосоцијална помош и
поддршка, набавка на медицински помагала, градни протези, перики,
турбани, како и финансиска поддршка за лекови и патни трошоци за
терапии.
„Виктори декорации" Радост за сите!
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Национален форум на грантистите на Цивика Мобилитас |
ОЖОСВН беше дел од Националниот форум на грантистите
кои се дел од Цивика мобилитас програмата насловен како „Граѓаните за
промени-Ден на граѓанските организации“, а се оддржа на 23 септември во
Градскиот парк на „Школка“ во Скопје.
Програмата се состоеше од повеќе од 30-тина настани кои се одвиваа
паралелно, а беа надополнети и со настапи на повеќе музичари, меѓу кои
хор Симбиосис, Шурбе, Џун, Концепт 59, РИБ и Тамара Тодевска.
Официјално, форумот беше отворен во 13 часот од страна на нејзината
екселенција Сибил Сутер Тејада – Амбасадорката на Швајцарија во
Р.Македонија, а потоа се обратија и Питер Тоинес и Александар
Кржаловски, кои се меѓународниот и националниот лидер на тимот на
Цивика.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Реализирани 5 маалски акции и многу размрдани прсти |
Иницијативата Мрдни со прст поттикна реализирање на 5
маалски акции во Свети Николе.Првата маалска акција беше чистење и
разубавување на просторот пред една од зградите на улица Ударничка. На
исчистениот простор соседите поставија бетонска подлога и мермерна маса
со четири клупи и исфарбаа односно декорираа неколку стари автомобиски
гуми со цел дополнително да го разубават просторот. Во оваа маалска
акција се вклучија 20тина соседи, а свој придонес дадоа и вработените од
комуналното претпријатие Комуналец.Втората маалска акција беше уредување
на неискористен простор на улица Рахилка Гонева, пред стамбен простор 29
и 31. Откако се исчисти просторот на 15 квадартни метри се поставија
бекатон плочки и мермерна маса со четири клупи. Фарбање на стари
автомобилски гуми и креирање на разни украсни форми исто така беше дел
од оваа маалска акција. Во оваа акција се вклучија 20тина соседи кои
заеднички учествуваа во целиот процес, а помош имаа и од волонтерите од
Доброволното Противпожарно Друштво. ..
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Еко- акции за чистење и разубавување на излетничките места во Свети Николе |
Со цел подигање на свеста за здрава животна средина
на жителите на општина Свети Николе, во рамките на кампањата „Мрдни со
Прст“ во Свети Николе се реализараа две еко-акции за чистење на
излетничките места горно Ѓуриште, Бареш и Мавровица.Акциите беа
спроведени во соработка со партнерските организации Извиднички одред
„Гоце Делчев“ и Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, како и
со поддршка на Локалната Самоуправа, ЈКП Комуналец, општинските основни
и средни училишта, МИК Свети Николе, како и општата популација. Првата
еко акција која беше чистење на горно Ѓуриште и Бареш се реализираше на
16ти Септември, а во неа зедоа учество 120 граѓани. За време на оваа
акција присутните се забавуваа со DJ MATS. Еко акцијата за чистење на
Мавровица се реализираше на 11ти октомври, а на неа учествуваа 50тина
граѓани.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС |
Тема на
конкурсот:„ЈАС НЕ ЈА ЗАГАДУВАМ ПРИРОДАТА И СЕ ГРИЖАМ ЗА СВОЈОТ ГРАД“
Организација на жените на општина Свети Николе во
рамките на Кампањата Мрдни со Прст објавува награден литературен и
ликовен конкурс.На конкурсот со свои трудови и дела може да се пријават
деца и млади од општина Свети Николе од две
возрасни категории:
За
најдобрите литературни и ликовни творби се предвидуваат 12 награди.
Огласот ќе биде активен во периодот од 01/09/2017
до 22/09/2017 година.
Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат, тоа можат да го сторат со
доставување на своите трудови и дела директно во канцеларијата на
Организација на жените на општина Свети Николе (ул.Ленинова 1-1/4, во
центарот на градот - жолтата зграда над бурекџилница Мартини-Алгомак)
или преку нивните професори и наставници по македонски јазик и ликовно
воспитување во училиштата од кои доаѓаат.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН дел од Мрежата за проценка на влијанието на регулативи
|
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во
соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) во периодот јануари
2017 – декември 2019г. ќе анализираат како се спроведува процесот на
проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и
каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето
на јавните политики во земјата, преку проектот „Проценка на влијанието
на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на
докази“ и е финансиски поддржан од Делагацијата на Европската
Унија.Проектот „ПВР во сенка“, ќе придонесе за унапредување на доброто
владеење преку вмрежување и градење на капацитети на граѓанските
организации за следење и анализа на спроведувањето на ПВР. Целта на
проектот е да се зголеми можноста за активно вклучување на граѓанските
организации во ПВР процесот и во реформите на јавните политики преку
вмрежување, инклузивни консултации и обуки.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Акција за чистење на речното корито на реката Поток |
„Мрдни со Прст" е кампања, платформа на организации и
неформални групи кои на било каков начин придонесуваат за општото добро
во нашето општество. Кампањата има за цел да ги повика граѓаните да
размислат на каков начин самите можат да придонесат кон адресирање или
решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваме.Преку
Организација на жените на општина Свети Николе кампањата „Мрдни со Прст"
стана присутна и во нашиот град. Во периодот од јули до октомври 2017
година, ОЖОСВН заедно со своите партнер организции Доброволно
противпожарно друштво-ДПД и Извиднички Одред „Гоце Делчев" од Свети
Николе, ќе реализираат повеќе од десетина акции на кои очекуваме да
присуствуваат и вклучат многу локални организации, институции и граѓани.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Јавен оглас за маалски акции |
Во
рамките на "Кампањата Мрдни со Прст"- Организација на жените на општина
Свети Николе распишува јавен оглас за најмалку 3 маалски акции. Да ги
размрдаме прстите и да го разубавиме соседството и опкружувањето околку
нас.
Проектот ќе поддржува маалски
акции од типот на:
1. Поставување на урбана
опрема (набавка на клупи, масички, лулашки за деца..)
2. Уредување на маалски
простор (чистење, садење цвеќиња-петунии или љубичици, разубавување на
запуштени делови итн.)
3. Партерно уредување на
маалски простор
4. Набавка на контејнери,
корпи за ѓубре и друга комунална опрема
5. Останати акции и
активности кои придонесуваат за остварување на целите на кампањата.
Огласот ќе биде активен во
периодот од 19/07/2017 до 30/07/2017 година.
Сите заинтересирани кои
сакаат да аплицираат, тоа можат да го сторат лично со потполнување на
апликација директно во канцеларијата на Организација на жените на
општина Свети Николе или пак тоа да го направат online.
На линкот се наоѓа
аликацијата.
https://docs.google.com/forms/d/1NIq2sOY9KffYM2se1QPq0PzEIwITYKOrjbdlSmjhMl4/edit
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Свети Николе мрда со прст! |
Организација
нае жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН) под мотото "Мрдни со Прст,
Ти си на Потег", на 19 Јули со почеток во 19:30 часот на градскиот
плоштад во Свети Николе го промовираше проектот: „Активности за
подигнување на свеста за грижа за животната средина во Свети Николе,,
Проектот ќе
се реализира во временски период од месец Јули до месец Октомври 2017
година со планирaни серија на активности и тоа :
- чистење на
речното корито,
-три еколошки
акции за чистење на м.в.Ѓуриште, Бареш и Мавровица,
-разубавување
на одредени локации во градот,
-поставување
на урбана опрема
-културни
настани со театарска претстава, литературни и ликовни конкурси за деца и
млади и
- реализирање
на маалски акции.
Промотивниот
настан беше организиран во партнерство со Доброволното противпожарно
друштво (ДПД) од Свети Николе, Извидничкиот одред „Гоце Делчев“ од Свети
Николе , а во соработка со ЕЛС Свети Николе и Јавното комунално
претпријатие (ЈКП-Комуналец) од Свети Николе.
На
промотивниот настан се организираше еко работилница за деца на тема:
„Засади го твоето прво цвеќе и подари го". Работилницата беше водена од
страна на волонтерката од Мировниот корпус од ОЖОСВН и на истата ,
најмалите посетители засадија 50 цвеќиња и ги поделија на посетителите
на овој настан. Волонтерите и волонтерките од Организацијата на сите
посетители на промотивниот настан им поделија едукативни-информативни
флаери, торбички и пенкала со логото на камањата.
Интересот за
работилницата беше толку голем, исто како и посетеноста на настанот.
Промоцијата беше збогатена со културно забавна програма на музичкиот
бенд STREET TALE од Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
"Youth-led Activism / Changemakers", младинска размена |
Во соработка со СППМД од Кавадарци, четири волонтери
и волонтерки од Организација на жените на општина Свети Николе од 25
јуни до 1 јули земаа учество на размената "Youth-led
Activism/Changemakers" која ја реализира организацијата ТОКА од
Приштина. На младинска размена во Приштина учествуваа 20 млади од
Македонија, Шведска и Косово. Младите имаа работилници на различни теми
како: загадување, дискриминација, човечки права и др. Младинскиот камп
беше посетен од страна на неговата екселенција г-нот Хенрик Нилсон,
Амбасадорот на Шведска во Косово. Амбасадорот заедно со учесниците на
размената сподели свое лично искуство од неговиот граѓански ангажман и
им порача да бидат толерантни еден кон друг и дека само така ќе може да
ги надминат бариерите. Организацијата домаќин во склоп на своите
проектни активности организира и посета на повеќе културно историски
споменици во Приштина и околината.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Практикантство во Граѓански сектор |
Организација на жените на општина Свети Николе во
соработка со Агенцијата за вработување на Р.Македонија, подрачна единица
Центар за вработување – Свети Николе беше дел од имплементацијата на ИПА
проектот ,,Поддршка за вработување на млади, долгорочно невработени и
жени", финансиски поддржан од Европска Унија преку Оперативна програма
за развој на човечки ресурси, компонента А. Практикантството како
поддршка за вработување на млади лица до 29 години, во кој учествуваше
ОЖОСВН, има за цел подобрување на перспективите за вработување на млади
лица, притоа одразувајќи ги моменталните потреби на пазарот на труд,
како и младите невработени лица до 29 години да се здобијат со прво
работно искуство согласно нивното образование.Во периодот Април-Јуни
2017 година како практикантка во Организацијата беше вклучена Сања
Малиновска од Свети Николе, која беше ангажирана како асистентка на ИТ
администраторот
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Волонтерите на ОЖОСВН се дел од Европскиот Волонтерски Сервис-ЕВС
|
Во соработка со Советот за превенција против
малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, Иво Митрушев и Сања
Ваневска почнувајќи од јуни 2016 година до февруари 2017 година беа дел
од EVS проектот „Be the part of BIT“ кој е активност во Ерзмус+,
Европскиот волонтерски сервис, а се реализираше во Черномељ,
Р.Словенија. Волонтерите кои беа вклучени како ЕVS зедоа активно учество
во организирање на настани, хуманитарни концерти, фолклорни фестивали,
детски фестивали, земаа учество на младински размени на различни теми,
како: радикализам, спорт, историја итн. но и волонтираа во дом за стари
лица и работа со деца во дом за лица со посебни потреби. Одличната
соработка со Советот за превенција против малолетничка деликвенција,
СППМД од Кавадарци донесе уште 2 ЕВС договори за наши членки. Емина
Токовиќ и Мартина Богдановска волонтерки од ОЖОСВН зедоа учество во EVS
програмата во проектот „Where Passion Ignites Inspiration" финансиски
подржан од програмата Еразмус + на Советот на Европа во реализација на
Bo drum Dance Club Association.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Локална стратегија за социјална инклузија на жени и млади во општина Свети
Николе |
Во периодот од ноември 2016 до април 2017 година,
Организација на жените на општина Свети Николе заедно со 35 претставници
на различни локални чинители од Свети Николе (одделенијата на Локалната
самоуправа, членови на општинските совети, претставници на владини
институции, Центарот за социјална работа, образовни и академски
институции, невладини организации, претставници на бизнис секторот,
претставници на политички партии и др. субјекти) кои се дел од ЛАПСИ на
општина Свети Николе, работеа на детектирање на проблеми кои ги засегаат
младите и жените во општина Свети Николе и изнаоѓање решенија за нивно
надминување. Резултат на работата на ЛАПСИ после три оддржани
работилници во периодот декември 2016г. до март 2017 година изработена е
тригодишна Локална стратегија за социјална инклузија на жените и младите
во општина Свети Николе за периодот 2017-2020 и изработен годишен
акционен план.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Младите од Свети Николе дел од Национална кампања „Информирај се сега" |
Кампањата „Информирај се СЕГА!" ја спроведуваат
Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО
СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт.
Кампањата се реализира во периодот од 01
септември 2016 до 31 мај 2017 година, а ОЖОСВН е локален партнер
и реализира активности од кампањата на локално ниво.
Националната кампања „Информирај се СЕГА!" се реализира во континуитет
втора година и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да
дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, како и да
бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното
информатичко општество, а преку активности за подигање на свест кај
младите луѓе за важноста на е-информирањето, креирање и промовирање на
мобилна Апликација за младинско информирање и формирање на мрежа за
младинско информирање на национално ниво.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Подигање на свеста во борбата против Трговија со луѓе |
Организација на жените на општина Свети Николе во
периодот март-мај 2017 година како партнер на Здружението за акција
против насилство и трговија со луѓе, Ла Страда - Отворена порта од
Скопје се вклучи во активности за промовирање, поддршка и спроведување
на активности поврзани со поттикнување на борбата против трговија со
луѓе. ОЖОСВН беше локален партнер и за таа цел во општина Свети Николе
беа реализирани различни активности за активирање на младите
светиниколчани во борбата против Трговија со луѓе. За таа цел се
контактираше и се остварија средби со средните училишта и Славјанскиот
универзитет од Свети Николе каде беше презентиран повикот за изработка
на награден мултимедијален проект, мултимедијален производ на тема „Трговија
со луѓе“ .
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН тековно ги зајакнува капацитетите на своите членови и подржувачи
|
Во соработка со партнерски организации од Р.Македонија и европските
земји, како и со институции, организации, фондации, волонтери,
волонтерки и поддржувачи на ОЖОСВН, во изминатиот период беа вклучени во
низа активности, работилници, конференции, тренинзи, активности како во
програмата на Ерзмус+ и Европскиот волонтерски сервис, така и во други
програми, партнерства и проекти.Во соработка со Советот за превенција
против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, Тодорче Мишев зеде
учество на трениг курс на тема „Empower Zone Ahead“ кој се одржа од 17
до 24 Мај 2017 во организација на Qendra Mesdheu (Mediterranean
University of Albania), во Драч Албанија. На тренингот учествуваа 38
млади од 12 европски држави. Целта на тренингот беше да се зајакнат
капацитетите на учесниците преку неформално образование, се со цел да
научат вештини за развивање на младите во општеството и преку овие
вештини да се зголеми вработеноста на млади луѓе во нивните заедници.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Продолжен институционалниот грант за уште една година |
Организација
на жените на општина Свети Николе од 1 април 2017 година до 31 март 2018
година останува институционален грантист од првата генерација на
добитници на Институционален грант за развој на својот капацитет како
граѓанска организација од „Цивика Мобилитас“ програмата за поддршка на
граѓанското општество, а во рамки на Швајцарската агенција за развој и
соработка. Со тоа ОЖОСВН добива можност во следната година да ги
унапреди своите институционални капацитети, знаења и вештини на своите
членови во повеќе области кои се важни за нејзиното функционирање како
современа граѓанска организација која ги следи во чекор поголемите,
признати и препознаени организации, но и потребите, проблемите, идеите
на своите конституенти.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН дел од Смарт Старт- развој на социјалното
претприемништво во Македонија |
Смарт Старт е регионален проект, финансиран од ЕУ –
Програма за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2014 – 2015
(поддршка за тематските регионални мрежи на организации на граѓанското
општество). Овој проект се спроведува во земјите-кориснички на ИПА, во
земјите од Западен Балкан и Турција, преку проектниот конзорциум: Центар
за промоција на граѓанското општество – ЦПГО (Босна и Херцеговина),
Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП (Македонија),
Институтот за претприемништво и економски развој – ИПЕР (Црна Гора),
Центар за развој на непрофитниот сектор (Србија) и YADA-фондацијата
(Турција), со поддршка на КЕСИР ХР оd Хрватска.Општата цел на проектот е
да се помогне во креирање на соодветна средина за социјално
претприемништво на организациите од граѓанското општество (ГО) и да се
подобри нивната одржливост, финансиска одржливост и социјално влијание
во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Младинска размена во Троген |
Во соработка со Советот за превенција против
малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, Ангела Јанева, Мартин
Николов, Драгана Монева, ученици од Гимазијата „Кочо Рацин“ Свети
Николе, а воедно и волонтери во ОЖОСВН од 10ти до 24ти јануари
2017година зедоа учество на двенеделната младинска размена во
организација на фондацијата Песталоци во Троген, Швајцарија, заедно со
40 ученици од разни градови од Р.Македонија и 40 ученици од цела Босна и
Херцеговина. На размената учениците дискутираа, истражуваа и ги
зголемија знаењата за темите: анти-дискриминација, миграција и
разрешување конфликти. По враќањето од Троген на 9ти февруари учесниците
на размената, во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Свети Николе организираа
работилница на тема Дискриминација, и на истата учество земаа 20 ученици
на возраст од 15 до 17години.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Кампања 31 ден - 31 жена, март – месецот на жената
„Жените од Свети
Николе низ историјата" |
Организација
на жените на општина Свети Николе по
втор пат оваа година ја реализира локалната кампања „31 ден – 31 жена,
март –месецот на жената". Оваа година со кампањата беа опфатени жени од
општина Свети Николе, првенки во своите професии и трасирање на патот за
интегрирање и вклучување на жените во
различни полиња од општествениот живот.
Самата идеја беше поттикната и спроведена од страна на Рахела Симеонова
Манева која повеќе од два месеци истражуваше и прибираше информации,
податоци, фотографии за жените првенки, а се реализираше заедно со помош
и подршка на тимот во ОЖОСВН ангажиран за реализација на
институционалниот гранд од Цивика Мобилитас Програмата.
Кампањата
се одвиваше преку социјалните мрежи, односно Facebook страната
на ОЖОСВН, каде 31 ден секојдневно се
објавуваше по една жена првенка, со фотографија и нејзина биографија,
односно информации прибрани од самите жени или блиски нивни роднини и
пријатели. Кампањата наиде на многу
позитивни коментари и критики од страна на целото локално население, па
тоа беше и причина плус за да се организира изложба со фотографиите и
биографиите на сите 31 жена. Изложбата беше организирана во соработка со
Народен Музеј Свети Николе, а беше отворена на 12 април 2017 година, на
тема „Жените од Свети Николе низ историјата", истата беше посветена на
жената активистка и борец за женски права, покојната прва претседателка
на ОЖОСВН, г-ѓа Вера Златева и секако, на триесет и една светиколчанка,
првенки, кои зад себе оставиле значајни достигнувања во разни области.
Со пригодна програма посветена на жените и говори на претседателката на
ОЖОСВН - Даниела Панева и директорот на Н.Музеј – Александар Арсов, како
и на Рахела С.М. и дел од присутните жени првенки, беше отворена првата
изложба од ваков тип во општина Свети Николе, а Народниот Музеј беше
премал за да ги собере сите заинтересирани посетители
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Традиционално – Велигденски штанд на ОЖОСВН |
Втора година по ред,
по иницијатива на младите членки и членови од Организацијата, кои заедно
со членките на групата за самопомош реализираа
неколку креативни работилници за изработка
на Велигденски украси. Материјалите
за изработките беа набавени со финансиска поддршка од институционалниот
грант од Цивика Мобилитас Програмата и ЛС Свети Николе. На работилниците
се изработија над 250 големи и мали корпи за јајца, од различни
материјали и истите беа изложени и
продавани на 13 април - Велики
четврток во центарот на градот, пред канцеларијата на ОЖОСВН и малкуте
изработки кои останаа од првиот ден беа дополнети со други изработки од
групата за самопомош и продавани на 14 април – Велики Петок, пред
црквата Св.Никола.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Реализиран партнерскиот проект „Унапредување на социјалната вклученост
преку ефективно искористување на ЕУ фондовите" |
Проектот „Унапредување на социјалната вклученост
преку ефективно искористување на ЕУ фондовите" се реализираше во
периодот декември 2015 се до април 2017 година, а беше воден од
Институтот за демократија „Социетас цивилис" од Скопје (ИДСЦС) во
партнерство со ОЖОСВН и АДИ од Гостивар. Проектот беше финансиски
поддржан од Европската комисија.Проектот имаше за цел да се зајакнат
капацитетите на Заводот за социјални дејности, Центрите за социјална
работа низ Р.Македонија и граѓанските организации кои работат на полето
на социјалната заштита во развивање на Програми за социјална вклученост
преку ефикасно користење на фондовите кои ги нуди Европска унија за
претпристапните земји.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Континуитет на Групата за самопомош со финансиска поддршка на Локална
самоуправа Свети Николе |
Локална
самоуправа Свети Николе со средства од буџетот на општина Свети Николе,
наменети за здруженија на граѓани и оваа година, финансиски ги поддржа
проектните активности на ОЖОСВН наменети за групата за самопомош на жени
заболени и лекувани од малигни заболувања од општина Свети Николе.Целта
на проектните активности е зајакнување на самодовербата на жените од
групата за самопомош и полесно надминување на траумите и последиците од
болеста со која што се соочиле,
преку давање стручна психосоцијална
и здравствена помош и креативно исполнување
на слободното време.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН на Хуманитарен Новогодишен Базар во МСУ „Г.Р.Державин“-Свети
Николе |
Волонтерите од Организација на жените на општина
Свети Николе во месец декември 2016 година, реализираа креативни
работилници за изработка на Новогодишни и Божиќни украси. Креативните
изработки беа изложени и се продаваа за хуманитарни цели на Божиќниот
Базар кој беше дел од Божиќниот фестивал во
организација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“
реализиран во периодот од 27 до 29 декември 2016 година.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Изработена стратегијата за локален економски развој на општина Свети
Николе |
Во периодот Јули – Ноември 2016 година Организација
на жените на општина Свети Николе го реализираше проектот „Изработка
на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе"
кој финансиски беше поддржан од Влада на Р.Македонија -Генерален
секретаријат.
Целта на проектот
беше изработка на стратегија за локален економски развој на општина
Свети Николе која преку вклучување на сите чинители треба да придонесе
за остварување на визијата на општината, остварување на стратешките
цели, кои пак претставуваат мерки за идентификување и решавање на
најгорливите проблеми со кои се соочува Општина Свети Николе.
Со реализирањето на предвидените проектни активности и
постигнатите резултати од истите се остварија поставените цели на
проектот, се осознаа потребите на граѓаните и преку
реалзирањето на стратегијата ќе се обезбеди конкурентност и ќе се
подобрат економските резултати во сите сегменти на стопанството,
отворање на нови фирми и производни капацитети, намалување на
невработеноста, подигнување на животниот стандард, но и инфраструктура
адаптирана на потребите на
сите граѓани на општина Свети
Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
DEB for OWMSVN |
Sveti Nikole! So I have been here a little
over two weeks. I could write thousands of words about the whole
experience here so far but I’ll split things up in to categories for
different posts. First I’ll introduce where I work! The English name is
the Organization of women of
Municipality of Sveti Nikole. Here is that name in Macedonian,
Организација на жените на општина Свети Николе.
I’m their third PCV, but they haven’t had one continuously. I hear the
organization existed even before Macedonia gained independence from
Yugoslavia. There are similar organizations in other cities throughout
Macedonia.
Right now, our office is an old third floor apartment in the city center.
We have an awesome balcony where we take selfies and shout out to our
various friends. We are a pretty social place, and often have people
come drink coffee with us. We are all in the same room right now because
it’s winter and warmer all together.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН партнер во „Македонска активна платформа за социјална инклузија“–МАПСИ |
„Македонска активна платформа
за социјална инклузија“ е проект финансиран од
ИПА компонентата за развој на човечки ресурси, во реализација на
Охрид Институт за економски стратегии и меѓународни
односи–Скопје, партнерската организација Македонско женско лоби од
Скопје 18 локални партнерски организации, меѓу кои и Организација на
жените на општина Свети Николе.
Целта на проектот е да се создаде долгорочна платформа МАПСИ–Македонска
активна платформа за социјална инклузија преку чија работа ќе се подобри
статусот на ранливите групи поконкретно на жените и младите на локално
ниво во 18 општини во Р.Македонија. Покрај националната платформа МАПСИ,
ќе се формираат и 18 локални платформи за социјална инклузија-ЛАПСИ во
секоја од општините дел од проектот, кои ќе се развиваат со заедничко
делување на единиците на Локалната самоуправа, општинските совети,
владините институции, невладините организации, бизнис секторот, центрите
за социјална работа, образовни и академски институции и други релевантни
чинители.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Младинска работа и волонтирање против радикализација“ |
Две волонтерки од Организација на жените на
општина Свети Николе, во соработка со СППМД од
Кавадарци учествуваа на тренинг курс кој се реализираше во рамките на
програмата Еразмус+ (финансирана од Европската Комисија). Тренинг курсот
на тема „Младинска работа и волонтирање против радикализација“ се одржа
во периодот од 8 до 15 ноември 2016 во Чрномељ, Р.Словенија и на него
учествуваа 30 млади од Хрватска, Германија, Македонија, Италија, Полска,
Португалија, Словенија, Шпанија, Бугарија, Грција и Велика Британија.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Резолуција на ОН 1325 за жени, мир и сигурност и нејзина примена во
Локалната самоуправа |
Проектот
"Зајакнување на жените и
девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба˝ финасиски поддржан
од Британската амбасада во Скопје е во реализација на Македонско женско
лоби од Скопје во партнерство со 10 невладини организации од 10 општини
од Р.Македонија, меѓу кои и ОЖОСВН. Во склоп на проектот се оддржаа две
обуки за 20 претставници од 10 општини од Р.Македонија. Првата обука
беше на тема
"Јакнење на капацитетите на
претсавниците на локалната самоуправа за имплементација на Резолуција
1325˝. Обуката имаше за цел да ги запознае учесниците со Резолуцијата
1325, Националниот акциски план за истата, како и со институционалните
резултати и предизвици по однос на резолуцијата. Преку обуката
учесниците се запознаа за важноста од применливоста на резолуцијата на
локално ниво и да се сугерираат начини и предлози како наученото да се
аплицира во локалните самоуправи.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН дел од „Чувар(к)и на јавно ќесе“ |
Организација
на жените на општина Свети Николе во периодот октомври-декември беше дел
од проектот „Чувар(к)и на јавно ќесе“, кој пак е дел од проектот
„Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и
Молдавија“ на
UN Women финансиран од
Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за соработка.
Проектот е предводен од Центарот за истражување и креирање политики-ЦИКП
консалтинг од Скопје, а спроведен во соработка со уште 12 невладини
организации кои ја сочинуваат неформалната мрежа – Чувар(к)и на јавно
ќесе. Активностите во однос на селектираните учеснички во проектот
започнаа прво со серија на неколку дневни обуки за зајакнување на
капацитетите на учесници/чки кои понатаму дирекно имаа улога и учество
во реализирањето на предвидените активности за мониторинг и анализа на
локалните политики од аспект на родово одговорен буџет. Со тоа по
завршувањето на обуките беа изработени вкупно 15 студии-родово одговорни
анализи на општинските буџети на Аеродром, Битола, Боговиње, Град
Скопје, Ѓорче Петров, Маврово-Ростуше, Свети Николе, Струмица, Тетово и
Штип, а подготвени од страна на 12 организации кои се дел од
неформалната мрежа „Чувар(к)и на јавно ќесе“.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Зајакнување на капацитетите на претставници од граѓански организации и
Центри за социјална работа |
Во
рамките на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку
ефективно искористување на ЕУ фондовите“ кој е во реализација на
Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје
(ИДСЦС),
Организација на жените на Општина Свети Николе
(ОЖОСВН)
и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, а
финансиски поддржан од
Европската комисија, во текот на ноември месец беа реализирани серија на
обуки.Целта на проектот и
воедно на овие обуки е да се зајакнат капацитетите на Заводот за
социјални дејности, Центрите за социјална работа низ Р.Македонија и
граѓанските организации кои работат на полето на социјалната заштита во
развивање на Програми за социјална вклученост преку ефикасно користење
на фондовите на Европска унија.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Контакт Семинар „Социјалното претприемништво - новата ера на бизнисот" |
Во рамките на програмата Еразмус+ (финансирана од
Европската Комисија) во една од клучните акции постои можноста за
реализирање на контакт семинари, токму таков семинар се оддржа од 17 до
24 Октомври 2016 година во Задар, Хрватска. Целта на овој контакт
семинар беше да се воспостави силна стратешка соработка во областа на
социјалното претприемништво помеѓу партнер-организациите на овој проект
од следните држави: Велика Британија, Македонија , Романија, Турција,
Естонија, Словенија, Шпанија, Полска и на домакинот-Хрватска. Партнер
организација од Македонија беше Организација на жените на општина
Свети Николе, а истата на семинарот беше претставена од тројца
претставници. Организатор на семинарот беше Carpe Diem од
Карловац, здружение за потикнување и развој на креативни и социјални
потенцијали на децата, младите и возрасните.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ФАРЕ НЕДЕЛА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ |
Организација на жените на општина Свети Николе на 18ти
октомври 2016 година по 12ти пат се вклучи во одбележување на Европската
ФАРЕ недела. По тој повод во соработка со основните училишта во општина
Свети Николе се организира турнир во мал фудбал.
На турнирот учествуваа екипи од тритте основни училишта од општина Свети
Николе и тоа од ООУ„Гоце Делчев“, ООУ„Кирил и Методиј“ од Свети Николе и
ООУ„Даме Груев“ од с.Ерџелија. Тимовите беа составени од ученици со
различна национална, верска, полова и социјална припадност. Турнирот се
одржа во спортската сала „Цар Самоил“ во Свети Николе и беше посетен од
околу 100тина посетители. Турнирот
за отворен го прогласи директорот на ООУ „Гоце Делчев“, а најдобрите
и најуспешни учесници, Г-нот Гордан
Здравков, македонската фудбалска легенда од Свети Николе им доделени
дипломи и признанија. Победник на турнирот беше екипата од ООУ„Гоце
Делчев“ од Свети Николе, второ место екипата од ООУ „Даме Груев“
с.Ерџелија и третто место екипата од ООУ„Кирил и Методиј“ од Свети
Николе. На претставниците од училиштата и фудбалскиот клуб „Овче Поле“,
ОЖОСВН им додели благодарници за соработка и придонес.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Регионален форум за источниот и југоисточниот регион под мотото
„Вклучени сите, вклученост за сите!" |
На 7ми Октомври 2016 година, во организација
на ЦИВИКА МОБИЛИТАС се одржа Регионален форум за источниот и
југоисточниот регион под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“.
Учесниците на форумот ги поздрави Питер Тоинес – национален тим лидер на
ЦИВИКА МОБИЛИТАС Програмата со пораката „Ништо за нас, без нас“. Форумот
се одржа во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип.
Носечката тема на форумот беше социјалната
инклузија, односно потребната соработка за социјална инклузија, за која
учесниците на форумот разменија мислења, идеи, искуства и се предложија
предлози за понатамошни заеднички акции на грантистите. Свои излагања на
форумот имаа организации грантисти на Цивика: Планетум од Струмица, Кхам
од Делчево, Избор од Струмица, Асоцијацијата за истражување,
комуникација и развој Паблик од Скопје, кои споделија свои искуства на
полето на социјалната инклузија и социјалното претприемништво.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ХУМАНОСТА НА ДЕЛО |
Организација на жените на општина Свети Николе заедно со
ООЦрвен Крст од Свети Николе, Локална самоуправа и други институции и
организации од општина Свети Николе од првиот момент кога пристигна
веста за невремето во Скопскиот регион ја покажаа својата хуманост на
дело со волонтерски ангажман, со скромни донациии на вода, алишта и
донирање на финансиски средства. Волонтерите и волонтерките на
Организацијата секојдневно дежураа на пунктот поставен во центарот на
градот на кој граѓаните и фирмите од Општина Свети Николе донираа вода,
хигиенски средства, храна и финансиски средства. Грижата и добрата воља
да се помогне во вакви моменти на настраданите семејства во поплавените
подрачја ја покажа хуманата страна на членките и членовите во
Организација на жените на општина Свети Николе. Во три дневната акција
беа собрани и испратени 2 тони вода, 2 тони конзервирана храна, 500
килограми облека и над 100 килограми средства за дезинфекција, како и
други средства за хигиена.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Младинска размена против дискриминација |
Во период од 01.08-12.08.2016 во Париз-Франција, се оддржа младинска
размена на тема Youth Exchange about discrimination. Проектот го
реализира l’Auberge de Jeunesse Yves-Robert од Париз-Франција, а
партнери се Le foyer des jeunes de Marolles - Белгија, Црвено дрво -
Србија и Организација на жените на општина Свети Николе-Македонија. Од
секоја организација учествуваа по 6 претставници на возраст до 25 години
и по еден младински лидер. Фокусот на размената беше Дискриминацијата, а
на работилниците беа опфатени теми за типови на дискриминација, ниво на
застапеноста во секоја од земјите учеснички, иновативни алатки за
подигање на свеста против секаква форма на дискриминација итн. Во
работниот дел од размената се реализираше и посета на претставништвото
на европскиот парламент во Париз. На посетата учесниците одблизу се
запознаа со инстуциите на Европската Унија и се дискутираше за
предизвиците со кои се соочува Европската Унија. Проектот имаше за цел
да им овозможи на група млади луѓе да научат како да се соочат со
дискриминацијата и да ја развијат способноста да одговорат на овие
ситуации.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Регионален форум од Цивика мобилитас програмата „Миграциите-вистина и
предизвик“ |
Организација на жените на општина Свети Николе како
институционален грантист од Цивика Мобилитас Програмата беше
ко-организатор и логистичка поддршка при реализацијата на десетиот од
програмата и вториот за оваа година, Регионален форум наменет за
претставници од вардарски и североисточен плански регион на Македонија.
Целодневниот
Форум се оддржа на 14 јули 2016 година во градската библиотека „Гоце
Делчев“ при Домот на културата „Крсте П.Мисирков“
во Свети Николе, а на истиот учествуваа седумдесетина претставници на
граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани луѓе од
двата региони. Главниот
фокус на форумот беа миграциите односно различните типови на внатрешни и
надворешни миграции, обемот кој се повеќе го зафаќаат и што да направиме
и како може да влијаеме на спречување и намалување на миграциите во
Вардарскиот и Североисточниот плански регион на Македонија.
Форумот беше поделен во
три работни дела, односно панел дискусија, работилница и меѓусебно
запознавање, вмрежување и неформално дружење на учесниците.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Изработка
на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе |
Во периодот Јули – Ноември 2016 година Организација
на жените на општина Свети Николе го реализира проектот „Изработка
на стратегија за локален
економски развој на општина Свети Николе" кој финансиски е поддржан
од Влада на Р.Македонија
-Генерален секретаријат.
Целта на проектот
е изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети
Николе која преку вклучување на сите чинители треба да придонесе за
остварување на визијата на општината, остварување на стратешките цели,
кои пак претставуваат мерки за идентификување и решавање на најгорливите
проблеми со кои се соочува Општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Модели за родово учество во јавните политики на локално ниво |
Организација
на жените на општина Свети Николе, како партнер организација на Центар
за истражување и креирање политики од Скопје беше дел од проектот
„Модели за родово учество во јавните политики на локално ниво"
финансиски поддржан од UNWOMEN. Проектот
има за цел да изврши проценка на партиципативните процеси на локално
ниво и да ги идентификува потенцијалните можности за зголемување на
учеството на жените во локалното планирање, донесување одлуки,
буџетирање и унапредување на родовата еднаквост. Сето ова би се
постигнало со развивање на модели на интернет алатки за јавни
консултации со граѓаните со посебен фокус на вклучување на жените и
останатите маргинализирани групи во консултативните процеси и процесите
на креирање политики и донесување на одлуки на локално ниво.
Во рамките на проектот во Свети
Николе прво беше спроведена анкета на 30 лица од општина Свети Николе
(20 жени и 10 мажи) во категорија вработени и невработени пасивни и
активни баратели на работа. По завршеното анкетирање се реализираа и 2
одделни фокус групи со 10 жени и 6 мажи од анкетираните.
|
на почеток= |
Младите со креативни изработки помагаат за континуирана работа на
групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. |
Во месец Април беа
реализирани неколку креативни работилници за изработка на Велигденски
украси кои беа изложени и продавани со цел да се соберат средства за
поддршка на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни
заболувања која повеќе од 10 години функционира во рамките на
Здравствената програма на Организацијата. Креативните изработки се
изработија на иницијатива на младите членки/нови во Организација на
жените на општина Свети Николе. Реализацијата на оваа младинска
иницијатива, прва од ваков вид, беше успешна и добро прифатена од
граѓаните на Свети Николе. Целта на оваа иницијатива беше да се испита
пулсот на светиниколчани за донирање и поддршка на вакви активности, а
со цел да се формира фонд за поддршка на жените заболени и лекувани од
малигни заболувања.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Дружење на постарите и помладите членовите од Организацијата |
Во организација на
Извршната канцеларија на Организацијата се организираше еднодневно
дружење на активните членови на организацијата. Еднодневната
екскурзија се реализираше на 24 април и на
истата учествуваа 20 членови и членки од Организацијата. Тие имаа
можност да ги посетат манастирите Успение на Пресвета Богородица во
Трескавец и Св. Преображение во Зрзе, како
и посета на Тиквешко езеро и Кавадарци.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Зголеми
ги своите вредности-Едуцирај
се II“-втора обука |
Во
периодот од 15 до 17 Април 2016 година се
реализира втората обука од проектот „Зголеми ги своите
вредности-Едуцирај се II“. Обуката се оддржа во Еуро Хотел Градче -
Кочани каде учество зедоа 20 млади невработени лица од Р.Македонија на
возраст од 18-35 години. Обуката
беше во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, а
проектот финансиски е поддржан од Генерален секретаријат при Влада на Р.
Македонија. Со обуката беа опфатени
8 едукативни
работилници со следниве теми: Основи за изработка на бизнис план
(4 работилници), изработка на кратка биографија,
пишување на мотивационо писмо, интервју за работа, интернет
пребарување за можности за вработување и on-line
аплицирање.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Сите заедно можеме да го победиме ракот |
Во периодот Септември –
Декември 2015 година Организација на
жените на општина Свети Николе го
реализираше проектот „Сите заедно
можеме да го победиме ракот"
финансиски поддржан од Локалната
Самоуправа на општина Свети Николе.
Целта на проектот беше
зајакнување на самодовербата за полесно надминување на последиците од
болеста кај жените заболени и лекувани од малигни заболувања преку
давање на соодветна стручна психосоцијална поддршка и креативно
исполнети жени.
Во рамките на проектот беа реализирани 9
работилници за групата за самопомош (жени заболени и лекувани од малигни
заболувања), од кои 6 беа едукативни работилници , а 3
работилници креативни. Работилниците
беа водени од доктор Гордана Митева,
психолог- Емина Петкова и Елена Златева
едукатор по креативни вештини. На
едукативните работилници беа разработувани најразлични теми „Правилна
и здрава исхрана“, „Зошто и каде
здравјето се губи, што нив лично ги смирува и што ги прави да се
чувствуват мирно, смирено и радосно", „Психичко
и физичко здравје“ ,„Психологија на простување“.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ-25 ГОДИНИ АКТИВИЗАМ |
Организација на жените на општина Свети Николе на 25
Декември 2015 година одбележа 25
години работа
во женското движење за подобрување на општата состојба на
граѓаните, за
подобрување на условите за соодветна здравствена заштита
на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во
општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на
човековите права. Во организацијата
членуваат повеќе
од 500 членови
и
членки од општината и пошироко
од кои околу
30 се
активни
волонтери
и волонтерки
и се вклучени во
реализација на тековни активности и проекти.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ВО КАМПАЊАТА 16 ДЕНА
АКТИВИЗАМ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО
|
Годинава во
над 180
земји во светот по 24ти пат
се реализираа разни активности како подршка на
кампањата 16 дена активизам против семејното насилство со
една цел да се поврзат симболично
насилството врз жената и човековите права и да
се нагласи дека таквото
насилство е кршење на човековите права. Кампањата
почнува секоја година на
25-ти Ноември на Меѓународниот ден против
семејното насилство врз жените, а завршува
на 10-ти
Декември на Меѓународниот
ден на човековите права.
Во кампањата се вклучуваат
стотици илјади организации, политичари, влади, агенции на ОН и безброј
личности.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ЧЛЕНКИТЕ ОД ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ВО СТУДИСКА
ПОСЕТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
|
Членки
од Организација на жените на општина Свети Николе од 21-24 Октомври,
2015 година реализираа студиската
посета кај
партнерската организација ЦУРЕ во
Сараево,
Босна и Херцеговина. Студиската
посета финансиски
беше подржана од Екуменска иницијатива на жени од
Омиш-Хрватска. Посетата имаше
за цел
да се разменат
искуства и информации со НВО женски
организации од БИХ
и да се
пренесат добри
практики за
теми поврзани со
женските
човекови права и
семејното насилство.
Преку студиската посета
членките
на организацијата имаа можност да
се запознаат
со работата на
поактивни женски организации
од Сараево,
законите во Босна и Херцеговина кои
се однесуваат
поконкретно
на легислативата за заштита на жените и девојките од семејно насилство,
нивното спроведување во пракса, начинот на соработка со институциите
и начинот на финансирање.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ВОЛОНТЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ФАРЕ ФУДБАЛСКАТА НЕДЕЛА 2015
|
Волонтери и волонтерки од Организација на жените на
општина Свети Николе по 11-ти пат
се вклучија во одбележувањето на најголемата општествена
кампања и акција во спортот „Football People action week",
кампања која ја слави моќта на фудбалот, ги зближува луѓето и се
спротивставува на социјалната исклученост и дискриминацијата. Во
оваа акција се вклучени групи во заедницата, навивачи, професионални и
аматерски клубови, национални ФАС и групи од граѓанското општество од 50
земји организирани во повеќе од 2000 активности за справување со
дискриминацијата и славење на различноста. Од 23-25 Октомври 2015
година во Свилајнац, Р.Србија се организира меѓународен младински турнир
во мал фудбал „Be a pal, play futsal!" на кој учествуваа млади од
Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Македонија ја преставуваа група млади волонтери и волонтерки од
Организацијата на жените на општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СВЕТИ НИКОЛЕ ЈА ПОдДРЖУВА РАБОТАТА НА ГРУПАТА ЗА
САМОПОМОШ НА ЖЕНИ ЗАБОЛЕНИ И ЛЕКУВАНИ ОД МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА |
Локалната самоуправа Свети Николе во 2015 година
додели финансиска поддршка на Организација на жените на општина Свети
Николе од буџетот на општина Свети Николе
наменети за невладини организации.
Средствата се
обезбедени за реализација на проектот „Заедно
сме посилни во борба
против ракот“ кој е наменет за работилници со
членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни
заболувања и нивно полесно справување со психолошките трауми од болеста.
Во проектните активности се вклучени повеќе од 20 жени од општина Свети
Николе, заболени и лекувани од малигни болести. Проектот се реализира во
периодот Септември - Декември 2015 година.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Кампања за борба против ракот на дојка |
Организацијата на жените на општина Свети
Николе како дел од својата програмска активност, а во рамки на месецот
на борба против ракот на дојка - Oктомври- организираше кампања за
информирање и сензибилизирање на јавноста за опасноста од болеста, за
начинот на превенирање преку вршење на редовни самопрегледи и
мамографски прегледи, за постоперативната терапија и храбро надминување
на последиците од болеста. Како
дел од кампања за борба против ракот на дојка,
на 29ти Октомври 2015година,
претседателката на Организацијата Г-ѓа Даниела Панева, кординаторката на
здравствената програма Г-ѓа Билјана Димова и највозрасната членка во
Организацијата Г-ѓа Виолета Мишева ги посетија ординациите во
Здравствениот дом „Примариус д-р
Ѓорѓи Гаврилски" Свети Николе,
ПЗУ „д-р Гордана Митева“ и ПЗУ
„д-р Панче Јосев"
и дистрибуираа стотина едукативни флаери на матичните доктори и на
присутните лица во здравствениот дом.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Оранизација на жените на општина Свети Николе со нова управна и извршна
структура |
На 29 Јули 2015 година
во салата на Советот на општина Свети Николе, Организација на
жените на општина Свети Николе го оддржа шесттото изборно
Собрание.
На ова изборно собрание беа присутни членови/ки и поддржувачи на
Организацијата, соработници и други поканети гости. Собранието
го отвори г-ѓа Билјана Димова, долгогодишна
членка, основачка и претходна
долгогодишна потпретседателка на
Организацијата и членка на Управниот
одбор. Според предложениот и усвоен
дневен ред прво се избраа работни
тела на Собранието (работно претседателство, верификациона комисија,
лице за записничар и двајца оверувачи на записникот),
потоа се презентираа:
Годишниот
извештај од работата на ОЖОСв.Н за
2014 година, завршната сметка на
ОЖОСв.Н за 2014 година и Програмата за
работа и финансиски план на ОЖОСв.Н
за 2015 г.. На Собранието
беше предложена
и избрана новата Претседателка
на ОЖОСв.Н,
односно за Претседателка на
Организацијата едногласно од сите членови на Собранието беше избрана
г-ѓа Даниела Панева.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Организација на жените на општина Свети Николе добитник на ПЛАКЕТА за
долгогодишна соработа од Отворена Порта / Ла Страда |
Отворена
Порта/Ла Страда
на 27.05.2015 година
организираше прием по
повод одбележање 20 години
од основањето на Меѓународната мрежа за борба против трговија со луѓе -
Ла Страда и 15 години постоење, успешна мисија и работа, 15 години
промовирање на човековите права и застапување на интересите и потребите
на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе.
На приемот беа присутини долгогодишни соработници, партнери и пријатели
на кои Отворена Порта им додели плакети. Организација на жените на
општина Свети Николе е добитник на плакета за долгогодишна поддршка и
разбирање во реализирањето на заедничките активности. На приемот беа
доделени три награди за најдобра новинарска статија на тема „Трговија со
луѓе‘‘ и три награди за најдобар мултимедијален продукт изработен од
средношколци.
Третата награда
за мултимедијален продукт
беше доделена на Влатко Спасев, ученик во СОУ „Кочо Рацин“ Свети
Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Новинарите со признанија за најдобрите од Истокот |
Новинарите
од источниот регион во рамките на активностите на регионалниот центар
„Исток‘‘,
коj
е дел од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), следејќи ги
севкупните општествени процеси од овој дел од државата доделија награди
за најдобрите во стопанството, туризмот, образованието, невладиниот
сектор, здравството, хуманоста, спортот, културата. Признанија на
најуспешните, на оние кои посветено, упорно, стручно и пожртвувано
работат им беа доделени на 8 Мај
2015 година во Виница.
Во рамките на невладиниот сектор, признанието е
доделено на Организацијата на жените на општина Свети Николе, за
упорноста во борбата градот да добие мамограф, бидејќи статистички во
овој град жените најмногу заболуваат од рак на дојка.
Наградата ја прими Г-ѓа Вера Златева, Претседателка на
Организацијата на жените на општина Свети Николе, а беше доделена од
страна на студентката по новинарството и новинарка во Радио Кочани,
Николина Атанасова.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Организација на жените на општина Свети Николе носител на
Институционален грант во програмата Цивика мобилитас |
Организација
на жените на општина Свети Николе е една од
16 граѓански организации, носители на институционален грант од
Програмата Цивика мобилитас.
Програмата е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC),
кој го спроведуваат NIRAS од
Данска, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) и
Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).
Програмата Цивика мобилитас
е програма за поддршка на граѓанското општество во
Македонија. Визијата на програмата е Македонија во која граѓанското
општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на
земјата и на сите нејзини граѓани. Цивика мобилитас има мисија да биде
движечка сила за одржливо граѓанско општество, кое практикува позитивни,
демократски вредности, ги ангажира граѓаните во локални општествени
иницијативи и е во добра интеракција со своите конституенти; е
институционализирано и вклучува бројни динамични, големи и мали, урбани
и рурални, разновидни организации на граѓанското општество, и има
позитивно влијание на понатамошниот развој на Македонија.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Зајакнување на соработката на граѓанските организации за заштита на
децата од експлоатација“ |
Организација
на жените на општина Свети Николе со свој учесник на тркалезна маса
„Зајакнување на соработката на граѓанските организации за заштита на
децата од експлоатација“ организирана од граѓанската организација
Отворена Порта
„Ла Страда“
- Скопје.
Организација на жените на општина Свети Николе имаше свој претставник на
тркалезната маса „Зајакнување на соработката на граѓанските организации
за заштита на децата од експлоатација“ организирана од граѓанската
организација Отворена Порта „Ла Страда“, на 24 април 2015, во Скопје.
Овој настан е дел од проектот „Не ми го одземајте моето детство“,
делумно финансиран од Американската амбасада во Р.Македонија, чија цел е
да се придонесе кон намалување на принудените и детските бракови и
трговијата со луѓе во Република Македонија.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Организација на жените на општина Свети Николе – дел од настанот Civil
Society in Research and Innovation во Брисел |
На
28 јануари 2015 г. претставничка од Организација на жените на општина
Свети Николе учествуваше на настанот Civil Society in Research
and Innovation во Брисел,
во организација на The CONSIDER project
(Civil society organisations in designing research governance),
а финансиски поддржан од The European
Economic and Social Committee (EESC).Целта
на настанот беше да се потенцира работата на EESC и да се поттикне
дебата меѓу претставниците на засегнатите страни: Институциите,
Невладиниот сектор и Универзитетите кои се инволвирани
во истражувања. На настанот беа презентирани истражувања поврзани со
политиката во Европа и нејзините земји - членки како и истражувања
спроведени на неколку реномирани универзитети во Европа.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
‘Civil Society Peer Exchanges’ – Соработка меѓу НВО од Македонија и
Англија |
Организација
на жените на општина Свети Николе учествуваше во натпреварот
‘Civil Society Peer Exchanges’
во организација на Еуклид Мрежата
од Англија и Центарот за институционален
развој (ЦИРа) од Македонија,
а финансиски поддржан од Британската Амбасада
во Скопје, Македонија.
Натпреварот имаше за цел да ги зајакне капацитетите на
граѓанскиот сектор во Македонија преку пеер размени, менторирање и
тренинг за поттикнување на демократски реформи,
јакнење на човековите права и креирање на економски можности со поддршка
од граѓански организации од Британија. Организацијата на жените на
општина Свети Николе од Свети Николе беше една од деветте организации
кои беа избрани како финалисти на натпреварот за иновативни идеи во три
категории и со тоа доби можност да
учествува во делот на менторската програма од проектот.
Организацијата на жени од Свети Николе го доби признанието во
областа на градење политики и застапување
со проект за помош и поддршка на жените заболени и лекувани од малигни
заболувања со цел полесно надминување на болеста и нивно реинегрирање во
општеството.
Проектните тимови на трите најдобри проектни идеи во текот на
месец март 2015 година учествуваа на „пеер" размена во Англија.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Финансиска подршка за оперативни трошоци и дополнителни активности од
КТК |
Организацијата на жените на општина Свети Николе по
трет пат доби Финансиска поддршка од шветската фондација Квинна Тилл
Квинна од Стокхолм. Средствата од оваа финансиска поддршка беа наменети
за административните и оперативните трошоци на Организацијата за период
од 01.02 до 31.10.2014 година. Целта на подршката е на Организацијата да
и се овозможи континуитет во работењето и извршување на стратешките и
програмските активности, контактите и соработката со владини институции
и невладини организации, донатори и целната група на локално, национално
и меѓународно ниво. Организацијата на жените
на општина Свети Николе со дополнителна финансиска поддршка од шведската
фондација Квинна Тиил Квинна од Стокхолм спроведе низа активности за
одбележување на Октомври – светски месец за борба против рак
на дојка.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Конференција „Добри
практики“ Драч –Албанија |
Фондацијата
Kvinna Till Kvinna од Стокхолм, Шведска во периодот од 24 до 27
Јуни 2014 година организираше Конференција „Добри Практики" во Драч,
Албанија, наменета за партнерските
организации од Македонија,
Албанија, Косово, Србија, Црна Гора,
Босна и Херцеговина и Хрватска за
кои Kvinna Till Kvinna обезбедувала или
сеуште обезбедува одредена финансиска поддршка. Основна цел на
конференцијата беше да им се даде можност на партнерските организации на
KTK да разменат искуства на добри практики
како и можности за вмрежување. За
исполнување на поставените цели на Конференцијата беа организирани мошне
интересни работилници. Некои од работилниците беа базирани
исклучиво на споделување на идеи и добри практики меѓу активистките –
учеснички, додека други пак беа организирани како традиционални семинари
на кои беа обработени одредени специфични теми.Организацијата
на жените на општина Свети Николе на Коференцијата ја преставуваше
Вера Златева.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Нордиски форум , Малме
Шведска |
Врз
основа на долгогодишната соработка и институционална подршка од Квина
тил Квина од Шведска, од 11-15 Јуни , Даниела Панева , активистка
во Организација на жените на општина Свети Николе присуствуваше на
регионална конференција наменета за
бранители на женски човекови права, а
именувана како Нордиски форум
.
Нордискиот форум се одржа во Арена
во Малме-Шведска, а беше организиран
од страна на женското движење во Шведска, Данска, Финска,
Исланд и Норвешка.
На овој форум се дискутираа повеќе
актуелни прашања поврзани со еманципацијата на жените, родовата
еднаквост, заштита од семејно насилство и сите
други
видови на насилство како и прашања поврзани со мирот и сигуирноста на
жените .
На Нордискиот форум учествуваа околу 15000 учеснички од повеќе земји од
светот. Дискусиите на Форумските работилници беа фокусирани на основните
документи за женските човекови права, Пекингшката платформа за акција,
Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените,
Резолуцијата на ООН 1325-жени,мир и сигурност како и нови иницијативи
акцентирани за подобрување на положбата на жената во сите сфери на
јавниот,приватниот и политичкиот живот.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Убавите нешта се во
мали пакувања – Запознај ја Македонија" |
Организација
на жените на општина Свети Николе во период од 3 месеци почнувајќи од 1
март до 31 мај 2014 година реализираше проектни активности од проектот
„Убавите нешта се во мали пакувања – Запознај ја Македонија"
финансиски поддржан од
Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија. Проектот се
реализираше во партнерство и соработка со Македонско Културно Друштво
„Охридски бисер" од Загреб, Р.Хрватска, Друштво за развој на
доброволната работа од Ново Место, Р.Словенија и „Surplus onlus" Трст,
Италија.Општа цел на проектот беше придонес кон промовирање на
македонското културно и историско наследство во меѓународни рамки, а
особено во државите Хрватска, Словенија и Италија.
Во проектните активности учествуваа 7 млади од Свети Николе,
Р.Македонија кои имаа за задача да се подготват и добро да ги
презентираат убавините на Македонија надвор од нејзините граници.Со цел
поголема и директна промоција на Р.Македонија, презентирање на
македонското културно наследство, вкусната македонска храна и вино како
и македонската музика, Организација на жените на општина Свети Николе
реализираше седумдневен патувачки караван во
Загреб - Хрватска, Ново Место - Словенија и
Трст - Италија.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Прекугранична конференција „Премостување на различностите“ Омиш,
Хрватска |
Две претставнички на Организацијата на жените на
општина Свети Николе учествуваа на прекугранична конференција
„Премостување на различностите" која се одржа од 04-06 Април 2014 година
во хотел Плажа во Омиш, Хрватска. Конференцијата
е организирана од Екуменска иницијатива
жена од Омиш, Хрватска
во
партнерство со здружението Li Women од Ливно, Босна и Херцеговина.
Проектот
„Премошчивање
различности" е финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА програмата
за прекугранична соработка помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Конференција на
тема “Учество на жената во политиката” |
Во
рамки на проектот проектот MY EUROPE кој е ко-финансиран од програмата
Europe for Citizens , Коалиција на младински организации СЕГА и
Организација на Жените на општина Свети Николе, во партнерство со
Асоцијацијата на Локални Самоуправи од Малта и 14 останати партнер
организации од Франција, Албанија, Бугарија, Италија и Малта од 9 до 11
Декември 2013 година , во хотел Порта во Скопје реализираа тродневна
меѓународна конференција на тема “Учество на жената во политиката”
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Одбележан месец
Октомври - месец за борба против рак на дојка |
Општина
Свети Николе како носител на активностите, Комисијата за еднакви
можности за мажи и жени при Советот на општина Свети Николе и
Организација на жените на општина Свети Николе како
партнери, беа дел од кампањата “Месец на борба против ракот на дојка”
Во рамки на оваа кампања се организираа серија активности:
- Пунктови за донирање на финансиски средства од граѓани и институции од
општина Свети Николе наменети за жените заболени од рак на дојка.Оваа
акција ќе трае во текот на целата година а средствата ке се употребуваат
за набавка на медицински помагала за заболените жени;
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
НАЦИОНАЛНИ ВОЛОНТЕРСКИ НАГРАДИ 2013
Специјален сертификат за долгогодишен волонтерски ангажман за нашиот
Александар Богатинов од Свети Николе
|
Секој
5-ти декември луѓето од цел свет без разлика на возраст раса и култура
го слават волонтирањето, се потсетуваат на суштината на волонтерската
работа и си оддаваат признанија.
Добитници на специјален
сертификат за долгогодишен волонтерски ангажман, златен, сребрен,
бронзен сертификат за Волонтерски ангажман за 2013 година се:
-Добитник на Специјален сертификат за
долгогодишен волонтерски ангажман е Александар Богатинов од Свети
Николе
-Срџан Амет од
Скопје – добитник
на Златен сертификат за волонтерски ангажман
-Игор Поповски и Филип
Гагалов од Битола - добитници
на Сребрен сертификат за волонтерски ангажман
-Светлана
Сиљјаноска од Тетово и Гордана Лазаревска - Димитријевиќ од Битола
-
добитници на Бронзен сертификат за волонтерски ангажман
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Организација на жените
на Општина Свети Николе во ТОП 10 најуспешни граѓански организации во
Република Македонија |
Според
извештајот
„Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република
Македонија“, Организација
на жените на Општина Свети Николе е во ТОП 10 најуспешни граѓански
организации во Република Македонија. Први десет граѓански организации
кои граѓаните ги наведуваат како успешни се: Црвен крст, Мост, Меѓаши,
Ел хилал, СОС Детско село, ФООМ, ЗНМ, Аква, Аман и Организација на
жените на Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Меѓународен младински
тренинг „Европското граѓанство - можности и решенија за вработување на
младите“ |
Во
периодот од 10 до 20 Август 2013 година група на млади волонтери
од Организација на жените на Општина Свети Николе учествуваа на
тренингот „Европското граѓанство - можности и решенија за вработување на
младите“. Домакини на тренингот беа „Евроалтернативи 21“ од
Јакоруда, Бугарија, а истиот се одржа во Годлево, Република Бугарија и
беше финансиран од програмата „Млади во Акција“. На овој тренинг учествуваа младинци од Бугарија,
Србија, Босна и Херцеговина и од Македонија. За време на
тренингот младите дискутираа на повеќе теми: причини и мерки за
надминување на проблемот со невработеноста на младите, личен и
професионален развој на младите, креирање на кратка биографија и бизнис
планови, развој на волонтерството, Европско граѓанство, формално и
неформално образование, програмата „Млади во Акција“, пристап до
Европските развојни фондови, алатка–сертификат за признавање на
неформалното образование „Youthpass“.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Зголеми ги своите
вредности – едуцирај се |
Во
периодот од 1 Јануари до 30 Јуни 2013 година Организација на жените на
општина Свети Николе го реализираше проектот „Зголеми ги своите
вредности – едуцирај се“ кој финансиски беше поддржан од
Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија. Проектот е во
согласност со владините програми за зголемување на економскиот раст и
конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст
на животниот стандард и квалитет на живеење преку спроведување на
активни политики за вработување со кои се делува врз знаењето и
квалификациите на понудата на работна сила.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Институционална
финансиска поддршка од Шведската фондација Kvinna Till Kvinna
|
Организација
на жените на општина свети Николе, втора година по ред има добиено
институционална финансиска поддршка од Шведската фондација Kvinna Till
Kvinna . Оваа институционална подршка ни
овозможува во 2013 година да имаме
континуитет во работата на Организацијата. Добиените средства се
наменети за покривање на трошоците за изнајмување на канцеларијата, за
подготовка на проектни апликации, спроведување на проектните активности
одобрени од страна на донаторите, воспоставување на контакти со
претставници на институции и други невладини организации,
како одржување на средби со целните
групи и граѓаните на локално и на национално ниво.
Финансиската поддршка од Kvinna Till
Kvinna е од суштинско значење, бидејќи тоа
ни овозможува континуитет во
реализацијата на стратешкиот план и годишната
програма на организацијата
како и за зајакнување на
капацитетите на членовите на нашето
здружение. |
на почеток= |
Успешно реализиран
проектот „Бесплатна компјутерска едукација за млади невработени лица од
Општина Свети Николе“ |
Успешно
заврши реализацијата на компјутерската обука (на младите невработени
лица од Општина Свети Николе) од последните предвидени групи од проектот
за бесплатна компјутерска едукација. Проектот е финансиски поддржан од
Генералниот Секретаријат при Владата на Република Македонија, а
реализиран од Организација на жените на Општина Свети Николе. Целта на
проектот (кој се реализираше од 01 Април до 31 Декември 2011 година)
беше обука на млади невработени лица за работа со компјутери и интернет
комуникација. Преку проектните активности се поттикна и зголеми
примената на ИКТ, користењето на интернетот и се помогна да се намали
јазот меѓу оние кои имаат пристап до информации и знаат како да ги
користат и оние што ја немаат таа можност.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
МАКЕДОНСКИТЕ ВОЛОНТЕРИ
ВО ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА ЗАЕДНО СО НБА ЅВЕЗДИ |
Во
периодот од 4 до 14 Август во Чатеж, Словенија се одржа Меѓународна
Младинска Волонтерска Школа. Учесници беа млади волонтери (на возраст од
15 до 18 години) од шест балкански земји: Македонија, Словенија, Србија,
Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Меѓу нив бевме и ние Марија
Николова, Ирена Ордева, Душан Петров, Христина Коцева и Благица
Ивановска, предводени од нашиот ментор Александар Богатинов.
Нашето присуство на оваа Волонтерска Школа беше овозможено од
Организацијата на жените на општина Свети Николе, финансирано од
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, а
одговорни за реализација на школата беа Словенска Филантропија, односно
Центарот за промоција на волонтерската работа од Љубљана. Благодарение
на организаторите на школата имавме неповторлива шанса да учествуваме во
волонтерска акција на NBA Cares “Make a difference Day” ни
помалку ни повеќе туку со вистински НБА ѕвезди !!!
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Македонија
успешно промовирана ширум Европа |
Во
рамките на проектот "Ние сме Европејци" од 15 Април до 8 Мај 2011
година нашите „амбасадори“ Александар Богатинов и Анета
Спасеска успешно ја промовираа Македонија пред Европските граѓани во
20 Европски градови во 7 Европски држави (Австрија, Чешка, Франција,
Германија, Италија, Холандија и Полска). Тие беа дел од
тимовите вклучени во двете 17-дневни Евротури со по еден претставник од
6 земји од Југоисточна Европа (Македонија, Албанија, Босна и
Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија) кои ги спроведоа промотивните
активности во претходно споменатите 7
Европски
држави. Проектот „Ние сме Европејци“ го реализира Полската Роберт Шуман
Фондација во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (со седиште во
Варшава) и Фондацијата Роберт Шуман (со седиште во Париз) и е
кофинансиран од Европската Унија. Станува збор за голем Европски проект
во кој се вклучени 17 организации од земји од Европската Унија и 6
организации од земјите од Југоисточна Европа. Партнер на овој проект од
Македонија е Организација на жените на Општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Различни бои една игра-со спорт
против расизам и дискриминација 2“ |
Организација
на жените на општина Свети Николе во партнерство со
Центар за развој и едукација од Свилајнац-Србија,
Независно здружение на млади Лепоглава-Хрватска,Словенска
Филантропија Љубљана-Словенија,
Младински центар Херцег Нови-Црна Гора,
Друштвото на Словенците во Р.Српска
,,Триглав,, Бања Лука-Босна и Херцеговина
и Граѓаните во акција од Приштина-Косово
го реализираа проектот “Различни бои една игра - со спорт против
расизам и дискриминација 2
“, финансиски подржан
од Европска Младинска Фондација при Советот на Европа. Цел на проектот е
придонес во надминување на предрасудите и стереотипите на спортските
терени.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Зајакнување на националните
капацитети за превенција на семејното насилство“ |
Информативна
брошура, постер и флаер се изработени со техничка поддршка на УНДП во
рамките на заедничкиот проект на Обединети Нации „Зајакнување на
националните капацитети за превенција на семејното насилство“ поддржан
од Кралството Холандија и Фондот на Обединетите Нации за престанок на
семејното насилство против жените.
Линковите се
следните:
- за брошурата;
- за постерот;
- за флаерот:
предна и
задна страна;
|
на почеток= |
“Јакнење на доброволната работа
помегу децата и младите од општина Свети Николе” |
Во
месец Мај 2010 година менторите одржаа 3 средби каде што се извршија
сите подготовки околу одржување на едукативниот камп (обезбедување на
сместување, обезбедување на превоз, печатење на сертификати за
волонтерите и др.) Беа одржани две средби ментори – волонтери со цел
волонтерите да се информираат за активностите кои престојат за
реализирање на едукативниот камп. Во период од 12 до 14 јуни
2010 година се реализира едукативен камп во Дојран.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Бисер на мудроста” награда за превенција од рак на грлото на матката |
Наградата
“Бисер на мудроста” ја доделува ECCA – European Cervical Cancer
Association за прогресивна имплементација на програмата за превенција од
рак на грлото на матката во Македонија.
Наградата е доделена на Организација на жените на општина Свети Николе,
Министерството за здравство на Република Македонија, Комисијата за еднакви можности при
Собранието на Република Македонија и Македонското женско лоби од Скопје, како признание за
нивниот исклучителен придонес во програмата за превенција од рак на
грлото на матката.
Наградата беше доделена на 26 Јануари 2010 во Брисел во Европскиот
Парламент.
http://www.ecca.info/en/campaigns/pearl-of-wisdom-awards/2010-awards.html
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Meet Macedonia“ (Запознај ја
Македонија) |
Организација на
жените на општина Свети Николе од 15 Август до 15 Декември 2009 година
го реализираше проектот „Meet Macedonia“ (Запознај ја Македонија).
Проектот се реализираше во партнерство со Друштво за развој на
доброволна работа (ДРПД)–Ново Место, Р.Словенија, а
финансиски беше поддржан од Deutsche Gesellschaft fьr Technische
Zusammenarbeit (GTZ). Општа цел на проектот е придонес кон
градење на можности за промоција на македонското културно наследство во
државите членки на Европска Унија. Главни проектни активности кои се
реализираа во рамките на овој проект се:
-
Културно
запознавање на Р.Македонија;
-
Изработка и печатење на промотивен и информативен материјал. Беше
изработена и испечатена
брошура „Meet Macedonia“
(2,76 MB) (за превземање на брошурата
кликнете на името на брошурата);
-
Културен
настан “Ден на македонското културно наследство” во Р.Словенија;
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |