english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

“Бисер на мудроста” - награда за превенција од рак на грлото на матката

Наградата “Бисер на мудроста” ја доделува ECCA – European Cervical Cancer Association за прогресивна имплементација на програмата за превенција од рак на грлото на матката во Македонија.

Наградата е доделена на Организација на жените на општина Свети Николе, Министерството за здравство на Република Македонија, Комисијата за еднакви можности при Собранието на Република Македонија и Македонското женско лоби од Скопје, како признание за нивниот исклучителен придонес во програмата за превенција од рак на грлото на матката.

Номинацијата за оваа награда е направена од страна на “Студиорум”- Центар за регионална политика, истражување и соработка од Скопје.

Наградата беше доделена на 26 Јануари 2010 во Брисел во Европскиот Парламент.

http://www.ecca.info/en/campaigns/pearl-of-wisdom-awards/2010-awards.html

 

Како претставници на организациите-добитници на наградата “Бисер на Мудроста” од Македонија беа: г-ѓа Вера Златева-претстедателка на Организација на жените на општина Свети Николе, г-ѓа Лилјана Поповска-пратеничка во Парламент на Република Македонија и претседателка на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, проф. Јован Тофоски-претседател на Македонското лекарско друштво, г-ѓа Неда Милевска-Костова-извршен директор на Македонскиот центар за регионална политика, истражување и соработка “Студиорум” и д-р.Теута Агаи Демјаха-советник на министерот за здравство.

Се започна во 2002 година по иницијатива на Организација на жените на општина Свети Николе и 16 женски невладини организации, како апел за ефикасна превенција од рак на грлото на матката. Во овој период беа одржани серија јавни дебати и силна медиумска кампања преку кои се залагаше за промена на Законот за здравствена заштита и спроведување на организирана програма за скрининг за рано откривање на рак на грлото на матката. За остварување на целта посебен допринос дадоа Г-ѓа Лилјана Поповска - Потпретседателка на Парламентот на Република Македонија и голема лобистка, како и пратениците Соња Липиткова , Слободан Најдовски и Петар Атанасов како подносители на Амандманот за воведување на бесплатни гинеколошки прегледи за жените. Како резултат на тоа во 2004 година беше усвоен предлогот за измена и дополнување на Законот на здравствена заштита, за воведување на бесплатни ПАП тестови за жените во Македонија па врз основа на промената Владата донесува посебна Програма. Проектот финансиски беше поддржан од Квинна Тилл Квинна од Шведска.

 

Министерството за здравство во соработка со Комисијата за еднакви можности на мажите и жените во Собранието на Република Македонија и Македонското женско лоби чија членка е и Организацијата на жените на општина Свети Николе ја спроведе националната кампањата “Надмудри го ракот – Биди здрава жена” како и Кампањата за вакцината против ХПВ вирусот.

Целокупните достигнувања од овие активности беа:

1. Воспоставување на успешна коалиција меѓу Парламентот, Владата и Невладини организации;
2. Воведување на бесплатни ПАП-тестови (без оглед на здравствено осигурување);
3. Воведување на задолжително вакцинирање против ХПВ вирусот за сите девојки од 13 до 26 годишна возраст кое започнува од 2008 година;
4. Подигање на свеста и мобилизирање на јавноста и на институциите за поефикасно спречување рак на грлото на матката;
5. Почеток на пилот скрининг програма во неколку општини

 

По повод добивањето на наградата на 03.02.2010 година во Собранието на Република Македонија, Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, ЦРИС “Студиорум” и Организацијата на жените на општина Свети Николе организираа настан за презентација на добиената награда “Бисер на мудроста” кој воедно беше искористен за јавна дебата за досегашните постигнати резултати и планирани активности во врска со превенцијата од ракот на грлото на матката.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов