english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ВОДЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „ВИКТОРИ ДЕКОРАЦИИ“ ВО РАМКИТЕ НА ОЖОСВН

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе објавува ОГЛАС за едногодишен ангажман на 1 (едно) лице Планер Координатор/ка за Социјално претпријатие „Виктори Декорации“.

Социјалното претпријатие „Виктори Декорации“ е производ на проектот и проектните активности од Smart Start–Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција, преку социјално претприемништво и социјални иновации“, кој во земјава се спроведува од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), а е поддржан од Европска Унија со 90% од финансирањето и градот Скопје

Вид на ангажман: Планер Координатор/ка е лице за развој на социјалното претпријатие Виктори декорации, изработка на декорации за детски родендени и прослави со изработени ракотворби од различни материјали, како и организирање на детски родендени и други детски прослави.

Цел на ангажманот: Ангажманот на Планер координатор/ка има за цел успешно, професионално, квалитетно и одговорно координирање и промовирање на социјалното претпријатие „Виктори декорации“.

Работни обврски на Планер координатор/ка се :

  • Да координира со социјалното претпријатие „Виктори декорации

  • Да комуницира и контактира со заинтересираните страни како потенцијални клиенти

  • Да изработи Акциски план за социјалното претпријатие за период од една година

  • Да го презентира и промовира социјалното претпријатие пред целните групи и пошироката јавност

  • Да учествува во потребните набавки, изработки, планирање и организирање на детските родендени

  • Ги координира и имплементира предвидените активности од бизнис планот и во согласност со организациските програми и развива дополнителни активности за унапредување на работата на претпријатието

  • Да подготвува редовни месечни или периодични извештаи за реализираните активности и ги доставува до одговорното лице/работодавачот

  • Да учествува на обуки, семинари, тренинзи, конференции

  • Да биде во постојана координација со одговорните лица на ОЖОСВН и да учествува на редовните состаноци на извршната канцеларија

  • Да координира со тимот и дава насоки за успешна реализација на тековните активности и

  • Навремено да информира за сите работи од интерес за ефикасно вршење на работните задачи и за успешно функционирање на работодавачот.

Потребни квалификации:

  • Соодветно познавање и/или соодветно искуство за назначените работните обврски односно одговорности

  • Познавања во областа на функционирање и менаџирање со социјално претпријатие

  • Искуство од волонтирање, практикантство или работен ангажман во граѓански сектор, минимум 2 години

  • Познавање на работа со компјутери и активно користење на интернет

  • Искуство во водење на финансии

Потребни вештини:

  • Интерес и посветеност во работата

  • Креативност и креативна имагинација

  • Технички способности за работа со различни материјали (картон, хамер, стиропор, пластика итн.)

  • Комуникациски и презентерски вештини

  • Способност за ефективно работење во поголема работна средина

  • Тимска работа

  • Разбирање на клиентите, добро слушање и излегување во пресрет на нивните потреби

  • Флексибилност, професионалност, иновтивност

  • Презентирање на соодветни креативни изработки за декорирање на детски родендени и/или друг вид детски прослави.

Работно искуство: Две години волонтерски и/или друг вид ангажман во граѓански сектор. Предност ќе се смета исполнување на посебни услови: предходно искуство со ваков тип на работа; посета на креативни работилници/обуки на тема социјално претприемништво; добиени сертификати од учество на настани поврзани со социјално претприемништво и слично. Приоритет за ангажирање ќе имаат членовите/ките или волонтери/ки во ОЖОСВН или друго граѓанско здружение кои ги исполнуваат потребните горенаведени критериуми.

Времетраење на ангажманот: 12 месеци

За ангажманот планер координатор/ката ќе добива месечен нето надомест од 10.000МКД

Заинтересираните кандидати/ки потребно е да испратат мотивациско писмо, кратка биографија и препорака од невладина организација или фотографии од креативни изработки за пријава на огласот најдоцна до 18-ти јануари 2018 година, на е-маил womsvetinikole@yahoo.com со назнака „Пријава за оглас-Планер координатор“ или дирекно во канцеларијата на ОЖОСВН која се наоѓа на ул.Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе, во затворен плик со назнака „Пријава за оглас-Планер координатор“.

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју веднаш наредниот ден односно на 19-ти Јануари 2018 година, а избраниот кандидат/ка ќе започне веднаш со пробен три месечен ангажман.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2018 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster