„ Заедно
да го победиме ракот и придонесеме
за поквалитетен живот на групата за самопомош "
Во период од Јануари до
Декември 2017 година, Организација на жените на општина Свети Николе го
реализираше проектот „ Заедно да го
победиме ракот и придонесеме за поквалитетен живот на групата за
самопомош " финансиски поддржан од Локалната
самоуправа на општина Свети Николе.
Цел на проектот
беше зајакнување на
самодовербата на жените од групата за самопомош за полесно надминување
на последиците од болеста преку давање на соодветна стручна
психосоцијална помош и поддршка и креативна исполнетост.
Во текот на 2017 година, за поминати 11 месеци во
рамките на проектот, се
реализирани 18 работилници за
групата за самопомош (жени заболени и
лекувани од малигни заболувања)
фасцилитирани од доктор,
психолог и едукатор по животни вештини.
Првата и втора
работилница беа од креативен карактер и се изработуваа кошници за
повеке јајца .
На третата и четвртата креативна
работилница се изработуваа кошници за по едно јајце.
Тема на петтата
работилница беше: „Мелатонин хормон за добро здравје и добар сон",
додека тема на шестата едукативна работилница : „Вера,
страв и неверување ".
Седмата работилница
се реализираше во природа т.е. во тениското
игралиште во градскиот, нов парк, каде се
покажуваа вежби
за жени по операција на дојка, со
цел подобрување на физичкото здравје на
оваа целна група.
Осмата работилница носеше наслов „Достоинство", а
деветата „Криза во средни години"
и се одржаа во просториите на Организација
на жените на општина Свети Николе.
На следните креативни работилници се
изработуваа украси
од тутунски конец, припрема и
изработка на крошнички.
Влијанието на духовната
мок врз здравјето на луѓето е
единаесетата едукативна работилница со реализизирање на посета во
манастирските комплекси во Водоча,
Вељуса општина Струмица. При оваа посета беа
посетени и Смоларските водопади.
Изработка на
украси од брашно,сол и вода, бои и
лакови беа три континуирано
реализирани креативни работилници кои
се одржаа во
текот на месец Октомври и Ноември.
Влијанието на духовната
мок врз здравјето на лугето-2 е
наслов на 17 та работилница
Оваа работилница се
одржа на 11.11.2017 година во Лесновскиот манастир. Покрај
разгледувањето на овој стар манастир
во негова близина беа посетени и манастирскиот комплекс од три пештерни
цркви и тоа: Успение на пресвета Богородица, Свето Преображение и Свети
Илија.
Моќта на жената- машко женски односи
е тема на 18 работилница
На оваа работилницата што
се одржа на 14.11.2017 година
присуствуваа 26 жени, на истата
работилница дојде во посета новиот
градоначалник на општина Свети
Николе, Г-н Сашо
Велковски. Градоначалникот покажа
интерес за оваа целна група и едукативната
работа со нив заради нивните
потреби и ги покани жените на разговор во
неговиот кабинет.
Претседателката на
здружението и 6 жени од групата за
самопомош остварија средба кај градоначалникот на предходно
закажаниот термин. На оваа средба се дискутираше за досегашните
активности на групата, за нивните
реални потреби и идни планови за соработка со локалната самоуправа.
Преку одржаните
едукативни работилниците на жените им се даде можност да ја зајакнат
својата самодоверба и да ги надминат проблемите кои ги носи ова
заболување.
Работа со жените од психолошко едукативен карактер е
континуирано потребна бидејќи по завршување на медицинскиот третман
заболените жени се препуштени сами на себе. Поради ваквите состојби
потребата од продолжување на работата со жените заболени и лекувани од
малигни заболувања е евидентна.
На Велигден и на 27
октомври 2017 година, месец на борба против ракот на дојка, рачно
изработените
предмети од групата за самопомош беа
продавани од страна на самите жени.
Средствата добиени
од проектот и од продадените рачно изработени предмети се наменети
за жените од групата за самопомош и
се користат за набавка на ортопедски
помагала.
Организација на жените на општина Свети Николе
|