Со нашата досегашна работа се
реализирани повеќе од 85 проекти,
во делот на здравствената
програма се опфатени над 130 000 жени
на национално ниво,
Програмата
за човекови права им
даде поддршка на над 18 000 жени,
деца и млади, а со Програмата
за деца и млади се
опфатени над 5700 учесници
од целава земја.
|
|
|
На 23 декември 2015 година во Свети Николе се одржа
пригодна прослава по повод 25тиот роденден на Организацијата. На
прославата беа поканети и присуствуваа повеќе од стотина членови,
волонтери, поддржувачи, претставници од институции и бизнис секторот,
партнерски организации итн. Присутните ги поздрави претседателката на
Организацијата г-ѓа Даниела Панева која дел од својот говор го
посвети на долгогодишната претседателка и лидерка на Организацијата
г-ѓа Вера Златева
која за жал не е повеќе меѓу нас.
Покрај другото на прославата им
беа доделени признанија за соработка на долгогодишни партнери и
поддржувачи, а беше прикажан и краток документарен филм за 25
годишната работа на Организацијата.
(