Воспоставување на систем за стандардизација на
услугите за бесплатна правна помош
Во рамки на проектот “Воспоставување на систем за
стандардизација на услугите за бесплатна правна помош” финансиски
подржан од UN WOMEN
од 01.10.2012 година до 30.09.2013 година Организација на жените на
општина Николе продолжи да работи со давање на услуги на бесплатна
правна помош за жртви на семејно насилство. Овој проект преставува
континуитет на работата на канцеларијата за бесплатна правна помош за
жртви на семејно насилство при Организација на жените на општина
Свети
Николе која за прв пат беше отворена во 2005 година .
Носител на проектот е ЕХО од Штип, а партнерски
организации кои се вклучени во имплементацијата на проектот покрај
Организација на жените на општина Николе од Свети Николе се и
Организација на жени од Струмица и Кризен центар Надеж од Скопје.
Главната цел на проектот е да востанови
стандардизирано обезбедување на услугите за бесплатна правна помош од
страна на здуженијата кои даваат бесплатна правна помош на жртвите на
семејно насилство.
Со проектот се предвидени повеќе активности :
-серија едукативни предавања во Тренинг центарот
формиран при здружението ЕХОод Штип , кои опфаќаат разни теми од оваа
област
-формирање на Стручно тело за оценување на
здруженијата дали ги исполнуваат миниум стандардите (во состав на ова
тело ,покрај преставници од релевантните институции кои го третираат
проблемот со семејното насилство , вклучени се и три членки од три
здруженија кои работат со давање бесплатна правна помош -меѓу кои една
членка е преставничка од ОЖОСвети Николе ) и
-Сертифицирање на здруженијата кои ги исполнуваат
миниум стандардите за давање бесплатна правна помош
За здруженијата кои даваат бесплатна правна помош
овој систем освен тоа што ќе значи обврска за исполнување на минимални
стандарди за услугите кои ги нудат ќе преставува и зајакнување на
сопствените капацитети, зголемување на соработката со други организации
и институции и унапредување на квалитетот на услугите за жртвите на
семејно наислство.
Организација на жените на општина Свети Николе
|