Успешно реализиран проектот „Бесплатна компјутерска
едукација за млади невработени лица од Општина Свети Николе“
Деновиве
успешно заврши реализацијата на компјутерската обука (на младите
невработени лица од Општина Свети Николе) од последните предвидени групи
од проектот за бесплатна компјутерска едукација. Проектот е финансиски
поддржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република
Македонија, а реализиран од Организација на жените на Општина Свети
Николе.
Целта на проектот (кој се реализираше од 01 Април до
31 Декември 2011 година) беше обука на млади невработени лица за работа
со компјутери и интернет комуникација. Со обуката беа опфатени 120 млади
невработени лица на возраст од 18-35 години од населените места
Ерџелија, Црнилиште, Амзибегово, Горобинци и
градот Свети Николе од општина Свети Николе. Споменатите
120 невработени млади лица (директни учесници на курсевите) се обучени
за работа со: Windows и Microsoft Word, Microsoft Excel и Microsoft
PowerPoint и Основи на интернетот.
Обуките ги спроведоа стручни лица дипл.Електро
инжинер Александар Богатинов и дипл.инжинер по математика Билјана Димова
со добиен сертификат за напредно познавање на ИКТ.
Преку овие активности се поттикна и зголеми примената
на ИКТ, користењето на интернетот и се помогна да се намали јазот меѓу
оние кои имаат пристап до информации и знаат како да ги користат и оние
што ја немаат таа можност.
Овие млади луѓе стекнатото знаење ќе го пренесат на
минимум 120 лица (индиректни корисници) од нивната околина (членови на
нивните фамилии или пријатели), со тоа проектните активности индиректно
ќе влијаат врз зголемување на знаењето (од ИКТ) на поголем број луѓе .
Со спроведување на овие активности и од покажаниот
интерес за посетување на обуките од страна на младите се гледа потребата
за континуирано спроведување на вакви активности. Младите од руралните
средини на општина Свети Николе поради ограничените можности за
неформална едукација од оваа област ваквите обуки ги гледаат како
единствена можност за стекнување и примена на стекнатите знаења од
областа на Информациско и Комуникациската Технологија.
По завршувањето на обуката на сите учесници им беа
доделени сертификати за успешно посетена обука.