ОЖОСВН
дел од Мрежата за проценка
на влијанието на регулативи
Институт за демократија
„Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во
соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) во
периодот јануари 2017 – декември
2019г. ќе анализираат како се спроведува
процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при
создавањето
на законите и каква е можноста за
граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики
во земјата, преку проектот „Проценка на влијанието на регулативата во
сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“ и е
финансиски поддржан од Делагацијата на Европската Унија.
Проектот „ПВР во сенка“,
ќе придонесе за унапредување на доброто владеење преку вмрежување и
градење на капацитети на граѓанските организации за следење и анализа на
спроведувањето на ПВР. Целта на
проектот е да се зголеми можноста за активно вклучување на граѓанските
организации во ПВР процесот и во реформите на јавните политики преку
вмрежување, инклузивни консултации и обуки.
Проектот посветува
особено внимание кон создавање на врски помеѓу актерите од граѓанското
општество и државните институции. Доброто спроведување на ПВР ќе
придонесе кон повисок квалитет на легислативата, зголемена вклученост на
граѓаните, зголемено ниво на законски сигурност, подобро финансиско
планирање и зголемена транспарентност на политичките процеси.
ОЖОСВН заедно со уште
девет граѓански организации е дел од Мрежата за проценка на влијанието
на регулативи кои во понатамошниот период ќе работат на градење
на сопствените капацитети за учество и надгледување на процесот на ПВР,
проценка на влијанието на регулативите во сенка, како и на подигање на
јавната свест за придобивките од ПВР и проблемите во спроведување.
Организација на жените на општина Свети Николе
|