Организација на жените на општина
Свети Николе носител на Институционален грант во програмата Цивика
мобилитас
Организација на жените
на општина Свети Николе е една од 16 граѓански организации, носители на
институционален грант од Програмата Цивика
мобилитас. Програмата е проект
на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој
го спроведуваат NIRAS од
Данска, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) и
Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).
Програмата Цивика мобилитас
е програма за поддршка на граѓанското општество во
Македонија. Визијата на програмата е Македонија во која граѓанското
општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на
земјата и на сите нејзини граѓани. Цивика мобилитас има мисија да биде
движечка сила за одржливо граѓанско општество, кое практикува позитивни,
демократски вредности, ги ангажира граѓаните во локални општествени
иницијативи и е во добра интеракција со своите конституенти; е
институционализирано и вклучува бројни динамични, големи и мали, урбани
и рурални, разновидни организации на граѓанското општество, и има
позитивно влијание на понатамошниот развој на Македонија.
|
|
|
Цивика мобилитас го поддржува граѓанското општество
во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се
добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто
така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три
„трансверзални теми": родовите прашања, меѓуетничките односи и
миграциите.
Цивика мобилитас ќе работи со граѓанските организации
и другите актери на граѓанското
општество во сите региони и општини,
сектори и теми, притоа настојувајќи да ги намалува регионалните и
секторските разлики во развојот на граѓанското општество.
Цивика мобилитас промовира внимателно осмислени
институционален развој и организациско јакнење на граѓанските
организации, со што цели симултано да придонесе и кон развојот на целото
граѓанско општество како сектор и кон јакнење на самите граѓански
организации.
Институционалните грантови на 16-те грантисти им беа
доделени на 5 Мај 2015 година во
просториите на МКЦ во Скопје од страна на Амбасадорот на
Швајцарија во Македонија неговата екселенција Стефано Лазарото.
Организација на жените на општина Свети Николе
|