ВЕСТИ ОД 2007 ГОДИНА |
|
|
Трибина
-„Надмудри го ракот - биди здрава жена“ |
По
повод кампањата што ја води Министерството за Здравство во соработка со
(МЖЛ) Македонското женско лоби , Комисијата за еднакви можности и Клубот
на жени парламентарки - на тема “Надмудри го ракот-биди здрава жена”
Организацијата на жени на Општина Свети Николе ( како членка на МЖЛ
и НВО која од 1997 година работи со проблематиката на репродуктивното
здравје на жената) како локална активност на 17 Декември 2007 година
во Свети Николе одржа јавна трибина .
Главната цел на кампањата е : подигање на свеста на жените за одење на
превентивни гинеколошки прегледи .
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Кампања „16
дена активизам против насилство врз зените“ |
Организацијата
на жените на општина Свети Николе како дел од проектот
“Подобрување на положбата на жените”
финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL
KVINNA реализира активности во рамките на меѓународната
кампања “16 дена активизам против
насилството врз жените” која трае од 20
Ноември до 6 Декември. Во рамките на оваа кампања активистките на
Организацијата на жените на општина Свети Николе изработија виолетови
машнички - симбол на борбата против семејно насилство и истите заедно со
брошури за семејно насилство беа поделени на жените на Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Продлабочување
на меѓурелигискиот дијалог |
Во
период од 1 Ноември до 31 Декември 2007 година се реализира
проектот Продлабочување на меѓурелигиски дијалог финансиски поддржан од
Екуменски женски фонд на солидарност - Омиш Република Хрватска.
Цел на проектот беше продлабочување и зацврстување на меѓуверската
толеранција, меѓусебното разбирање и соработка со цел подобрување на
соживотот меѓу различните верски ентитети.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Работилници за
правата на жените од работен однос |
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот
“Подобрување на положбата на жените”,
финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL
KVINNA во текот на 2007 година реализира 8 едукативни
работилници на тема Правата на жените од работен однос.
Целта на овие работилници беше запознавање на жените со правата и
обврските од работен однос. Работилниците беа одржани во 6 села:
Горобинци, Ерџелија, Мустафино, Црнилиште, Амзабегово и Кадрифаково и 2
работилници за жените од Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Младински лидери од рурални средини имплементатори на националната
стратегија за млади |
Во рамките на
проектот „Младински лидери од рурални средини имплементатори на
Националната стратегија за млади“ беа одржани низа на
работилници во период од Август 2007 година до Ноември 2007
година во општина Свети Николе. Во реализирањето на проектните
активности беа вклучени координатор, 4 едукатори и 4 волонтери од
Организација на жените на Општина Свети Николе (Младинскиот центар
Вавилон Свети Николе). Работилниците се одржаа во просториите на Вавилон
Центарот во Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Доделени последните сертификати |
На
31 Октомври 2007 година успешно заврши имплементацијата на проектот
"Компјутерски курсеви за млади невработени
лица од општина Свети Николе" .
Со имплементација на проектот се обучени 124 млади невработени
лица на возраст од 18-30 години од општина Свети Николе од кои:
- 34 учесници го завршија курсот за Windows XP
и Microsoft Word
- 37 учесника го завршија курсот за Microsoft
Excel и Microsoft Power Point
- 53 учесника завршија курс за Основи на Интернет
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Локална младинска стратегија |
По
повод креирањето на “Локална младинска стратегија”-проект финансиран од
Министерството за финансии на Р.Македонија Организација на жените на
општина Св.Николе одржа трибина на која беше промовирана “Националната
стратегија за млади на Република Македонија”. Целта на стратегијата е подобрување на
положбата на младите преку нивно активно вклучување во решавањето на
одредени актуелни младински проблеми.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Писмо од Ејми Колтарт |
Јас
сум Ејми Колтарт и јас сум волонтерка на Мировен Корпус во
Организација на Жени (ОЖ) на Општина на Свети Николе. Дојдов во
Македонија во Септември 2006 и почнав со тримесечно интезивно учење на
македонски јазик во Велес. Македонскиот јазик е малку тежок за мене
значи, извинете за грешки! J Кога бев во
Велес, учев Македонски 4 часа на ден, 5 дена во неделата. Живеев со
Македонска фамилија кои ми помагаа во учење на Македонска култура
(правев ајвар!) и го вежбав јазикот. Тогаш, во Декември 2006, доселив во
Свети Николе да почнам 2 години со работа во Организација на жените на
Општина Свети Николе.
click here for english version of this article
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
За подобро здравје на жените |
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Подобрување
на положбата на жените финансисран од Шведската фондација Квинна
тилл Квинна во текот на месец Октомври се вклучи во меѓународната
кампања за борба против ракот на дојката . По повод на месецот за
борба против ракот на дојката членките на групата на жени заболени од
малигни заболувања изработија розови машнички и истите беа поделени на
жените во општината. Заедно со машничките на жените им беа дистрибиурани
и брошурите за борба против ракот кај жените.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Осма ФАРЕ Акциона недела “Со фудбал против расизмот во Европа“ |
Активностите
од Осмата акциона недела од 17 до 30 Октомври се организирани од
мрежата ФАРЕ - со фудбал против расизмот во Европа (www.farenet.org)
во 37 земји во Европа. Организација на жените на Општина Свети Николе
(младински центар Вавилон од Свети Николе како дел од нејзината
младинската програма) по четврти пат пат се вклучија во
одбележување во оваа кампања.На 21 Октомври 2007 година во
училишната спортска сала во Општинското Основно Училиште "Кирил и
Методиј" во Свети Николе, се одржа финалето на турнирот во мал фудбал
"Со фудбал против расизмот во Европа".По предлог на младите беше
побарано турнирот да биде посветен и беше посветен на трагично прерано
загината голема Балканска музичката звезда од Македонија, голем љубител
на спортот и големиот хуманист - Тоше Проески .
Повеќе за овој напис и галерија со слики од настанот
|
на почеток= |
Милтилатерална Младинска Размена „Урбани Митови“-Нови Сад, Србија |
Од
01 до 10 Октомври 2007 година во Нови Сад,
Србија се одржа Мултилатералната Младинска Размена
"Урбани Митови".
Целта на оваа младинска размена беше преку конкретни активности од
различен вид младите од 4 земји (Италија, Македонија,
Србија и Чешка ) да ги надминат предрасудите и да можат
подобро да се запознаат и дружат со своите врсници од другите земји.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Само здрави граѓани градат здраво општество |
Организација
на Жените на Општина Свети Николе заедно со уште 9 општини учествува во
спроведувањето на проектот "Само здрави граѓани градат здраво
општество". Носител на проектот е ЕХО (Едукативно-хуманитарна
организација) од Штип а проектот финансиски е подржан од The Balkan
Trust for Democracy a project of the German Marshall Fund of the United
States. Целта на проектот е изработка на
регионална стратегија за брегалничко струмичкиот регион како и
зајакнување на капацитетите на невладините организации и активно учество
во креирање на јавните политики во областа на здравствената заштита
заедно со преставници од Локалните власти и здравствени работници од
општините: Свети Николе, Кочани, Струмица, Виница, Штип, Пробиштип,
Берово, Пехчево, Делчево и Радовиш.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Компјутерски курсеви за млади навработени од 18-30 години од општина
Свети Николе |
Септември 2007 година.
Досега 96 млади невработени лица го завршија курсот од кои:
- 24 учесника го посетија курсот за Windows XP
и Microsoft Word
;
- 27 учесника го посетија курсот за Microsoft Excel и
Microsoft Power Point;
- 45 учесника завршија курс за Основи на Интернет;
По завршувањето на обуките корисниците добиваат сертификати за
завршена обука како и скрипти за работа со компјутер и интернет.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Меѓународна Младинска Размена „ЕВРОПСКА МЛАДИНА=ЕВРОПСКА
ИДНИНА“-Дојран 2007 |
Од
01 Јули - 10 Јули 2007 во Дојран
се одржа меѓународната младинска размена на која учествуваа 42 младинци
од 6 земји (Македонија, Србија, Италија, Словенија, Бугарија и Босна
и Херцеговина).
Главни цели на оваа размена беа да се надмине јазот што постои помеѓу
младите луѓе од различни земји од Европа и да им овозможи да спознаат
како подобро да ги почитуваат индивидуалните човекови права и слободи,
да се потикнат на младите за активно вклучување во општеството, јакнеење
на меѓукултурна соработка помеѓу младите во регионот (од земјите на
Југоисточна Европа и Европската Унија) и подобро меѓусебно запознавање
во насока на изградба на млади кои ќе станат одговорни европски граѓани.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Колку и да сме различни сепак сме исти |
Организација
на жените на општина Свети Николе од 1 јуни до 31 август 2007 година
го реализираше проектот “Колку и да сме
различни сепак сме исти “ кој финансиски е
поддржан од Екуменски женски фонд на солидарноста - Омиш, Република
Хрватска .
Во рамките на овој проект работниот тим изработи брошура со наслов
“Колку и да сме различни сепак сме исти“.
Брошурата содржи вовед во кој се зборува општо за религијата, симболите
и основните карактеристики на христијанството , православието ,
католицизмот и исламот. За секоја верска заедница има фотографии . На
крајот на брошурата се наведени верските празници кои од страна на
Владата на Република Македонија се прогласени и се празнуваат како
државни празници.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Отворање на канцеларија за бесплатна правна помош |
Со
цел да се обезбеди ефикасна заштита и подобар пристап кон правниот
систем за женските маргинализирани групи од општина Свети Николе ,
Организацијата на жените на општина Свети Николе започна со
реализирање на Програмата за Бесплатна Правна помош која се
состои во : пружање на советодавни услуги , правилно толкување на
законски норми, подготвување на писмени поднесоци , информирање и
упатување до надлежни институции.
Програмата за Бесплатна Правна помош е проектна активност на
Организацијата на жените на општина Свети Николе а финансирана од
шведската фондација Kvinna
Till Kvinna.
Во Канцеларијата за правна помош работи стручна служба која пружа
бесплатни правни советувања во доменот на семејно-брачни односи и
кривично правни односи. Канцеларијата работи на принцип на доверливост
на информации и е отворена секој работен ден од 11-15 часот.
|
на почеток= |
Компјутерски курсеви за млади навработени од 18-30 години од општина
Свети Николе |
Од месец Февруари 2007 година Организација на
жените на општина Свети Николе започна со реализација на проектот
"Компјутерски курсеви за млади навработени од
18-30 години од општина Свети Николе",
финансиски поддржан од фондацијата "Е-Македонија",
на АД Македонски Телекомуникации.
Со овој проект ќе се обучат 120 невработени млади за работа
со компјутери и тоа : Windows XP, Microsoft Word, Microsoft Excel, Power
Point и Основи на интернет, за кои ќе добијат сертификати.Со добивањето
на сертификатите за работа со компјутер , младите од Свети Николе се
надеваат на побрзо вработување.
Повеќе за овој напис
|