|
ВЕСТИ ОД 2017
ГОДИНА
„Заедно да го победиме ракот и придонесеме за поквалитетен живот на групата
за самопомош" |
Во период од Јануари до Декември 2017 година,
Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектот
„Заедно да го победиме ракот и придонесеме за поквалитетен живот на
групата за самопомош" финансиски поддржан од Локалната самоуправа на
општина Свети Николе.Цел на проектот беше зајакнување на
самодовербата на жените од групата за самопомош за полесно надминување
на последиците од болеста преку давање на соодветна стручна
психосоцијална помош и поддршка и креативна исполнетост.Во текот на 2017
година, за поминати 11 месеци во рамките на проектот, се реализирани 18
работилници за групата за самопомош (жени заболени и лекувани од малигни
заболувања) фасцилитирани од доктор, психолог и едукатор по животни
вештини.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ТРЕНИНГ КУРС „Young people not in education, employment or training",
Черномељ, Словенија |
Зафирова-Стоиловска Маринела и Атанасов Александар,
претставници од СОУ "Кочо Рацин" Свети Николе, во соработка со
Организација на жените на општина Свети Николе во партнерство сo Советот
за превенција на малолетничката деликвенција од Кавадарци, заедно со 25
преставници од Бугарија, Италија, Франција, Кипар, Македонија, Шпанија,
Полска, Белгија, Чешка, Малта, Романија, Хрватска и Словенија од
06.11.2017-12.11.2017 учествуваа на тренинг курс во организација на
Младински центар БИТ од Черномељ, Словенија. Тренинг курсот овозможи
учесниците да се запознаат со програмата Erazmus+ и да стекнат вештини
за пристапување и вклучување на младите во процесот на едукација,
вработување и друг вид на обуки претставено преку „NEET people".
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
МОЈАТА ПРВА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА |
Во Чрномељ, Словенија од 9 до 16 октомври 2017
година, во организација на Младинскиот центар БИТ се одржа младинска
размена во програмата Erazmus+ на која учествуваа младинци од Словенија,
Македонија, Шпанија, Португалија, Хрватска и Полска. Волонтер на
Организација на жените на општина Свети Николе заедно со млади од
организацијата СППМД од Кавадарци учествуваа на оваа младинска размена
во Словенија. Самиот наслов на размената „Урбана куќа“ кажува дека се
работи за подигнување на урбанизација во руралните средини, па преку
идеи и креативни работилници за рециклирање стари работи, искористување
неискористени простори на тренингот се формираше урбана тераса, која
преку идеите на учесниците на размената, преку нивно разработување во
групи, тимскот дух, доби нов модерен изглед.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Паркинзи за велосипеди и промоција на велосипедизмот |
Со цел да се подигне свеста за водење здрав живот и
употреба на велосипеди, како и да има каде да се парќираат велосипедите,
ОЖОСВН во рамките на иницијативата „Мрдни со прст" во Свети Николе
постави 5 паркинзи за велосипеди. Овие паркинзи се поставени во
централното градско подрачје, односно два на влезот од градскиот пазар,
еден во градскиот парк и два кај спортската сала „Цар Самоил". На 5ти
Октомври, 15тина деца, членови на сообраќајната секција при ООУ „Гоце
Делчев“ од Свети Николе направија дефиле со своите велосипеди и ги
промовираа паркинзите за велосипеди. За време на дефилето на случајните
минувачи им беа поделни информативни флаери кои содржеа факти за
придобивките од често користење на велосипед и водење грижа за здрав
живот.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Подигање на свеста за грижа за животната средина |
Во рамките на кампањата „Мрдни со Прст“ десетина
волонтери на ОЖОСВН делеа информативни флаери за подигање на свеста за
грижа за животната средина, како и промотивни материјали за промоција на
иницијативата „Мрдни со прст“ во Свети Николе. Со оваа активност
допревме до повеќе од петстотини граѓани кои добија торбички, пенкала и
информативни флаери. Во рамките на кампањата за децата и младите се
организираше и награден литературен и ликовен конкурс, а се со цел уште
од мала возраст да се работи на подигање на свеста кај младите за грижа
за животната средина и сами да иницираат акции и активности за
надминување на проблемите со кои се соочуваат во секојдневието.
Конкурсот беше наменет за деца на возраст од 10 до 14 години и млади на
возраст од 15 до 20 години. На наградниот конкурс со свои дела
учествуваа вкупно 47 деца и млади, а истите ги оценуваа две посебни пет
члени комисии, составени од наставници и професори по македонски јазик и
ликовна уметност, претставници од ОЖОСВН, ИО „Гоце Делчев" и ДПД.
Наградите се состоеа од училишни ранци, материјали и прибор,
енциклопедии и др. во вредност од 3000, 2000 и 1000 денари за првите,
вторите и третите места. Добитници на награди од литературниот и
ликовниот конкурс на тема „ЈАС НЕ ЈА ЗАГАДУВАМ ПРИРОДАТА И СЕ ГРИЖАМ
ЗА СВОЈОТ ГРАД" се:
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Виктори декорации – прво социјално претпријатие во Свети Николе |
На 22 јуни 2017година беа промовирани и наградени со
грант за развој првите 10 социјални претприемачи во Македонија во рамки
на проектот Smart Start - „Оддржливо влијание на граѓанските организации
од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку
социјално претприемништво и социјални иновации“, кој во земјава се
спроведува од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), а е
поддржан од Европска Унија со 90% од финансирањето и Градот Скопје.
Покрај грантот за отпочнување на социјален бизнис, социјалните
претприемачи се вклучија во менторска програма со корпоративниот сектор
која ќе им обезбеди долгорочна поддршка и развој. Социјалното
претприемништво е новата економска и општествена енергија. Позитивно
движење кое ги интегрира невладиниот, владиниот и корпоративниот сектор.
Идејата за развојот на социјалното претприемништво е поттикната од
повеќе фактори: потребата за инклузија на сите општествени групи –
вклучително и ранливите, позиционирање на бизнисите како носители на
општествени, а не само економски чинители, диверзификацијата и
глобализацијата како незапирливи глобални трендови и секако развојот на
иновациите и технологијата. Развојот на социјалното претприемништво веќе
гради позитивни практики во повеќе европски земји, а од неодамна преку
Смарт Старт хабот на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП)
интензивно се развива и во Македонија.
Во рамките на ОЖОСВН во следниот период ќе започне со работа првото
социјално претпријатие во Свети Николе - „Виктори декорации“ кое ќе нуди
декорации за родендените и прославите на децата, а приходите ќе бидат
наменети за континуирана работа на групата за самопомош на жени заболени
и лекувани од малигни заболувања, давајќи им психосоцијална помош и
поддршка, набавка на медицински помагала, градни протези, перики,
турбани, како и финансиска поддршка за лекови и патни трошоци за
терапии.
„Виктори декорации" Радост за сите!
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Национален форум на грантистите на Цивика Мобилитас |
ОЖОСВН беше дел од Националниот форум на грантистите
кои се дел од Цивика мобилитас програмата насловен како „Граѓаните за
промени-Ден на граѓанските организации“, а се оддржа на 23 септември во
Градскиот парк на „Школка“ во Скопје.
Програмата се состоеше од повеќе од 30-тина настани кои се одвиваа
паралелно, а беа надополнети и со настапи на повеќе музичари, меѓу кои
хор Симбиосис, Шурбе, Џун, Концепт 59, РИБ и Тамара Тодевска.
Официјално, форумот беше отворен во 13 часот од страна на нејзината
екселенција Сибил Сутер Тејада – Амбасадорката на Швајцарија во
Р.Македонија, а потоа се обратија и Питер Тоинес и Александар
Кржаловски, кои се меѓународниот и националниот лидер на тимот на
Цивика.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Реализирани 5 маалски акции и многу размрдани прсти |
Иницијативата Мрдни со прст поттикна реализирање на 5
маалски акции во Свети Николе.Првата маалска акција беше чистење и
разубавување на просторот пред една од зградите на улица Ударничка. На
исчистениот простор соседите поставија бетонска подлога и мермерна маса
со четири клупи и исфарбаа односно декорираа неколку стари автомобиски
гуми со цел дополнително да го разубават просторот. Во оваа маалска
акција се вклучија 20тина соседи, а свој придонес дадоа и вработените од
комуналното претпријатие Комуналец.Втората маалска акција беше уредување
на неискористен простор на улица Рахилка Гонева, пред стамбен простор 29
и 31. Откако се исчисти просторот на 15 квадартни метри се поставија
бекатон плочки и мермерна маса со четири клупи. Фарбање на стари
автомобилски гуми и креирање на разни украсни форми исто така беше дел
од оваа маалска акција. Во оваа акција се вклучија 20тина соседи кои
заеднички учествуваа во целиот процес, а помош имаа и од волонтерите од
Доброволното Противпожарно Друштво. ..
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Еко- акции за чистење и разубавување на излетничките места во Свети Николе |
Со цел подигање на свеста за здрава животна средина
на жителите на општина Свети Николе, во рамките на кампањата „Мрдни со
Прст“ во Свети Николе се реализараа две еко-акции за чистење на
излетничките места горно Ѓуриште, Бареш и Мавровица.Акциите беа
спроведени во соработка со партнерските организации Извиднички одред
„Гоце Делчев“ и Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, како и
со поддршка на Локалната Самоуправа, ЈКП Комуналец, општинските основни
и средни училишта, МИК Свети Николе, како и општата популација. Првата
еко акција која беше чистење на горно Ѓуриште и Бареш се реализираше на
16ти Септември, а во неа зедоа учество 120 граѓани. За време на оваа
акција присутните се забавуваа со DJ MATS. Еко акцијата за чистење на
Мавровица се реализираше на 11ти октомври, а на неа учествуваа 50тина
граѓани.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС |
Тема на
конкурсот:„ЈАС НЕ ЈА ЗАГАДУВАМ ПРИРОДАТА И СЕ ГРИЖАМ ЗА СВОЈОТ ГРАД“
Организација на жените на општина Свети Николе во
рамките на Кампањата Мрдни со Прст објавува награден литературен и
ликовен конкурс.На конкурсот со свои трудови и дела може да се пријават
деца и млади од општина Свети Николе од две
возрасни категории:
За
најдобрите литературни и ликовни творби се предвидуваат 12 награди.
Огласот ќе биде активен во периодот од 01/09/2017
до 22/09/2017 година.
Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат, тоа можат да го сторат со
доставување на своите трудови и дела директно во канцеларијата на
Организација на жените на општина Свети Николе (ул.Ленинова 1-1/4, во
центарот на градот - жолтата зграда над бурекџилница Мартини-Алгомак)
или преку нивните професори и наставници по македонски јазик и ликовно
воспитување во училиштата од кои доаѓаат.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН дел од Мрежата за проценка на влијанието на регулативи
|
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во
соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) во периодот јануари
2017 – декември 2019г. ќе анализираат како се спроведува процесот на
проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и
каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето
на јавните политики во земјата, преку проектот „Проценка на влијанието
на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на
докази“ и е финансиски поддржан од Делагацијата на Европската
Унија.Проектот „ПВР во сенка“, ќе придонесе за унапредување на доброто
владеење преку вмрежување и градење на капацитети на граѓанските
организации за следење и анализа на спроведувањето на ПВР. Целта на
проектот е да се зголеми можноста за активно вклучување на граѓанските
организации во ПВР процесот и во реформите на јавните политики преку
вмрежување, инклузивни консултации и обуки.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Акција за чистење на речното корито на реката Поток |
„Мрдни со Прст" е кампања, платформа на организации и
неформални групи кои на било каков начин придонесуваат за општото добро
во нашето општество. Кампањата има за цел да ги повика граѓаните да
размислат на каков начин самите можат да придонесат кон адресирање или
решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваме.Преку
Организација на жените на општина Свети Николе кампањата „Мрдни со Прст"
стана присутна и во нашиот град. Во периодот од јули до октомври 2017
година, ОЖОСВН заедно со своите партнер организции Доброволно
противпожарно друштво-ДПД и Извиднички Одред „Гоце Делчев" од Свети
Николе, ќе реализираат повеќе од десетина акции на кои очекуваме да
присуствуваат и вклучат многу локални организации, институции и граѓани.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Јавен оглас за маалски акции |
Во
рамките на "Кампањата Мрдни со Прст"- Организација на жените на општина
Свети Николе распишува јавен оглас за најмалку 3 маалски акции. Да ги
размрдаме прстите и да го разубавиме соседството и опкружувањето околку
нас.
Проектот ќе поддржува маалски
акции од типот на:
1. Поставување на урбана
опрема (набавка на клупи, масички, лулашки за деца..)
2. Уредување на маалски
простор (чистење, садење цвеќиња-петунии или љубичици, разубавување на
запуштени делови итн.)
3. Партерно уредување на
маалски простор
4. Набавка на контејнери,
корпи за ѓубре и друга комунална опрема
5. Останати акции и
активности кои придонесуваат за остварување на целите на кампањата.
Огласот ќе биде активен во
периодот од 19/07/2017 до 30/07/2017 година.
Сите заинтересирани кои
сакаат да аплицираат, тоа можат да го сторат лично со потполнување на
апликација директно во канцеларијата на Организација на жените на
општина Свети Николе или пак тоа да го направат online.
На линкот се наоѓа
аликацијата.
https://docs.google.com/forms/d/1NIq2sOY9KffYM2se1QPq0PzEIwITYKOrjbdlSmjhMl4/edit
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Свети Николе мрда со прст! |
Организација
нае жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН) под мотото "Мрдни со Прст,
Ти си на Потег", на 19 Јули со почеток во 19:30 часот на градскиот
плоштад во Свети Николе го промовираше проектот: „Активности за
подигнување на свеста за грижа за животната средина во Свети Николе,,
Проектот ќе
се реализира во временски период од месец Јули до месец Октомври 2017
година со планирaни серија на активности и тоа :
- чистење на
речното корито,
-три еколошки
акции за чистење на м.в.Ѓуриште, Бареш и Мавровица,
-разубавување
на одредени локации во градот,
-поставување
на урбана опрема
-културни
настани со театарска претстава, литературни и ликовни конкурси за деца и
млади и
- реализирање
на маалски акции.
Промотивниот
настан беше организиран во партнерство со Доброволното противпожарно
друштво (ДПД) од Свети Николе, Извидничкиот одред „Гоце Делчев“ од Свети
Николе , а во соработка со ЕЛС Свети Николе и Јавното комунално
претпријатие (ЈКП-Комуналец) од Свети Николе.
На
промотивниот настан се организираше еко работилница за деца на тема:
„Засади го твоето прво цвеќе и подари го". Работилницата беше водена од
страна на волонтерката од Мировниот корпус од ОЖОСВН и на истата ,
најмалите посетители засадија 50 цвеќиња и ги поделија на посетителите
на овој настан. Волонтерите и волонтерките од Организацијата на сите
посетители на промотивниот настан им поделија едукативни-информативни
флаери, торбички и пенкала со логото на камањата.
Интересот за
работилницата беше толку голем, исто како и посетеноста на настанот.
Промоцијата беше збогатена со културно забавна програма на музичкиот
бенд STREET TALE од Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
"Youth-led Activism / Changemakers", младинска размена |
Во соработка со СППМД од Кавадарци, четири волонтери
и волонтерки од Организација на жените на општина Свети Николе од 25
јуни до 1 јули земаа учество на размената "Youth-led
Activism/Changemakers" која ја реализира организацијата ТОКА од
Приштина. На младинска размена во Приштина учествуваа 20 млади од
Македонија, Шведска и Косово. Младите имаа работилници на различни теми
како: загадување, дискриминација, човечки права и др. Младинскиот камп
беше посетен од страна на неговата екселенција г-нот Хенрик Нилсон,
Амбасадорот на Шведска во Косово. Амбасадорот заедно со учесниците на
размената сподели свое лично искуство од неговиот граѓански ангажман и
им порача да бидат толерантни еден кон друг и дека само така ќе може да
ги надминат бариерите. Организацијата домаќин во склоп на своите
проектни активности организира и посета на повеќе културно историски
споменици во Приштина и околината.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Практикантство во Граѓански сектор |
Организација на жените на општина Свети Николе во
соработка со Агенцијата за вработување на Р.Македонија, подрачна единица
Центар за вработување – Свети Николе беше дел од имплементацијата на ИПА
проектот ,,Поддршка за вработување на млади, долгорочно невработени и
жени", финансиски поддржан од Европска Унија преку Оперативна програма
за развој на човечки ресурси, компонента А. Практикантството како
поддршка за вработување на млади лица до 29 години, во кој учествуваше
ОЖОСВН, има за цел подобрување на перспективите за вработување на млади
лица, притоа одразувајќи ги моменталните потреби на пазарот на труд,
како и младите невработени лица до 29 години да се здобијат со прво
работно искуство согласно нивното образование.Во периодот Април-Јуни
2017 година како практикантка во Организацијата беше вклучена Сања
Малиновска од Свети Николе, која беше ангажирана како асистентка на ИТ
администраторот
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Волонтерите на ОЖОСВН се дел од Европскиот Волонтерски Сервис-ЕВС
|
Во соработка со Советот за превенција против
малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, Иво Митрушев и Сања
Ваневска почнувајќи од јуни 2016 година до февруари 2017 година беа дел
од EVS проектот „Be the part of BIT“ кој е активност во Ерзмус+,
Европскиот волонтерски сервис, а се реализираше во Черномељ,
Р.Словенија. Волонтерите кои беа вклучени како ЕVS зедоа активно учество
во организирање на настани, хуманитарни концерти, фолклорни фестивали,
детски фестивали, земаа учество на младински размени на различни теми,
како: радикализам, спорт, историја итн. но и волонтираа во дом за стари
лица и работа со деца во дом за лица со посебни потреби. Одличната
соработка со Советот за превенција против малолетничка деликвенција,
СППМД од Кавадарци донесе уште 2 ЕВС договори за наши членки. Емина
Токовиќ и Мартина Богдановска волонтерки од ОЖОСВН зедоа учество во EVS
програмата во проектот „Where Passion Ignites Inspiration" финансиски
подржан од програмата Еразмус + на Советот на Европа во реализација на
Bo drum Dance Club Association.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Локална стратегија за социјална инклузија на жени и млади во општина Свети
Николе |
Во периодот од ноември 2016 до април 2017 година,
Организација на жените на општина Свети Николе заедно со 35 претставници
на различни локални чинители од Свети Николе (одделенијата на Локалната
самоуправа, членови на општинските совети, претставници на владини
институции, Центарот за социјална работа, образовни и академски
институции, невладини организации, претставници на бизнис секторот,
претставници на политички партии и др. субјекти) кои се дел од ЛАПСИ на
општина Свети Николе, работеа на детектирање на проблеми кои ги засегаат
младите и жените во општина Свети Николе и изнаоѓање решенија за нивно
надминување. Резултат на работата на ЛАПСИ после три оддржани
работилници во периодот декември 2016г. до март 2017 година изработена е
тригодишна Локална стратегија за социјална инклузија на жените и младите
во општина Свети Николе за периодот 2017-2020 и изработен годишен
акционен план.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Младите од Свети Николе дел од Национална кампања „Информирај се сега" |
Кампањата „Информирај се СЕГА!" ја спроведуваат
Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО
СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт.
Кампањата се реализира во периодот од 01
септември 2016 до 31 мај 2017 година, а ОЖОСВН е локален партнер
и реализира активности од кампањата на локално ниво.
Националната кампања „Информирај се СЕГА!" се реализира во континуитет
втора година и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да
дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, како и да
бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното
информатичко општество, а преку активности за подигање на свест кај
младите луѓе за важноста на е-информирањето, креирање и промовирање на
мобилна Апликација за младинско информирање и формирање на мрежа за
младинско информирање на национално ниво.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Подигање на свеста во борбата против Трговија со луѓе |
Организација на жените на општина Свети Николе во
периодот март-мај 2017 година како партнер на Здружението за акција
против насилство и трговија со луѓе, Ла Страда - Отворена порта од
Скопје се вклучи во активности за промовирање, поддршка и спроведување
на активности поврзани со поттикнување на борбата против трговија со
луѓе. ОЖОСВН беше локален партнер и за таа цел во општина Свети Николе
беа реализирани различни активности за активирање на младите
светиниколчани во борбата против Трговија со луѓе. За таа цел се
контактираше и се остварија средби со средните училишта и Славјанскиот
универзитет од Свети Николе каде беше презентиран повикот за изработка
на награден мултимедијален проект, мултимедијален производ на тема „Трговија
со луѓе“ .
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН тековно ги зајакнува капацитетите на своите членови и подржувачи
|
Во соработка со партнерски организации од Р.Македонија и европските
земји, како и со институции, организации, фондации, волонтери,
волонтерки и поддржувачи на ОЖОСВН, во изминатиот период беа вклучени во
низа активности, работилници, конференции, тренинзи, активности како во
програмата на Ерзмус+ и Европскиот волонтерски сервис, така и во други
програми, партнерства и проекти.Во соработка со Советот за превенција
против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, Тодорче Мишев зеде
учество на трениг курс на тема „Empower Zone Ahead“ кој се одржа од 17
до 24 Мај 2017 во организација на Qendra Mesdheu (Mediterranean
University of Albania), во Драч Албанија. На тренингот учествуваа 38
млади од 12 европски држави. Целта на тренингот беше да се зајакнат
капацитетите на учесниците преку неформално образование, се со цел да
научат вештини за развивање на младите во општеството и преку овие
вештини да се зголеми вработеноста на млади луѓе во нивните заедници.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Продолжен институционалниот грант за уште една година |
Организација
на жените на општина Свети Николе од 1 април 2017 година до 31 март 2018
година останува институционален грантист од првата генерација на
добитници на Институционален грант за развој на својот капацитет како
граѓанска организација од „Цивика Мобилитас“ програмата за поддршка на
граѓанското општество, а во рамки на Швајцарската агенција за развој и
соработка. Со тоа ОЖОСВН добива можност во следната година да ги
унапреди своите институционални капацитети, знаења и вештини на своите
членови во повеќе области кои се важни за нејзиното функционирање како
современа граѓанска организација која ги следи во чекор поголемите,
признати и препознаени организации, но и потребите, проблемите, идеите
на своите конституенти.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН дел од Смарт Старт- развој на социјалното
претприемништво во Македонија |
Смарт Старт е регионален проект, финансиран од ЕУ –
Програма за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2014 – 2015
(поддршка за тематските регионални мрежи на организации на граѓанското
општество). Овој проект се спроведува во земјите-кориснички на ИПА, во
земјите од Западен Балкан и Турција, преку проектниот конзорциум: Центар
за промоција на граѓанското општество – ЦПГО (Босна и Херцеговина),
Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП (Македонија),
Институтот за претприемништво и економски развој – ИПЕР (Црна Гора),
Центар за развој на непрофитниот сектор (Србија) и YADA-фондацијата
(Турција), со поддршка на КЕСИР ХР оd Хрватска.Општата цел на проектот е
да се помогне во креирање на соодветна средина за социјално
претприемништво на организациите од граѓанското општество (ГО) и да се
подобри нивната одржливост, финансиска одржливост и социјално влијание
во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Младинска размена во Троген |
Во соработка со Советот за превенција против
малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, Ангела Јанева, Мартин
Николов, Драгана Монева, ученици од Гимазијата „Кочо Рацин“ Свети
Николе, а воедно и волонтери во ОЖОСВН од 10ти до 24ти јануари
2017година зедоа учество на двенеделната младинска размена во
организација на фондацијата Песталоци во Троген, Швајцарија, заедно со
40 ученици од разни градови од Р.Македонија и 40 ученици од цела Босна и
Херцеговина. На размената учениците дискутираа, истражуваа и ги
зголемија знаењата за темите: анти-дискриминација, миграција и
разрешување конфликти. По враќањето од Троген на 9ти февруари учесниците
на размената, во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Свети Николе организираа
работилница на тема Дискриминација, и на истата учество земаа 20 ученици
на возраст од 15 до 17години.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Кампања 31 ден - 31 жена, март – месецот на жената
„Жените од Свети
Николе низ историјата" |
Организација на жените на општина Свети Николе по
втор пат оваа година ја реализира локалната кампања „31 ден – 31 жена,
март –месецот на жената". Оваа година со кампањата беа опфатени жени од
општина Свети Николе, првенки во своите професии и трасирање на патот за
интегрирање и вклучување на жените во
различни полиња од општествениот живот.
Самата идеја беше поттикната и спроведена од страна на Рахела Симеонова
Манева која повеќе од два месеци истражуваше и прибираше информации,
податоци, фотографии за жените првенки, а се реализираше заедно со помош
и подршка на тимот во ОЖОСВН ангажиран за реализација на
институционалниот гранд од Цивика Мобилитас Програмата.
Кампањата
се одвиваше преку социјалните мрежи, односно Facebook страната
на ОЖОСВН, каде 31 ден секојдневно се
објавуваше по една жена првенка, со фотографија и нејзина биографија,
односно информации прибрани од самите жени или блиски нивни роднини и
пријатели. Кампањата наиде на многу
позитивни коментари и критики од страна на целото локално население, па
тоа беше и причина плус за да се организира изложба со фотографиите и
биографиите на сите 31 жена. Изложбата беше организирана во соработка со
Народен Музеј Свети Николе, а беше отворена на 12 април 2017 година, на
тема „Жените од Свети Николе низ историјата", истата беше посветена на
жената активистка и борец за женски права, покојната прва претседателка
на ОЖОСВН, г-ѓа Вера Златева и секако, на триесет и една светиколчанка,
првенки, кои зад себе оставиле значајни достигнувања во разни области.
Со пригодна програма посветена на жените и говори на претседателката на
ОЖОСВН - Даниела Панева и директорот на Н.Музеј – Александар Арсов, како
и на Рахела С.М. и дел од присутните жени првенки, беше отворена првата
изложба од ваков тип во општина Свети Николе, а Народниот Музеј беше
премал за да ги собере сите заинтересирани посетители
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Традиционално – Велигденски штанд на ОЖОСВН |
Втора година по ред,
по иницијатива на младите членки и членови од Организацијата, кои заедно
со членките на групата за самопомош реализираа
неколку креативни работилници за изработка
на Велигденски украси. Материјалите
за изработките беа набавени со финансиска поддршка од институционалниот
грант од Цивика Мобилитас Програмата и ЛС Свети Николе. На работилниците
се изработија над 250 големи и мали корпи за јајца, од различни
материјали и истите беа изложени и
продавани на 13 април - Велики
четврток во центарот на градот, пред канцеларијата на ОЖОСВН и малкуте
изработки кои останаа од првиот ден беа дополнети со други изработки од
групата за самопомош и продавани на 14 април – Велики Петок, пред
црквата Св.Никола.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Реализиран партнерскиот проект „Унапредување на социјалната вклученост
преку ефективно искористување на ЕУ фондовите" |
Проектот „Унапредување на социјалната вклученост
преку ефективно искористување на ЕУ фондовите" се реализираше во
периодот декември 2015 се до април 2017 година, а беше воден од
Институтот за демократија „Социетас цивилис" од Скопје (ИДСЦС) во
партнерство со ОЖОСВН и АДИ од Гостивар. Проектот беше финансиски
поддржан од Европската комисија.Проектот имаше за цел да се зајакнат
капацитетите на Заводот за социјални дејности, Центрите за социјална
работа низ Р.Македонија и граѓанските организации кои работат на полето
на социјалната заштита во развивање на Програми за социјална вклученост
преку ефикасно користење на фондовите кои ги нуди Европска унија за
претпристапните земји.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Континуитет на Групата за самопомош со финансиска поддршка на Локална
самоуправа Свети Николе |
Локална
самоуправа Свети Николе со средства од буџетот на општина Свети Николе,
наменети за здруженија на граѓани и оваа година, финансиски ги поддржа
проектните активности на ОЖОСВН наменети за групата за самопомош на жени
заболени и лекувани од малигни заболувања од општина Свети Николе.Целта
на проектните активности е зајакнување на самодовербата на жените од
групата за самопомош и полесно надминување на траумите и последиците од
болеста со која што се соочиле,
преку давање стручна психосоцијална
и здравствена помош и креативно исполнување
на слободното време.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ОЖОСВН на Хуманитарен Новогодишен Базар во МСУ „Г.Р.Державин“-Свети
Николе |
Волонтерите од Организација на жените на општина
Свети Николе во месец декември 2016 година, реализираа креативни
работилници за изработка на Новогодишни и Божиќни украси. Креативните
изработки беа изложени и се продаваа за хуманитарни цели на Божиќниот
Базар кој беше дел од Божиќниот фестивал во
организација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“
реализиран во периодот од 27 до 29 декември 2016 година.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|