|
ФАРЕ НЕДЕЛА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ
Организација на жените на општина Свети
Николе на 18ти октомври 2016 година по 12ти пат се вклучи во
одбележување на Европската ФАРЕ недела. По тој повод во соработка со
основните училишта во општина Свети Николе се организира турнир во мал
фудбал.
На турнирот учествуваа екипи од тритте
основни училишта од општина Свети Николе и тоа од ООУ „Гоце
Делчев“, ООУ„Кирил и Методиј“ од Свети Николе и ООУ„Даме Груев“ од
с.Ерџелија. Тимовите беа составени од ученици со различна национална,
верска, полова и социјална
припадност. Турнирот се одржа во спортската сала „Цар Самоил“ во Свети
Николе и беше посетен од околу 100тина посетители. Турнирот
за отворен го прогласи директорот на ООУ „Гоце Делчев“, а најдобрите
и најуспешни учесници,
Г-нот Гордан
Здравков, македонската фудбалска легенда од Свети Николе им доделени
дипломи и признанија. Победник на турнирот беше екипата од ООУ„Гоце
Делчев“ од Свети Николе,
второ место екипата од ООУ „Даме Груев“
с.Ерџелија и третто место екипата од ООУ„Кирил и Методиј“ од Свети
Николе. На претставниците од
училиштата и фудбалскиот клуб „Овче Поле“, ОЖОСВН им додели благодарници
за соработка и придонес.
За најдобар играч на турнирот беше
прогласен Марио Панев, најдобар стрелец со три постигнати голови беше
Марио Трајковски, најдобра фудбалерка Стефанија Владева и најдобар
голман Јорданче Ефтимов.
Со реализирање на проектните активности за
подигање на свеста на младите против расизам и дискриминација на
спортските терени преку турнир во мал фудбал, фер игра, ширење на
соработка и пријателството меѓу младите од основните општински училишта,
ОЖОСВН се вклучи во 12тата ФАРЕ
неделата со спорт против расизам во Европа и против сите форми на
дискриминација по пол и етничка основа во фудбалот и општо во спортот.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|