english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Јавен повик за реализирање на локални акции

Организација на жените на Општина Свети Николе во рамките на иницијативата „Мрдни со Прст“ го објавува овој јавен повик за поддршка и спроведување на локални акции во Општина Свети Николе.

Сите предложени акции треба да бидат насочени кон активности кои се фокусираат на решавање локални проблеми кои засегаат поголем број граѓани и групи. Акциите кои ќе бидат поддржани треба да се однесуваат на подобрување на животната средина, самоорганизирање и самозастапување пред локалните институции, креативност и проактивност, едукативни и хуманитарни кампањи, изготвување на акции за подобрување на животот во општината, како и други потреби кои граѓаните сметаат дека со нивно активно вклучување и граѓански ангажман ќе можат да донесат промени во животот на нивните сограѓани.

Ги охрабруваме сите граѓани да предложат оддржливи идеи со кои можат активно да се вклучат во решавање на проблемите и ќе ја подобрат состојбата во локалната заедница и со нивна помош, сограѓаните и локалните институции заеднички ќе придонесат за квалитетен живот во Општина Свети Николе.

Сите пристигнати апликации ќе бидат оценувани од страна на петточлена Комисија за евалуација, а секоја од избраните акции ќе биде поддржана со максимум од 30.000 денари.

Да ги размрдаме прстите и да бидеме активни креатори и чинители во локалната заедница заради самите нас!

Јавниот повик е активен во периодот од 01/02/2018 до 28/02/2018 година, а сите заинтересирани може да аплицираат лично со потполнување на апликација директно во канцеларијата на Организација на жените на Општина Свети Николе (Ленинова 1-1/4) или пак тоа да го направат online преку веб страната и ФБ страната на ОЖОСВН или на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1fNG6JUb9IFjDTbvzLHLN23C5drlxAcxyc3U9v6bbWII/edit

За повеќе информации можете да се јавете на телефонските броеви:

032/444-620- Организација на жените на Општина Свети Николе и

078 407 280 - Емина Токовиќ- координатор за маалски акции од ОЖОСВН

Повелете погледнете неколку фотографии од нашите претходни успешно реализирани локални (маалски) акции

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2018 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster