македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство

Организација на жените на општина Свети Николе во рамки на програмата “Зајакнување на националните капацитети во превенција против семејното насилство” реализираше проектни активности од проектот подржан од агенциите на ООН: УНФПА , УНДП , УНИЦЕФ, УНИФЕМ и Светска здравствена Организација. Проектот носи наслов ”Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство” а целта на проектот е формирање на локални кординативни тела за заштита од семејното насилство во 5 општини : Свети Николе, Штип, Пробиштип, Кочани и Струмица.

 

Проектните активности започнаа од месец Октомври 2009 година и ќе траат до 31 Декември 2009 година. Проектни активности кои беа реализирани во овој период се:

  • еднодневна средба со локалните кординатори

  • пет тркалезни маси во пет општини: Свети Николе , Штип , Пробиштип , Кочани и Струмица. На овие средби се промовираше националната стратегија за заштита од семејно насилство 2008-2011, проблемите на локално ниво од страна на институциите и потребата од формирање на локално кординативно тело за поквалитетна заштита на жртвите на семејно насилство,подобра соработка меѓу институциите и невладиниот сектор и поголема кординација меѓу институциите кои го третираат проблемот семејно насилство.

  • формирани локални кординативни тела во пет општини

  • изработен спот за промоција на кординативните тела

  • пет ТВ емисии на локалните телевизии во петте општини и

  • 3 дводневни Семинари со цел изработка на Водич за постапување на институциите при појава на одредени случаи на семејно насилство, семинар наменет за претставници од Центрите за социјална работа, полицијата, образованието, здравството и НВО-секторот.

Даниела Панева
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster