english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Практикантство во Граѓански сектор

Организација на жените на општина Свети Николе во соработка со Агенцијата за вработување на Р.Македонија, подрачна единица Центар за вработување – Свети Николе беше дел од имплементацијата на ИПА проектот ,,Поддршка за вработување на млади, долгорочно невработени и жени", финансиски поддржан од Европска Унија преку Оперативна програма за развој на човечки ресурси, компонента А. Практикантството како поддршка за вработување на млади лица до 29 години, во кој учествуваше ОЖОСВН, има за цел подобрување на перспективите за вработување на млади лица, притоа одразувајќи ги моменталните потреби на пазарот на труд, како и младите невработени лица до 29 години да се здобијат со прво работно искуство согласно нивното образование.

Во периодот Април-Јуни 2017 година како практикантка во Организацијата беше вклучена Сања Малиновска од Свети Николе, која беше ангажирана како асистентка на ИТ администраторот и ги извршуваше следниве работни задачи за време на практичната работа:

  • Средување на електронски датотеки

  • Изработка на мултимедијално видео

  • Ажурирање на социјални мрежи и нивна структура

  • Ажурирање на табели и податоци

  • Организирање и реализирање на кампањата ,,Информирај се сега"

  • Други административни активности

За време на својот практикантски ангажман Сања дополнително, волонтерски организираше креативни работилници, учествуваше на обуки и семинари и зеде учество на повеќе активности кои беа во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе. Практикантката продолжува со ангажман во ОЖОСВН во наредните четири месеци како проектен асистент.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster