english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Изработена стратегијата за локален економски развој на општина Свети Николе

Во периодот Јули – Ноември 2016 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектотИзработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе" кој финансиски беше поддржан од Влада на Р.Македонија -Генерален секретаријат.

Целта на проектот беше изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе која преку вклучување на сите чинители треба да придонесе за остварување на визијата на општината, остварување на стратешките цели, кои пак претставуваат мерки за идентификување и решавање на најгорливите проблеми со кои се соочува Општина Свети Николе.

 

Во рамките на проектот беа реализирани следниве активности:

  • Работен состанок со вработените во ЛЕР, финансии и градоначалник на општина Свети Николе;

  • Ревидирање (деск истражување) на постојните стратешки документи со кои располага општина Свети Николе;

  • Изработка на анкетен прашалник;

  • Анкетно истражување со претставници на бизнис сектор, невладини организации и граѓани (анкетирани се 100 граѓани на различна возраст од различен социо-економски статус, 10 претставници на бизнис сектор, 10 претставници на невладини организации);

  • Реализирање на 2 фокус групи со вработени во локалната администрација, државни институции и јавен сектор;

  • Сумирање на резултатите;

  • Реализација на 3 работилници за изработка на нацрт стратегија за пет години 2016 – 2021 година (одредени се приоритети за општина Свети Николе);

  • Изработена е стратегијата за локален економски развој на општина Свети Николе 2017-2021 година;

  • Инфомирана јавност за изработена стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе;

  • Се воспостави нова и се зајакна веќе постоечката соработка на Организација на жените на општина Свети Николе со локалната самоуправа на општина Свети Николе и претставници кои присуствуваа на фокус групите и работилниците;

На следниот линк може да ја погледнете изјавата на нашата Претседателка г-ѓа Даниела Панева.

https://www.youtube.com/watch?v=2jmfqlEPQZU

Со реализирањето на предвидените проектни активности и постигнатите резултати од истите се остварија поставените цели на проектот, се осознаа потребите на граѓаните и преку реалзирањето на стратегијата ќе се обезбеди конкурентност и ќе се подобрат економските резултати во сите сегменти на стопанството, отворање на нови фирми и производни капацитети, намалување на невработеноста, подигнување на животниот стандард, но и инфраструктура адаптирана на потребите на сите граѓани на општина Свети Николе.

Реализацијата на овој проект покажа дека е евидентна потребата од дополнителни вакви проекти каде граѓаните, вработените во институциите и во општината, бизнис секторот ќе имаат можност директно и поконкретно да дадат придонес во изработката на документи кои се значајни за развојот на самата општина, а бенефит ќе имаат сите кои живееат во општина Свети Николе.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster