Целодневниот Форум се оддржа на 14 јули
2016 година во градската библиотека „Гоце Делчев“ при Домот на културата
„Крсте П.Мисирков“ во Свети Николе, а на истиот учествуваа седумдесетина
претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други
заинтересирани луѓе од двата региони.
Главниот фокус на форумот беа миграциите
односно различните типови на внатрешни и надворешни миграции, обемот кој
се повеќе го зафаќаат и што да направиме и како може да влијаеме на
спречување и намалување на миграциите во Вардарскиот и Североисточниот
плански регион на Македонија.
Форумот беше поделен во три работни дела,
односно панел дискусија, работилница и меѓусебно запознавање, вмрежување
и неформално дружење на учесниците.
Во рамки на првиот дел односно панелот
насловен „Миграциите-вистина и предизвик“, панелистите зборуваа за
глобалната состојба, причините за миграциите и нивното влијание пред се
врз мирот и безбедноста, но и економско-социјалната состојба во
Македонија, иселувањето на здравствените работници и ефектите врз
здравствениот систем, одливот на кадри и недостиг на лекари по општините
како последица од миграциите, потребата од детални анализи и мерки кои
треба да се превземат, партиските превирања и политичката состојба во
државата, можностите надвор од Македонија, искуство стекнато во
странство итн. Емоционалната природа на темата ги поттикна присутните да
развијат дискусија со практични искуства од миграциите на членови од
нивните семејства, па се согледа и потребата од овозможување на простор
за ваков тип на дискусии и здружена акција за намалување на иселувањето.
|
|
|
Вториот дел од форумот продолжи со
интерактивна работилница на која учествуваа сите присутни и беа
предизвикани да дадат мислење за одреден став во однос на причините и
последиците од миграциите и завршниот дел од форумот имаа презентации на
своите активности дел од присутните организации од регионот, а форумот
заврши со неформално дружење, размена на идеи и можности за соработка.
Во рамките на форумот исто така Жените
креативнки од Велес, Лозово и Свети Николе се презентираа со изложба на
рачно изработени предмети, накит и парчиња облека, изложба на ромската
култура од ДРОМ-Куманово, како и дел од присутните организации со свој
промотивен материјал.
При организација на форумот покрај
проектната канцеларија на Цивика Мобилитас Програмата и ОЖОСВН
учествуваа и Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес,
Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, Центар на ромска заедница
„Дром“ и Мултиетничко здружение Флоренс Најтингел од Куманово.