english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

Нордиски форум , Малме Шведска

Врз основа на долгогодишната соработка и институционална подршка од Квина тил Квина од Шведска, од 11-15 Јуни , Даниела Панева , активистка во Организација на жените на општина Свети Николе присуствуваше на регионална конференција наменета за бранители на женски човекови права, а именувана како Нордиски форум .

Нордискиот форум се одржа во Арена во Малме-Шведска, а беше организиран од страна на женското движење во Шведска, Данска, Финска, Исланд и Норвешка.

На овој форум се дискутираа повеќе актуелни прашања поврзани со еманципацијата на жените, родовата еднаквост, заштита од семејно насилство и сите други видови на насилство како и прашања поврзани со мирот и сигуирноста на жените .

 
     
 

На Нордискиот форум учествуваа околу 15000 учеснички од повеќе земји од светот. Дискусиите на Форумските работилници беа фокусирани на основните документи за женските човекови права, Пекингшката платформа за акција, Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Резолуцијата на ООН 1325-жени,мир и сигурност како и нови иницијативи акцентирани за подобрување на положбата на жената во сите сфери на јавниот,приватниот и политичкиот живот.

На овој петдневен форум се остварија многубројни контакти со скандинавските женски НВО кои работат на полето на заштита на женските човекови права,се дискутираа прашања од важност за сите жени во светот и се донесоа заклучоци за идно постапување при решавање на проблемите со кои се засегнати жените.

Најважни заклучоци кои се донесоа на работилниците од Нордискиот форум се :

  • Потребно е глобално движење на сите женски организации,

  • Потребна е голема енергија и сила за застапување и решавање на женските прашања,

  • Неопходна е соработка со владините институции на локлано и национално ниво,

  • Неопходно е соработка со медиумите на локално ,национално и меѓународно ниво и

  • пред се потребна е политичка воља за работа за да се постигнат позитивни резултати при донесување на било кој вид на стратегија , акционен план или имплементација на некој Закон.

 

 
     

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster