Младите од Свети Николе
дел од Национална кампања „Информирај се сега"
Кампањата „Информирај се
СЕГА!" ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и
Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со
Агенција за млади и спорт. Кампањата се реализира во периодот од
01
септември 2016
до 31 мај 2017
година, а ОЖОСВН е локален партнер и реализира
активности од кампањата на локално ниво.
Националната кампања
„Информирај се СЕГА!" се реализира во континуитет втора година и има за
цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни
интернет информации кои им се потребни, како и да бидат целосно
описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество,
а преку активности за подигање на свест кај младите луѓе за важноста на
е-информирањето, креирање и промовирање на
мобилна Апликација
за младинско информирање и формирање на мрежа за младинско информирање
на национално ниво.
Интернетот е платформа
каде што младите поминуваат најголем дел од своето време, дебатираат,
споделуваат информации и учат едни од други, па со тоа веб информирањето
се појавува како клучен дел од општествената реалност на младите луѓе, а
идејата за дигитална заедница расте со иста важност .
Појавата на нови
платформи, како што се мобилни апликации, игри, „паметни уреди" и други
интерактивни алатки го менуваат форматот на информации и се подостапни .
Па од тука и идејата
да се дигитализираат и информациите кои се од важност за младите, кои ќе
бидат подостапни во секое време на едно место.
Како дел од кампањата
ОЖОСВН реализираше неколку креативни работилници со млади за промовирање
на мобилната апликација која е производ на проектот, оддржа неколку
работилници со средношколци и организираше промотивен настан на
кампањата и на апликацијата.
На 19 мај 2017 година на
градскиот плоштад во Свети Николе се реализираше промотивен настан на
кампањата, каде меѓудругото беше презентирана и мобилната апликација. За
овој настан младите волонтери и волонтерки од ОЖОСВН подготвија
интересно пано каде случајните минувачи имаа можност да се фотографираат
и да добијат промотивни материјали од кампањата со насоки како да ја
инсталираат мобилната апликација на своите телефони. Настанот го
посетија над стотина ученици, млади и граѓани од општина Свети Николе.
Првата мобилна
апликација е достапна за секого на следниот линк :
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.ionicframework.myionic2project718999&hl=en
Организација на жените на општина Свети Николе
|