english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ОЖОСВН на Хуманитарен Новогодишен Базар во МСУ „Г.Р.Державин“-Свети Николе

Волонтерите од Организација на жените на општина Свети Николе во месец декември 2016 година, реализираа креативни работилници за изработка на Новогодишни и Божиќни украси. Креативните изработки беа изложени и се продаваа за хуманитарни цели на Божиќниот Базар кој беше дел од Божиќниот фестивал во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“ реализиран во периодот од 27 до 29 декември 2016 година.

Божиќниот штанд се состоеше од рачни изработки на волонтери од Организацијата и на членките на групата за самопомош, која повеќе од 12 години функционира во рамките на Здравствената програма на Организацијата. Секој посетител на Базарот можеше да одбере креативна изработка од штандот на ОЖОСВН и да донира средства за поддршка на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. Реализација на ваква иницијатива која по втор пат се реализира годинава, беше успешна, а светиниколчани повторно имаа можност да ја покажат својата хуманост и со секоја одбрана изработка доброволно да донираат и да помогнат на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања од општина Свети Николе.

 
     
 
     
 
     

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster