Проект за придружна
социјална работа на територија на Република Македонија |
Во
рамките на Програмата за придружна
социјална работа со жртви на трговија со луѓе и високо ризични случаи
Здружението на граѓаните за акција против насилство и трговија со луѓе-
Отворена Порта Скопје го имплементира проектот ,,Проект за
придружна социјална работа
на територија на Република Македонија,,.
Организацијата на жените на општина Свети Николе како
партнер организација во периодот
од август 2012 – јуни 2013 година спроведува проектни активности на
територијата на општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Минимален
достоинствен приход во Република Македонија” |
Македонската
платформа против сиромаштија (МППС) со поддршка од Националниот
Демократски Институт (НДИ), во период од декември 2012 до март 2013
година, реализира проектни активности за спроведување на законодавната
иницијатива “Минимален достоинствен приход во Република Македонија”.
Целта на оваа иницијатива е подигање на јавната свест на граѓаните,
власта и опозицијата за потребата од воведување на Минимален
достоинствен приход.
Организација на жените на општина Свети Николе како членка на
Македонската платформа против сиромаштија (МППС), на локално ниво
реализираше активности предвидени со оваа иницијатива.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Жената промотор на
меѓуетничкиот дијалог во локалната заедница“ |
Организација
на жените на општина Свети Николе во период од 01.08.2012 до 31.01.2013
реализираше активности во рамки на проектот “Жената промотор на
меѓуетничкиот дијалог во локалната заедница“. Проектот беше спроведен со
финансиска поддршка на Екуменска иницијатива на жените – Р.Хрватска.
Целта на проектот беше подигање на свеста и активно учество
на жените во градењето на мирот, зајакнување на безбедноста,
меѓуетничкиот дијалог во 6 општини преку спроведување на Резолуцијата
1325.
Од одржаните 6 форуми произлегоа неколку заклучоци и препораки.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЛОКАЛЕН
ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС |
Организација
на жените на Општина Свети Николе е вклучена во имплементацијата на
четвртиот циклус од
проектот „Локален
Волонтерски Сервис“
чиј
носител е Младински културен
центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија).
За потребите на проектот го
објавуваме
повикот за пријавување на
волонтери за пополнување на слободните волонтерски
позиции.
За сите волонтери е
обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана
за период од 3 месеци. Волонтирањето бара
секојдневен ангажман во работни денови по
најмалку
4 часа.
Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец
јануари 2013 година.
Рокот за пријавување е до
30
ноември 2012
година.
!!! Пријавата може да ја превземете овде !!!
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Младински Форум "Youth
Cooperation Beyond Borders” |
Од 27
до 31
Октомври 2012
година
во Баку,
Азербејџан
се
одржа Младинскиот
Форум "Youth
Cooperation Beyond Borders” на
кој
учествуваше
и
нашиот претставник
Александар
Богатинов.
Форумот како единствен настан од таков вид во последните
шест години во Европа беше во организација на:
-SALTO за Источна
Европа и Кавказ;
-SALTO за ЕуроМед
земјите;
-SALTO за Југоисточна
Европа ;
-Полската, Француската и Словенечката национална агенција за Програмата
“Млади во акција”;
-Коорганизатори и домакини на форумот беа
Министерството за млади и спорт на Република Азербејџан заедно со
Младинска Фондација на Азербејџан;
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Нашата нова e-mail адреса е
womsvetinikole@yahoo.com |
Почитувани пријатели и
соработници,
Ве информираме дека Организацијата на жените на Општина Свети
Николе има нова службена e-mail
адреса -
womsvetinikole@yahoo.com
Поради невозможност да го решиме проблемот со нашата
стара e-mail адреса (wom_org@yahoo.com),
како наша службена
e-mail
адреса во иднина ќе ја користиме womsvetinikole@yahoo.com и затоа
Ве молиме
во иднина
да не контактирате на нашата нова адреса.
Со почит,
Вашата Организација на жените на општина Свети Николе
Dear friends and colleagues,
Organization of Women of Municipality of Sveti Nikole inform you that we
have new official e-mail –
womsvetinikole@yahoo.com
Due to the impossibility to solve the problem with
our old e-mail (wom_org@yahoo.com), please in the future contact us at
our new e-mail
Sincerely,
Yours Organization of women of municipality of Sveti Nikole |
на почеток= |
Македонската платформа
против сиромаштија |
Организација
на жените на општина Свети Николе од 2010 година е членка на
Македонската платформа против сиромаштија (МППС). Во период од Јуни
до Октомври 2012 Македонската платформа против сиромаштија
со финансиска поддршка од Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од
Скопје ќе го спроведува проектот :
Мапирање на социјалните потреби на локално ниво во
општините Гази Баба, Кочани, Св. Николе, Битола и Тетово. Организација
на жените на општина Свети Николе како членка на МППС, во овој период ќе
спроведува активности на локално ниво во општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство 3” |
Организација
на жените на општина Свети Николе во период од 01.06.2012-30.06.2012
реализираше активности во рамки на проектот “ Заедно
сме посилни да го спречиме сменјното насилство 3”. Проектот беше
спроведен со финансиска поддршка на УНФПА и е дел од заедничката
програма на УН агенциите “Зајакнување на Националните Капацитети во
борба против смејното насилство”.
Како соработници при спроведување на активностите
беа ЕХО – Штип, Еднакви за сите – Кочани и Здружение на социјални
работници – Пробиштип.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Жените градат сигурна иднина во Р.Македонија преку имплементација на
Резолуцијата 1325 |
Во
период от од
Декември 2011 –
Август
2012
беше реализиран проектот Жените градат сигурна иднина
во Република Македонија преку имплементација на Резолуцијата 1325
подржан од UNWomen, а имплементиран од Организација на жените на
општина Свети Николе во соработка со партнер
организациите: ЗГ Ауреола од Струга, ЗГ Доверба од Куманово и Здружeние
на албанската жена од Кичево
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |