|
МОЈАТА
ПРВА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА
Во Чрномељ, Словенија од
9 до 16 октомври 2017 година, во организација на Младинскиот
центар БИТ се одржа младинска размена во програмата Erazmus+ на
која учествуваа младинци од
Словенија, Македонија, Шпанија,
Португалија, Хрватска и Полска.
Волонтер на Организација
на жените на општина Свети Николе заедно со
млади од организацијата СППМД од Кавадарци учествуваа на оваа
младинска размена во Словенија.
Самиот наслов на
размената „Урбана куќа“ кажува дека
се работи за подигнување на урбанизација во руралните средини, па преку
идеи и креативни работилници за рециклирање стари работи, искористување
неискористени простори на тренингот
се формираше урбана тераса, која преку
идеите
на учесниците на размената, преку
нивно разработување во групи, тимскот дух, доби нов модерен
изглед. Оваа група млади докажаа
дека без помош и без многу пари
може да се изгради
нешто ново и корисно. Во
склоп на проектните активности беше
организирана посета на „Рецикларна“ во Ново Место, каде
учесниците се запознаа со европски
пример за рециклирање и грижа
за животната средина. Исто
така, во Љубљана учесниците
имаа можност да ги посетат
„Co-Working“ компанијата, која е
една од поголемите компании за
соработка во
Словенија, урбан паркот на Љубљана,
урбаната галерија Метелкова
арт центар.
Учесникот Марко Јованов,
за размената изјави „Се стекнав
со големо искуство, научив многу практични
работи, запознав млади од различни држави со различни култури и обичаи
кои го променија мојот социјален живот.“
Видео:
https://www.youtube.com/watch?v=reUdCyNHIoA
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|