english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ОЖОСВН дел од „Чувар(к)и на јавно ќесе“

Организација на жените на општина Свети Николе во периодот октомври-декември беше дел од проектот „Чувар(к)и на јавно ќесе“, кој пак е дел од проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Молдавија“ на UN Women финансиран од Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за соработка. Проектот е предводен од Центарот за истражување и креирање политики-ЦИКП консалтинг од Скопје, а спроведен во соработка со уште 12 невладини организации кои ја сочинуваат неформалната мрежа – Чувар(к)и на јавно ќесе.

Активностите во однос на селектираните учеснички во проектот започнаа прво со серија на неколку дневни обуки за зајакнување на капацитетите на учесници/чки кои понатаму дирекно имаа улога и учество во реализирањето на предвидените активности за мониторинг и анализа на локалните политики од аспект на родово одговорен буџет. Со тоа по завршувањето на обуките беа изработени вкупно 15 студии-родово одговорни анализи на општинските буџети на Аеродром, Битола, Боговиње, Град Скопје, Ѓорче Петров, Маврово-Ростуше, Свети Николе, Струмица, Тетово и Штип, а подготвени од страна на 12 организации кои се дел од неформалната мрежа „Чувар(к)и на јавно ќесе“.

 

Главна цел на анализите е да им се посочи на локалните самоуправи за постоењето на специфичните потреби и проблеми на жените и мажите, можните решенија и колку би чинеле истите, со што пак се очекува општините да почнат поинтензивно да го применуваат родовиот принцип при подготовка на програмите и општинските буџети, а со тоа и да ги прилагодат локалните политики по мерка на жените и мажите.

ОЖОСВН родово одговорната анализа ја направи за Програмата на општина Свети Николе за социјална заштита, поконкретно за активностите: Давање поддршка на жени заболени од рак на дојка и Поддршка на лица над 40 години за склучување на брак. Притоа направената анализа покажа дека спроведувањето на буџетот за 2015 година, општината има направено финансиски трансфери на 24 лица и исплатила 95.500 денари (51.3% жени кориснички и 48,7% мажи корисници) за лица заболени од малигни заболувања, а додека дури 180.000 денари се исплатени за поддршка на 6 мажи (100% мажи корисници) за склучување на брак. Со тоа може да се заклучи дека буџетската ефективност на поддршката на лица заболени од малигни заболувања е поголема и создава родова рамноправност, додека поддршката на лица за склучување на брак ниту е ефективна, ниту родово одговорна.

Сите родово одговорни анализи од проектот може да ги најдете на следниот линк: //www.crpm.org.mk/?p=18733.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster