Одржани работилници со групата за
самопомош
Организацијата на жените на општина Свети Николе во
рамки на проектот “Креирање на услови за поправедно општество-2”
финансиски е подржан од Шведската фондација Квинна Тилл Квинна , на
24.12.2009 година одржа две едукативни работилници за жените заболени
и лекувани од малигни заболувања. На работилниците присуствуваа 22
жени а тема за работа беа : Причини за ракот и современи начини на
лекување и воспоставување на чекори за природно здравје. Целта на
овие работилници беше да се информираат жените за влијанието на
правилната исхрана , вежбите и физичката активностослободување на
стресот и пружање на соодветен одмор .
Во текот на 2009 година се реализираа вкупно 6
работилници за жените заболени и лекувани од малигни заболувања со цел
надминување на проблемите и тешкотиите после оперативното лекување на
заболените жени и зајакнување на нивната самодоверба. Преку интерактивна
рабата и меѓусебна размена на искуствата жените полесно да ги
совладуваат психолошките трауми после оперативносто лекување. Од групата
на жени заболени и лекувани од малигни заболувања се формираше тим од
четири жени кои ги имаат надминато проблемите со болеста и индивидуално
работеа со новозаболени жени од малигни болести заради полесно
пребродување на болеста посетувајки ги во нивните домови и разговарајки
за нивните потреби.
Организација на жените на општина Свети Николе