english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Младинска размена против дискриминација

Во период од 01.08-12.08.2016 во Париз-Франција, се оддржа младинска размена на тема Youth Exchange about discrimination. Проектот го реализира l’Auberge de Jeunesse Yves-Robert од Париз-Франција, а партнери се Le foyer des jeunes de Marolles - Белгија, Црвено дрво - Србија и Организација на жените на општина Свети Николе-Македонија. Од секоја организација учествуваа по 6 претставници на возраст до 25 години и по еден младински лидер. Фокусот на размената беше Дискриминацијата, а на работилниците беа опфатени теми за типови на дискриминација, ниво на застапеноста во секоја од земјите учеснички, иновативни алатки за подигање на свеста против секаква форма на дискриминација итн. Во работниот дел од размената се реализираше и посета на претставништвото на европскиот парламент во Париз. На посетата учесниците одблизу се запознаа со инстуциите на Европската Унија и се дискутираше за предизвиците со кои се соочува Европската Унија. Проектот имаше за цел да им овозможи на група млади луѓе да научат како да се соочат со дискриминацијата и да ја развијат способноста да одговорат на овие ситуации. Проектните активности беа насочени кон реализирање на работилници дизајнирани и водени од професионални организации, каде младите ги споделија своите досегашни искуства, се запознаа со дискриминаторските механизми, а со тоа работеа на лично надминување на сопствените стереотипи и предрасуди. Преку спортски, уметнички и културен пристап, се работеше на развивање вештини и способности во борбата против дискриминацијата кај учесниците, а со тоа се придонесе за поголема свест за европско граѓанство и перспектива.

 

Во склоп на проектните активности се одржаа работилници за пишување на драма поврзани со темата, а учесниците подготвија перформанс на тема дискриминација кој беше презентиран пред пошироката јавност, како и песна за дискриминацијата компонирана и изведена од самите учесници.

https://www.youtube.com/watch?v=Dp3lxUNuWPc

Уметничкиот дел се состоеше од посета на графити, и запознавање на модата и култура на други националности кои живеат во Франција. Беше организирана посета на кварт каде живее население доселено од Африка и со тоа учесниците имаа можност да се запознаат со нивниот начин на живот, работа, нивната култура, традиција, обичаи.

Учесниците на размената имаа можност да ги презентираат своите култури, традицијата и обичаите на земјата од каде што доаѓаат на организирани национални вечери кои беа отворени за пошироката јавност.

 

Домакинот на размената за сите учесници организира посета на културно историските споменици во Париз, крстарење по Сена.

Организација на жените на општина Свети Николе на размената зеде учество со свои 7 учесници, кои се стекна со нови искуства, вештини и знаења и успешно ја презентираа својата организација и земја. Проектот финансиски е поддржан од Ерасмус+ Програмата и град Париз.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster