Извештај од средбата со Комисијата
за родова еднаквост
Како
дел од проектните активност на Организацијата на жените на општина Свети
Николе по проектот “Креирање на услови за поправедно општество-2” кој
финансиски е подржан од Шведската фондација Kvinna
Till Kvinna , на 28.12.2009 година се
одржа последната средба за оваа година со членовите на Комисијата
за родова рамноправност на општина Свети Николе.
На средбата се зборуваше за досегашните реализирани
активности на Комисијата, за поминатите обуки и едукативни предавања за
членовите на Комисијата и преземените активности од страна на Советот на
општина Свети Николе.
Преседателката на Организацијата информираше за
досегашните активности на Организацијата од родов аспект и за
предвидените проектни активности со Комисијата за идната година на
локално и национално ниво .
Преседателката на комисијата за родова рамноправност
г-ца Даниела Арсенова изјави дека во месец Декември 2009 година на
седница на Советот на општина Свети Николе , донесена е Програма за
работа за 2010 година на Комисијата и дека соработка со Организацијата
на жените на општина Свети Николе е потребна и во наредната година како
за изработка на акциониот план за работа на Комисијата така и за помош и
подршка за реализација на програмските активности.
Даниела Панева
Организација на жените на општина Свети Николе