english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе

Во периодот Јули – Ноември 2016 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализира проектот „Изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе" кој финансиски е поддржан од Влада на Р.Македонија -Генерален секретаријат.

Целта на проектот е изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе која преку вклучување на сите чинители треба да придонесе за остварување на визијата на општината, остварување на стратешките цели, кои пак претставуваат мерки за идентификување и решавање на најгорливите проблеми со кои се соочува Општина Свети Николе.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:

  • Работен состанок со вработените во ЛЕР, финансии и градоначалник на општина Свети Николе

  • Ревидирање (деск истражување) на постојните стратешки документи со кои располага општина Свети Николе

  • Изработка на анкетен прашалник

  • Анкетно истражување со претставници на бизнис сектор, невладини организации и граѓани

  • Реализирање на 2 фокус групи со вработени во локалната администрација, државни институции и јавен сектор

  • Сумирање на резултатите

  • Реализација на 3 работилници за изработка на нацрт стратегија за пет години 2016 – 2021 година

Досега во рамките на проектот се реализирани работниот состанок со вработените во ЛЕР, финансии и градоначалник на општина Свети Николе, Ревидирање (деск истражување) на постојните стратешки документи со кои располага општина Свети Николе, Изработка на анкетен прашалник, Анкетно истражување со претставници на бизнис сектор, невладини организации и граѓани и сумирање на резултати од анкетното истражување.

Со анкетното истражување беа опфатени 100 граѓани на различна возраст, 10 претставници на бизнис сектор и 10 претставници на невладини организации. На овој начин добивеме информации за нивните идеи и очекувања од идниот локален економски развој,утврдување и дефинирање на приоритетните стратешките области.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster