Оранизација на жените на општина Свети
Николе со нова управна и извршна структура
На 29 Јули 2015 година
во салата на Советот на општина Свети Николе, Организација на
жените на општина Свети Николе го оддржа шесттото изборно
Собрание.
На ова изборно собрание беа присутни членови/ки и
поддржувачи на Организацијата, соработници и други поканети гости.
Собранието го отвори г-ѓа Билјана Димова,
долгогодишна членка, основачка и претходна
долгогодишна
потпретседателка на Организацијата
и членка на Управниот одбор.
Според предложениот и усвоен дневен ред
прво се избраа работни тела на
Собранието (работно претседателство, верификациона комисија, лице за
записничар и двајца оверувачи на записникот),
потоа се презентираа:
Годишниот
извештај од работата на ОЖОСв.Н за
2014 година, завршната сметка на
ОЖОСв.Н за 2014 година и Програмата за
работа и финансиски план на ОЖОСв.Н
за 2015 г.. Следна точка на дневниот
ред на собранието беше Статутот на ОЖОСв.Н, кој поради утврдената
потреба од негова промена, се направија измени и дополнувања на истиот и
беше усвоен од страна на Собранието. Потоа
на собранието се предложија и избраа членови на новото Собрание,
Управен и Надзорен одбор кои ќе бидат со мандат од 4 години. Во
новоизбраните состави се вклучија надворешни лица-конституенти
од различни професионални профили и различни владини и невладини
институции, организации, бизнис сектор,
медиуми итн.
|
|
|
Потоа на Собранието
беше предложена
и избрана новата Претседателка
на ОЖОСв.Н,
односно за Претседателка на
Организацијата едногласно од сите членови на Собранието беше избрана
г-ѓа Даниела Панева. Новоизбраната претседателка е долгогодишна
членка и активистка на Организацијата, со повеќегодишно активно работно
искуство во различни области, а особено во делот на женски права,
бесплатна правна помош, родови прашања, семејно насилство и многу други
теми. На Собранието од страна на
новоизбраниот Управен одбор беше предложена и Координаторка на
извршна канцеларија, за што беше
избрана Јасмина Трајчева-која
повеќе од 8 години работи како проектна координаторка во Организацијата