македонски

english

профил активности

инфо

галерија контакт

усвоен амандман

билтени

линкови



 

пребарувај
на интернет


 
кампања за бесплатни гинеколошки прегледи
јубилеј

 
 
U

©
 
 
 
Препорачајте!
Вашето име:

Вашата
 е-маил адреса:


Е-маил на Ваш/а пријател/ка:

Вашите коментари:

Примете копија 

 


 

 

 

 


 

 

 

 

 

  Информации за тековни и идни активности:

-Конференција за медиумите за промоција на амандманот за редовни гинеколошки прегледи;

-Усвоен амандман за редовни бесплатни гинеколошки прегледи;

-ЗАКЛУЧОЦИ и препораки од женските невладини организации за НАП за превенција на рак на дојка;

-Формирано Македонско женско лоби за Свети Николе;

-Основање на Детски Парламент на Македонија за Свети Николе во рамките на Организацијата на жени на Општина Свети Николе;

 

Прес конференција за промоција на мандманот за редовни гинеколошки прегледи

На 24.03.2004 во просториите на НВО Инфо центарот во Скопје Организацијата на жени на општина Свети Николе одржа прес конференција на која се промовираше Амандманот со кој се обезбедуваат задолжителни систематски гинеколошки прегледи за сите жени во Македонија.
Организацијата на жени на општина Свети Николе во соработка со 16 женски Невладини организации од Македонија во 2003 година ја покрена оваа иницијатива за задолжителни гинеколошки прегледи со цел рано откривање на малигни болести на репродуктивните органи и рак на дојката. Како резултат на кампањата Не Вртете го погледот спроведена во Октомври - Ноември 2003 е изготевен амандман за редовни гинеколошки прегледи. Амандманот беше поднесен во Парламентот од страна на потпретседателката на Парламентот Лилјана Поповска пратеничката Соња Лепиткова и пратениците Слободан Најдовски и Петар Апостолов. Амандманот беше усвоен на седницата на Парламентот одржана на ден 25.02.2004 година и е составен дел на Законот за здравствена заштита . Со амандманот се предвидува Владата да преземе мерки и активности за рано откривање на болести на репродуктивните органи и изготвување на соодветна програма за реализирање на редовни гинеколошки прегледи.
На прес конференцијата говореа:
-Вера Златева- претседателка на ОЖО Свети Николе;
-Радмила Сандева - кординаторка на проектот;
-Лилјана Поповска - потпретседателка на Собранието на Р. Македонија;
-Соња Лепиткова Пратеничка во Парламентот;
-Петар Апостолов - пратеник во Парламентот,
-Д-р Марјан Стојовски- директор на Клиниката за Гинекологија и акушарство- Скопје

Потпретседателката на Парламентот Лилјана Поповска истакна дека оваа промена е направена со заеднички напор на Организацијата на жени на Општина Свети Николе и мрежата на женски невладини организации , пратениците и претставниците на Министерството за здравство. Со овој амандман Владата се обврзува да изработи програма за начинот на кој ќе бидат реализирани овие прегледи. Ова претставува голем успех со кој ќе се овозможи подобра здравствена заштита на жените.
Пратеничката Соња Лепиткова истакна дека ова е голем успех за жените во Македонија и е можеби единствен позитивен пример на решавање на проблем поврзан со здравјето на жената и на подрачјето на Балканот.
Пратеникот Петар Апостолов истакна дека придобивките се дирекно поврзани со жените но индиректно и се однесуваат и на семејствата на жените.
Д-р Марјан Стојовски директорот на Клиниката на гинекологија и акушерство во Скопје истакна дека ова е голем успех и е битен приоритет и на клиниката за Гинекологија и акушертво. Искуството од работата покажува дека бројот на жените кои се заболени од рак на матка е во пораст и обично жените се јавуваат на преглед кога болеста е во поодминатите фази на болеста кога е невозможно да се интервенира и да се спаси животот на жените.
Претседателката на Организацијата на жени на Општина Свети Николе Вера Златева истакна дека со овој амандман се дава можност на сите жени над 18 години еднаш во текот на годината да се добијат задолжителен систематски гинеколошки преглед. Организацијата во нередниот период ја продолжува својата кампања со лобирање во Министерството за здравство за поскора изработка на програмата за редовни систематски гинеколошки прегледи и нејзина имплементација во праксата.

   на почеток=

Усвоен амандман за редовни гинеколошки прегледи

Иницијативата покрената страна на Органзацијата на жени на општина Свети Николе и мрежата од 16 женски НВО од Македонија за измена на Законот за здравствена заштита и воведување на редовни систематски гинеколошки прегледи на жените беше успешно потврдена со прифаќањето на амандманот со кои се бара воведување на овие прегледи од страна на државата.
На седницата на Парламентот на 26.12. 2003 година беше поднесен Амандманот од страна на потпретседателката на Парламентот Лилјана Поповска заедно со пратеничката Соња Лепиткова и пратениците Слободан Најдовски и Петар Апостолов.
На седницата на Парламентот одржана на ден 25.02.2004 година Собранието го прифати амандманот . Со амандманот се дополнува текстот на Законот за здравствена заштита со кој Владата ќе преземе мерки и активности за рано откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жените и изготвување на програма за реализирање на задолжителни систематски гинеколошки прегледи за жените над 18 години .Со овие прегледи ќе се постигне унапредување на здравствената заштита кај жените , навремено откривање на малигните заболување , поефикасно лекување и намалување на смртноста кај жените кои заболуваат од овие болести.
Сето ова е резултат на преземените активности кои во текот на 2003 година Организацијата на жени на општина Свети Николе ги спроведе во рамките на реализација на проектот Жените за бесплатни гинеколошки прегледи финсиран од Шведската фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА. Во соработка со 16 женски НВО од Македонија и тоа: ОЖ Пробиштип, ОЖ Крива Паланка, ОЖ Македонска Каменица, ОЖ Кочани , ОЖ Штип, Искра - Битола, ОЖ Гевгелија, ОЖ Струмица, ОЖ Кумановка, НОРМА- Ф Скопје, Женски центар - Дебар, АНТИКО -Гостивар, Нов живот Штип, Китка - Прилеп, ОЖ Радовиш, АУРЕОЛА - Струга беше покрената иницијатива за поднесување на амандаман со кој се бараше промена на Законот за здравствена заштита и воведување на редовни систематски гинеколошки прегелди со цел рано откривање на малигни заболувања на репродуктивните органи и рак на дојка кај жените. Заеднички беа реализирани 16 тркалезни маси во секоја општина при што се дискутираше за потребата од ваквата законска интервенција. На тркалезните маси присуствуваа пратениците од градовите, правници и лекари на која се информираа за потребата од овие прегледи од една страна , и од друга страна се лобираа пратениците да гласаат за овој амандман. Во текот на октомври- ноември се спроведе медиумска кампања со цел подигања на свеста кај жените за потребата од редовни гинеколошки прегледи како можност за рано дијагностицирање на ракот и навремено лелкување , но и за информирање на јавноста за актуелноста на овој проблем и потребата да се преземе конктрена акција.
Со усвојувањето на овој амандман се прави чекор напред во креирањто на политиката според потребите и барањата на жените и нивно активно вклучување во општествените текови . Во идниот период Организацијата на жени на општина Свети Николе ќе се настојува да учествува во креирањето на квалитетна програма за спроведување на гинеколошките прегледи според барањата на жените.

Текстот на поднесениот и усвоен амандман може да го видите на следниот линк:
Поднесен амандман.

   на почеток=

ЗАКЛУЧОЦИ и препораки од женските невладини организации за НАП за превенција на рак на дојка

Организацијата на жени на Општина Свети Николе во рамките на своите програмски активности на 21 Февруари 2004 година заедно со НОРМА - Ф од Скопје во просториите на НВО Инфо центарот одржа расправа по втората нацрт верзија на Националниот акционен план за превенција од рак на дојка. На расправата присуствуваа претставнички од 18 женски невладини организации од Македонија. Целта на расправата беше претставничките од Невладиниот сектор да излезат со заеднички ставови и барања по предложениот акционен план и истите во писмена форма да се достават до координативното тело и да бидат земени во предвид при корекција на завршната верзија на овој документ.
Имено уште во текот на минатата година беше формирано координативно тело при Министерството за здравство задолжено да изработи национален акционен план за превенција од рак на дојка. Телото е составено од стручни лица лекари специјалисти и истите изготвија првична верзија на план за акција со кој ќе се придонесе за навремено откривање на ракот на дојката во Македонија.
Како резултат на дискусијата меѓу женските НВО изнесени се следниве забелешки и заклучоци кои би треба да се земат во предвид при корекцијата на предложениот акционен план;

-Подобрување на евиденцијата на регистрирани случаи на рак на дојка , со цел да се добијат релевантни податоци за раширеноста на ракот на дојката ;

-Добивање на целосни податоци за расположливата опрема мамографи, како и за стручниот персонал кој работи со овие апарати, и лицата кои работат на дијагностицирање на болеста;

-Спроведувањена скрининг метрода за рано откривање на ракот на дојката преку спроведување на редовни мамографски прегледи за жените над 40 години во период од 1 до 3 години според потребите;

-Воведување на задолжителен ехо преглед на дојка за сите жени над 30 години;

-Поради ограничените финансиски средства потребно е државата да изготви посебен план за скрининг и реализирање на мамографски прегледи етапно , по региони или по ризични групи ;

-Етапно обезбедување на мамографски апарати во наредните години и специјализација за кадрите кои ќе ракуваат со овие апарати;

-Формирање на повеќе регионални центри за рак на дојка ,освен предложените 4 од страна на комисијата водејќи сметка за бројот на жените кои ќе ги покриваат и просторната одалеченост од центрите. Исто потребно е овие центри да се екипираат со стручен кадар кој ќе работи на дијагностицирање на ракот на дојката . Етапно да се отворат и центри за хемотерапија за жените во овие региони. Доколку постои можност отварање на субрегионални центри за рак на дојка.

-Давање на бенифиции на оперираните и заболени жени и ослободување од партиципацијата за здравсствена заштита и тоа не само за лекувањето на ракот на дојката , туку и на други заболувања кои настанале како резултат на ослабениот имунитет поради ракот на дојката.

-Формирање на советувалишта за психичка подршка на заболените жени со цел полесно да ја прифатат и да се соочат со болеста;

-Едукација на средно медицинскиот персонал и формирање на групи од патронажни сетри кои ќе ги посетуваат заболените жени;

-Женските НВО да продолжат со едукација на жените за ракот на дојката , информирање за потребата од редовни мамографски прегледи и сл.

-Изработка на временска рамка за реализација на овие пооделни активности имајќи ги во предвид расположливиот капацитет, потребните средства за реализација на пооделни активности, лицата и инстуциите кои треба да ги реализираат.

Со заклучоците се согласија следниве женски НВО-и :Организацијата на жени на Општина Свети Николе, НОРМА - Ф од Скопје , Китка -Прилеп, Нов живот - Штип, Искра -Битола,САБА - Битола, Антико, ОЖ Македонска Каменица, ОЖ Кочани, ОЖ Крива Паланка, ЕСЕ - Скопје, ЗАЖ Кичево, ОЖ Пробиштип, ОЖ Радовиш, ОЖ Кумановка, Женски центар Дебар, Есма - Скопје, Животна искра Скопје, ОЖ Гевгелија, ОЖ Струмица, Антико -Гостивар, ОЖ Штип, Флорина - Дебар, Ауреола Струга.

Забелешките беа упатени до Координативното тело за изработка на националниот план за акција за превенција на рак на дојка при Министерството за здравство.

   на почеток=

Формирано Македонско Женско Лоби за Свети Николе

На 29.03.2004 година се одржа основачко собрание на Македонското женско лоби за Свети Николе. Иницијативата за формирање на Македонското женско лоби потекна од Органзацијата на жени на општина Свети Николе која во соработка и заеднички договор со претставничките на политичките партии и женските невладини организации донесоа одлука за формирање на Македонско женско лоби за Свети Николе.
Целта на постоењето на Македонското женско лоби е подршка на жените во политиката и јакнење на самодовербата , поголемо стимулирање и охрабрување на жените да се вклучат во политичкиот и јавниот живот. Во Македонското женско лоби можат да учествуваат жени политичарки, претставнички на НВО-и, претставнички на синдикатот, бизнисменки и поединки .
На Собранието присуствуваа претставнички на Македонското женско лоби од Скопје. Координаторката на Македонското женско лоби Г-ѓа Лилјана Поповска говореше за почетокот на работењето на Лобито и за постигнатите успеси во изминатите години. Посебно беше истакнат успехот со зголемувањето на бројот на пратенички во Парламентот , пред се како резултат на залагањето и работењето на Македонското женско лоби и интервенцијата во Законот за Пратеници со кој се предвидува на изборните листи за пратеници на Парламентарните избори да има најмалку 30% застапеност од двата пола. Политичките партии го испочитуваа ова законско решание и како резултат на тоа сега има 22 пратенички во Парламентот.
Г-ѓа Савка Тодоровска лице за контакт на Македонското женско лоби со невладините организации ја истакна улогата на женските невладини организации во давањето на подршката на жените политичарки преку мобилизирање на сопственото членство и потикнување на жените да гласаат за жени. Женските невладини организации треба да ја подигаат свеста кај жените за потребата од подршка на жените политичарки зашто само на тој начин доколку се има повеќе жени на раководни места ќе може да се подобри и општата положба на жените во Македонија.
На собранието присуствуваа претставнички од следниве политички партии; СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП, Либерална партија, Социјалистичка парија,;претставнички од женски невладини организации; Организација на жени на општина Свети Николе, Овчеполка, Граѓанска иницијатива на жени, Самохрани мајки МАЈКА, Здружение на Роми на Свети Николе, претставнички на жени Синдикалки од Свети Николе.

   на почеток=

Основање на Детски парламент на Македонија за Свети Николе во рамките на Организацијата на жени на општина Свети Николе

На 06.02. 2004 година се одржа основачко собрание на детскиот парламент на Македонија за Свети Николе кој ќе работи во рамките на Организацијата на жени на општина Свети Николе.
Основачкото собрание на ДПМ за Свети Николе го отвори Претседателката на ОЖО Свети Николе Вера Златева која ги поздрави присутните гости и посака успешно работење на ДПМ. Основањето на ДПМ за Свети Николе го поздрави и градоначалникот на општина Свети Николе Јордан Ѓорчев кои им посака успешна работа на младите членови на детскиот парламент и ширење на демократијата во општината.
Од страна на децата од Вавилон центарот беа изведени неколку културно уметнички точки: драматизации, рецитали, пеење на песни, ритмичка вежба и инструментално свирење.
Беше формирано работно претседателство со цел избирање на редовните органи на Детскиот парламент на Македонија за Свети Николе .Потоа беа избрани и работните тела на ДПМ и тоа:

- за претседател на Собранието е избрана Билјана Димова;

- за претседател на Извршниот одбор е избран Александар Богатинов;

- за почесни претседатели на ДПМ за Свети Николе се избрани :градоначалникот Јордан Ѓорчев , и пратениците Слободан Даневски и Ангел Димитров;
- за деца претседатели се избрани:
-на собранието -Катерина Петкова;
-
на Извршниот одбор - Јована Ромевска;

Основањето на Овој 45 Детски парламент на Македонија за Свети Николе беше поздравено од страна на претставник од Детскиот Парламент на Македонија г-ѓа Грозда Данова-претседателка на Извршниот одбор на ДПМ.
Основна цел на работа на Детскиот парламент е да работи на развојот и заштитата на детето и неговите загарантирани права, да го побуди јавното мислење во поглед на некои неправди и неправилности во детскиот развој. Детскиот Парламент работи преку разни клубови, секции, специфични групи за работа со намена за остварување на зацртана цел.

   на почеток=

ИДНИ АКТИВНОСТИ

ПРОЕКТ " Чекор по чекор до подобро здравје за жените"

Во текот на 2004 година организацијата на жени на општина Свети Николе , а со финансикса подршка на Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA ќе го реализира проектот "Чекор по чекор до подобро здравје за жените" во износ од 23 037 евра.

Цел на проектот е:

-Подобрување на женското здравје преку јавно застапување и лобирање за промени во законот за здравствена заштита;
-
Одржување и проширување на мрежата од женски НВО и јакнење на капацитетот на организациите;
-
Подигање на јавната свест за проблемите на малигните заболувања на женските репродуктивни органи преку медиумска кампања;
-
Формирање на групи за самопомош на жени заболени од малигни заболувања;
-
Евалуација на работата на органзацијата од страна на независен надворешен евалуатор;

Целни групи:

-во застапувањето и лобирањето: претставници на властта, пратеници, политичари, претставници од Министерството на здравство и Фондот за здравство и други влијателни личности;
-
во организациското јакнење : женски НВО од Македонија;
-
подигање на јавната свест: жените , граѓаните и други субјекти;
-
групи за самопомош: опреирани и заболени жени од малигни заболувања на репродуктивните органи .

Временска рамка за реализација на активностите во текот на 2004 година

Временски период

Активност

Јануари

Подготвителен период и правење на план на активности

Јануари - Декември

Следење на законската регулатива и имплментацијата на промените во здравството , застапување и лобирање

Февруари-Декември

Креирање и одржување на Web страна

1-15 Февруари

Јавен повик до женски НВО-и за соработка и воспоставување на контакти

15-28 Февруари

Формирање на база на податоци на заинтересирани НВо и формирање на заедничка меилинг листа

1-8 Март

Медиумско презентирање во рамките на неделата за борба против ракот

Март

Пишување статии во весници за малигните заболување кај жените

Втора половина на Март

Состанок со групата

Март –Декември

Месечен е-маил информатор за работата на мрежата

Прва половина на Април

Прес конференција во Скопје

Април

Анкета за проблемите и потребите на женското здравје

1-15 Мај

Анализа на анкетните прашалници

Мај

Подготовка на прирачник за малигни заболувања

28 Мај

Трибина за женското здравје во Свети Николе

Јуни

Две еднодневни обуки за јакнење на капацитетит на НВО во мрежата

Јуни

Печатење на брошури , плакат , флаери и дистрибуција

Јули

Посета на група за самопомош на жени заболени од рак во Србија

Август

Формирање на групите за самопомош

Август

Подготовка и печатење на брошури за групите за самопомош

Септември-Ноември

6 работилници за групите за самопомош

Октомври

Средба со претставничките од мрежата

Ноември

Јавна расправа за женското здравје во Скопје

Декември

Завршна среда и евалуација на активностите на членките на мрежата

Во текот на годината

Евалуација на целокупната работа на организацијата


   на почеток=

БИЛТЕНИ

Организацијата за своите досегашни активности објавува информации во својот билтен. Досега има објавено два броја во Јули 2002 година и во Декември 2002 година .Овој Билтен Организацијата ќе продолжи да го издава и во иднина .Доколку сакате да ги видете билтените кликнете на линковите и ќе можете да ги добиете билтените во Word формат (поради големината на билтените , Ве молиме да почекате 1-2 минути за да ви се прикажат во целост ):

БИЛТЕН НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ - ЈУЛИ 2002 .

БИЛТЕН НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ - ДЕКЕМВРИ  2002 .


   на почеток=

Линкови

на наши донатори:
-Квина Тил Квина-Шведска
www.iktk.se
-
Фондација Институт Отворено Општество - Македонија
www.soros.org.mk

-Агенција за Млади и спорт
www.mladi.gov.mk

-
Македонски Центер за Мегународна Соработка
www.mcms.org.mkmk
Здружениe за Еманципација,Солидарност и Еднаквост на жените
www.esem.org.mkk
 

Сродни организации од Македонија:
-Организација на организациите на жените на Македонија
www.oozm.org.mk
-
Сојуз на организациите на жените на Македонија
www.sozm.org.mk
-
Сојуз на албанската жена во Македонија
www.sazm.org.mk
-НВО за човекови права во Македонија
www.covekovi-prava.org.mk


Сродни организации од светот:
-Европско женско лоби
www.womenlobby.org
-
Исток-Запад- мрежа на женски организации
www.neww.org
-
Мрежа за женски права
www.whrnet.org

   на почеток=

 

 

на прва страна


 


наши донатори:
















 


 

АНКЕТА


Дали сте за
бесплатни гинеколошки прегледи?
 

Да
Не
   

 


 



 

локални линкови:


 

 

медиумски покровители на камапањата



 


 


 


 


 

 

 

 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.