|
Организација на жените на
општина Свети Николе добитник на ПЛАКЕТА за долгогодишна соработа од
Отворена Порта
/
Ла Страда
Отворена Порта/Ла Страда
на 27.05.2015 година
организираше прием по
повод одбележање 20 години
од основањето на Меѓународната мрежа за борба против трговија со луѓе -
Ла Страда и 15 години постоење, успешна мисија и работа, 15 години
промовирање на човековите права и застапување на интересите и потребите
на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе.
На приемот беа присутини долгогодишни
соработници, партнери и пријатели на кои Отворена Порта им додели
плакети. Организација на жените на општина Свети Николе е добитник на
плакета за долгогодишна поддршка и разбирање во реализирањето на
заедничките активности. На приемот беа доделени три награди за најдобра
новинарска статија на тема „Трговија со луѓе‘‘ и три награди за најдобар
мултимедијален продукт изработен од средношколци.
Третата награда
за мултимедијален продукт
беше доделена на Влатко Спасев, ученик во СОУ „Кочо Рацин“ Свети
Николе.
Во своето обраќање, тимот на Отворена порта
вети дека и понатаму со своите соработници и партнери
ќе продолжи да делува во
градење на демократското општество, ќе настојува да ги почитува и
промовира човековите права, да дејствува против повреда на достоинството
на загрозените лица и да ја унапредува социјалната интеграција.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|