english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ТРИБИНА “НОВИ НАЧИНИ НА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА РАК НА ДОЈКА”

На 31 Октомври 2019 година беше оддржана трибината Нови начини на дијагностицирање на рак на дојка. Трибината беше водена од Др. Надица Стојковска и беше реализирана во рамки на здраствената програма на ОЖО Свети Николе, како проектна активност од проектот “Заедно да го победиме ракотфинансиран од ЕЛС Свети Николе. На трибината се презентираа податоците од СЗО на светско ниво, фактори и ризици од заболување како и методите на лекување во постоперативниот период, се водеше дискусија за начини базирани на докази на медицината. Воедно учесничките поставуваа прашања и за алтернативните начини на терапија и лекување на малигни болести, за искуствата со матични клетки и примената на биолошката терапија. Се разговараше и за потребите од скрининг програмите на Владата и реализација на истите на локално ниво. Голема благодарност: до докторката која беспрекорно одговараше на поставените прашања, до учесничките од групата за самопомош, жени заболени и лекувани од рак на дојка, до претставничките од граѓанските здруженија, институциите и активите на политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2019 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster