english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ВЕСТИ ОД 2016 ГОДИНА

Изработена стратегијата за локален економски развој на општина Свети Николе

Во периодот Јули – Ноември 2016 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектот „Изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе" кој финансиски беше поддржан од Влада на Р.Македонија -Генерален секретаријат.
Целта на проектот
беше изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе која преку вклучување на сите чинители треба да придонесе за остварување на визијата на општината, остварување на стратешките цели, кои пак претставуваат мерки за идентификување и решавање на најгорливите проблеми со кои се соочува Општина Свети Николе. Со реализирањето на предвидените проектни активности и постигнатите резултати од истите се остварија поставените цели на проектот, се осознаа потребите на граѓаните и преку реалзирањето на стратегијата ќе се обезбеди конкурентност и ќе се подобрат економските резултати во сите сегменти на стопанството, отворање на нови фирми и производни капацитети, намалување на невработеноста, подигнување на животниот стандард, но и инфраструктура адаптирана на потребите на сите граѓани на општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

DEB for OWMSVN

Sveti Nikole! So I have been here a little over two weeks. I could write thousands of words about the whole experience here so far but I’ll split things up in to categories for different posts. First I’ll introduce where I work! The English name is the Organization of women of Municipality of Sveti Nikole. Here is that name in Macedonian, Организација на жените на општина Свети Николе. I’m their third PCV, but they haven’t had one continuously. I hear the organization existed even before Macedonia gained independence from Yugoslavia. There are similar organizations in other cities throughout Macedonia.
Right now, our office is an old third floor apartment in the city center. We have an awesome balcony where we take selfies and shout out to our various friends. We are a pretty social place, and often have people come drink coffee with us. We are all in the same room right now because it’s winter and warmer all together.

Повеќе за овој напис

Младите од Свети Николе се дел од Voice up

Организацијата на жените на општина Свети Николе го поддржа настанот "Дај му глас на твојот став˝, кој се оддржа на 17ти декември во МСУ "Гаврило Романович Державин˝ во Свети Николе. Настанот е дел од проектот Voice Up кој има за цел да го потикне граѓанскиот ангажман преку креирање аудио, визуелни и аудиовизуелни содржини на социјалните медиуми. Целта на овој проект е да се помогне да се подигне нивото на свеста кај младите за моќта која што може да ја имаат социјалните медиуми, како и за потенцијалната општествена ангажираност што може да се добие преку нивно користење. За овој проект се организираат настани во неколку градови во Р.Македонија, а Организација на жените на општина Свети Николе го поддржа настанот со потпишување меморандум за соработка и со учество на самиот настан со повеќе свои претставници од Програмата за деца и млади и волонтери. На настанот зедоа учество 40тина млади на возраст од 18 до 35 години од општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ОЖОСВН партнер во „Македонска активна платформа за социјална инклузија“–МАПСИ

 „Македонска активна платформа за социјална инклузија“ е проект финансиран од ИПА компонентата за развој на човечки ресурси, во реализација на Охрид Институт за економски стратегии и меѓународни односи–Скопје, партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје 18 локални партнерски организации, меѓу кои и Организација на жените на општина Свети Николе.
Целта на проектот е да се создаде долгорочна платформа МАПСИ–Македонска активна платформа за социјална инклузија преку чија работа ќе се подобри статусот на ранливите групи поконкретно на жените и младите на локално ниво во 18 општини во Р.Македонија. Покрај националната платформа МАПСИ, ќе се формираат и 18 локални платформи за социјална инклузија-ЛАПСИ во секоја од општините дел од проектот, кои ќе се развиваат со заедничко делување на единиците на Локалната самоуправа, општинските совети, владините институции, невладините организации, бизнис секторот, центрите за социјална работа, образовни и академски институции и други релевантни чинители.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Младинска работа и волонтирање против радикализација“

Две волонтерки од Организација на жените на општина Свети Николе, во соработка со СППМД од Кавадарци учествуваа на тренинг курс кој се реализираше во рамките на програмата Еразмус+ (финансирана од Европската Комисија). Тренинг курсот на тема „Младинска работа и волонтирање против радикализација“ се одржа во периодот од 8 до 15 ноември 2016 во Чрномељ, Р.Словенија и на него учествуваа 30 млади од Хрватска, Германија, Македонија, Италија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија, Бугарија, Грција и Велика Британија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Резолуција на ОН 1325 за жени, мир и сигурност и нејзина примена во Локалната самоуправа

Проектот "Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба˝ финасиски поддржан од Британската амбасада во Скопје е во реализација на Македонско женско лоби од Скопје во партнерство со 10 невладини организации од 10 општини од Р.Македонија, меѓу кои и ОЖОСВН. Во склоп на проектот се оддржаа две обуки за 20 претставници од 10 општини од Р.Македонија. Првата обука беше на тема "Јакнење на капацитетите на претсавниците на локалната самоуправа за имплементација на Резолуција 1325˝. Обуката имаше за цел да ги запознае учесниците со Резолуцијата 1325, Националниот акциски план за истата, како и со институционалните резултати и предизвици по однос на резолуцијата. Преку обуката учесниците се запознаа за важноста од применливоста на резолуцијата на локално ниво и да се сугерираат начини и предлози како наученото да се аплицира во локалните самоуправи.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ОЖОСВН дел од „Чувар(к)и на јавно ќесе“

Организација на жените на општина Свети Николе во периодот октомври-декември беше дел од проектот „Чувар(к)и на јавно ќесе“, кој пак е дел од проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Молдавија“ на UN Women финансиран од Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за соработка. Проектот е предводен од Центарот за истражување и креирање политики-ЦИКП консалтинг од Скопје, а спроведен во соработка со уште 12 невладини организации кои ја сочинуваат неформалната мрежа – Чувар(к)и на јавно ќесе. Активностите во однос на селектираните учеснички во проектот започнаа прво со серија на неколку дневни обуки за зајакнување на капацитетите на учесници/чки кои понатаму дирекно имаа улога и учество во реализирањето на предвидените активности за мониторинг и анализа на локалните политики од аспект на родово одговорен буџет. Со тоа по завршувањето на обуките беа изработени вкупно 15 студии-родово одговорни анализи на општинските буџети на Аеродром, Битола, Боговиње, Град Скопје, Ѓорче Петров, Маврово-Ростуше, Свети Николе, Струмица, Тетово и Штип, а подготвени од страна на 12 организации кои се дел од неформалната мрежа „Чувар(к)и на јавно ќесе“.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Зајакнување на капацитетите на претставници од граѓански организации и Центри за социјална работа

Во рамките на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“ кој е во реализација на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје (ИДСЦС), Организација на жените на Општина Свети Николе (ОЖОСВН) и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, а финансиски поддржан од Европската комисија, во текот на ноември месец беа реализирани серија на обуки.Целта на проектот и воедно на овие обуки е да се зајакнат капацитетите на Заводот за социјални дејности, Центрите за социјална работа низ Р.Македонија и граѓанските организации кои работат на полето на социјалната заштита во развивање на Програми за социјална вклученост преку ефикасно користење на фондовите на Европска унија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Контакт Семинар „Социјалното претприемништво - новата ера на бизнисот"

Во рамките на програмата Еразмус+ (финансирана од Европската Комисија) во една од клучните акции постои можноста за реализирање на контакт семинари, токму таков семинар се оддржа од 17 до 24 Октомври 2016 година во Задар, Хрватска. Целта на овој контакт семинар беше да се воспостави силна стратешка соработка во областа на социјалното претприемништво помеѓу партнер-организациите на овој проект од следните држави: Велика Британија, Македонија , Романија, Турција, Естонија, Словенија, Шпанија, Полска и на домакинот-Хрватска. Партнер организација од Македонија беше Организација на жените на општина Свети Николе, а истата на семинарот беше претставена од тројца претставници. Организатор на семинарот беше Carpe Diem од Карловац, здружение за потикнување и развој на креативни и социјални потенцијали на децата, младите и возрасните.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ФАРЕ НЕДЕЛА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Организација на жените на општина Свети Николе на 18ти октомври 2016 година по 12ти пат се вклучи во одбележување на Европската ФАРЕ недела. По тој повод во соработка со основните училишта во општина Свети Николе се организира турнир во мал фудбал. На турнирот учествуваа екипи од тритте основни училишта од општина Свети Николе и тоа од ООУ„Гоце Делчев“, ООУ„Кирил и Методиј“ од Свети Николе и ООУ„Даме Груев“ од с.Ерџелија. Тимовите беа составени од ученици со различна национална, верска, полова и социјална припадност. Турнирот се одржа во спортската сала „Цар Самоил“ во Свети Николе и беше посетен од околу 100тина посетители. Турнирот за отворен го прогласи директорот на ООУ „Гоце Делчев“, а најдобрите и најуспешни учесници, Г-нот Гордан Здравков, македонската фудбалска легенда од Свети Николе им доделени дипломи и признанија. Победник на турнирот беше екипата од ООУ„Гоце Делчев“ од Свети Николе, второ место екипата од ООУ „Даме Груев“ с.Ерџелија и третто место екипата од ООУ„Кирил и Методиј“ од Свети Николе. На претставниците од училиштата и фудбалскиот клуб „Овче Поле“, ОЖОСВН им додели благодарници за соработка и придонес.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Регионален форум за источниот и југоисточниот регион под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!"

На 7ми Октомври 2016 година, во организација на ЦИВИКА МОБИЛИТАС се одржа Регионален форум за источниот и југоисточниот регион под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“. Учесниците на форумот ги поздрави Питер Тоинес – национален тим лидер на ЦИВИКА МОБИЛИТАС Програмата со пораката „Ништо за нас, без нас“. Форумот се одржа во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип. Носечката тема на форумот беше социјалната инклузија, односно потребната соработка за социјална инклузија, за која учесниците на форумот разменија мислења, идеи, искуства и се предложија предлози за понатамошни заеднички акции на грантистите. Свои излагања на форумот имаа организации грантисти на Цивика: Планетум од Струмица, Кхам од Делчево, Избор од Струмица, Асоцијацијата за истражување, комуникација и развој Паблик од Скопје, кои споделија свои искуства на полето на социјалната инклузија и социјалното претприемништво.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО

Организација на жените на општина Свети Николе заедно со ООЦрвен Крст од Свети Николе, Локална самоуправа и други институции и организации од општина Свети Николе од првиот момент кога пристигна веста за невремето во Скопскиот регион ја покажаа својата хуманост на дело со волонтерски ангажман, со скромни донациии на вода, алишта и донирање на финансиски средства. Волонтерите и волонтерките на Организацијата секојдневно дежураа на пунктот поставен во центарот на градот на кој граѓаните и фирмите од Општина Свети Николе донираа вода, хигиенски средства, храна и финансиски средства. Грижата и добрата воља да се помогне во вакви моменти на настраданите семејства во поплавените подрачја ја покажа хуманата страна на членките и членовите во Организација на жените на општина Свети Николе. Во три дневната акција беа собрани и испратени 2 тони вода, 2 тони конзервирана храна, 500 килограми облека и над 100 килограми средства за дезинфекција, како и други средства за хигиена.  

Повеќе за овој напис

на почеток=

Младинска размена против дискриминација

Во период од 01.08-12.08.2016 во Париз-Франција, се оддржа младинска размена на тема Youth Exchange about discrimination. Проектот го реализира l’Auberge de Jeunesse Yves-Robert од Париз-Франција, а партнери се Le foyer des jeunes de Marolles - Белгија, Црвено дрво - Србија и Организација на жените на општина Свети Николе-Македонија. Од секоја организација учествуваа по 6 претставници на возраст до 25 години и по еден младински лидер. Фокусот на размената беше Дискриминацијата, а на работилниците беа опфатени теми за типови на дискриминација, ниво на застапеноста во секоја од земјите учеснички, иновативни алатки за подигање на свеста против секаква форма на дискриминација итн. Во работниот дел од размената се реализираше и посета на претставништвото на европскиот парламент во Париз. На посетата учесниците одблизу се запознаа со инстуциите на Европската Унија и се дискутираше за предизвиците со кои се соочува Европската Унија. Проектот имаше за цел да им овозможи на група млади луѓе да научат како да се соочат со дискриминацијата и да ја развијат способноста да одговорат на овие ситуации.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Регионален форум од Цивика мобилитас програмата „Миграциите-вистина и предизвик“

Организација на жените на општина Свети Николе како институционален грантист од Цивика Мобилитас Програмата беше ко-организатор и логистичка поддршка при реализацијата на десетиот од програмата и вториот за оваа година, Регионален форум наменет за претставници од вардарски и североисточен плански регион на Македонија.  Целодневниот Форум се оддржа на 14 јули 2016 година во градската библиотека „Гоце Делчев“ при Домот на културата „Крсте П.Мисирков“ во Свети Николе, а на истиот учествуваа седумдесетина претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани луѓе од двата региони.  Главниот фокус на форумот беа миграциите односно различните типови на внатрешни и надворешни миграции, обемот кој се повеќе го зафаќаат и што да направиме и како може да влијаеме на спречување и намалување на миграциите во Вардарскиот и Североисточниот плански регион на Македонија.  Форумот беше поделен во три работни дела, односно панел дискусија, работилница и меѓусебно запознавање, вмрежување и неформално дружење на учесниците.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе

Во периодот Јули – Ноември 2016 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализира проектот „Изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе" кој финансиски е поддржан од Влада на Р.Македонија -Генерален секретаријат. Целта на проектот е изработка на стратегија за локален економски развој на општина Свети Николе која преку вклучување на сите чинители треба да придонесе за остварување на визијата на општината, остварување на стратешките цели, кои пак претставуваат мерки за идентификување и решавање на најгорливите проблеми со кои се соочува Општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Обуки за Ms Office - Excel

Во периодот Јуни-Јули во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе поради технички капацитети со кои располага Организацијата, се реализира обука за МS OFFICE-Excel за невработени млади лица на возраст до 29 години од општина Свети Николе. Обуките се дел од проекто ESARM - EU Funded Project "Support to the employment of young people, long term unemployed and woment II" во реализација на Агенција за вработување на РМ. Целта на проектот е да се интегрираат младите луѓе, долгорочно невработени лица и жени на пазарот на трудот преку зајакнување на сопствените капацитети, знаења, вештини. Обуките се реализираат од страна на Seavus Education And Development Center од Скопје.

на почеток=

Годишно собрание на Коалиција СЕГА

Организација на жените на Општина Свети Николе со свој преставник учествуваше на Годишното собрание на Коалиција на младински организации СЕГА кој се оддржа на 30 Јуни во Скопје. На Собранието беше донесена одлука за изменување и дополнување на Статутот и за проширување на дејноста на СЕГА. На Собранието организациите членки на СЕГА го ревидираа своето членство, беа разгледани и усвоени програмскиот и финансискиот извештај од работата на Коалицијата во 2015 година и беше усвоена и Годишната програма за работа за 2016 година. На Собранието се избраа нови членови на Управниот Одбор и се изврши реизбор на членовите на Надзорниот Одбор. На Организација на жените на општина Свети Николе и беше доделен Сертификат за членство од страна на Коалицијата за 8 години активно учество во креирањето на младинските политики во Р. Македонија.
 

на почеток=

Модели за родово учество во јавните политики на локално ниво

Организација на жените на општина Свети Николе, како партнер организација на Центар за истражување и креирање политики од Скопје беше дел од проектот „Модели за родово учество во јавните политики на локално ниво" финансиски поддржан од UNWOMEN. Проектот има за цел да изврши проценка на партиципативните процеси на локално ниво и да ги идентификува потенцијалните можности за зголемување на учеството на жените во локалното планирање, донесување одлуки, буџетирање и унапредување на родовата еднаквост. Сето ова би се постигнало со развивање на модели на интернет алатки за јавни консултации со граѓаните со посебен фокус на вклучување на жените и останатите маргинализирани групи во консултативните процеси и процесите на креирање политики и донесување на одлуки на локално ниво. Во рамките на проектот во Свети Николе прво беше спроведена анкета на 30 лица од општина Свети Николе (20 жени и 10 мажи) во категорија вработени и невработени пасивни и активни баратели на работа. По завршеното анкетирање се реализираа и 2 одделни фокус групи со 10 жени и 6 мажи од анкетираните.
 

на почеток=

Обука за развој и пишување предлог проекти

ОЖО Свети Николе со цел да ги зајакне капацитетите на своите членови на младинскиот клуб организира обука за развој на проектна идеја и пишување на предлог проекти. Обуката се реализира во шест еднодневни работилници кои се реализираа во периодот од 12 мај до 16 јуни. На работилниците учествуваа 9 млади волонтери од Организацијата, а целта на циклусот обуки е учесниците да стекнат знаења и вештини за развивање проектна идеја, приоретизирање на потреби и проблеми, потполнување конкретна проектна апликација и воопшто сите елементи на проектен циклус. Работилниците беа реализирани од волонтерите од Мировен корпус кој што се во Свети Николе, а работен јазик на работилниците беше англиски. Покрај работилниците за проектен менаџмент, волонтерката од мировниот корпус Лора Дашер, за членовите и волонтерите на организацијата тековно оддржува и работилници за разговорен англиски јазик.
 

на почеток=

ОЖОСВН тековно ги зајакнува капацитетите на своите членови и подДржувачи

Организација на жените на општина Свети Николе во континуитет работи на зајакнување на капацитетите на своите членови и поддржувачи вклучувајќи ги во низа настани, активности, работилници на Организацијата и во соработка со повеќе партнерски организации од Македонија и од странство. Во соработка со Совет за превенција против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, две волонтерки од Организацијата од 17 Април до 01 Јуни 2016 година како EVS вонтерки се вклучија во подготовка, промоција и организација на 17-сетиот Интернационален Бодрумски фестивал на танци 2016, кој се одржи од 24 до 29 Мај во Бодрум, Р.Турција. Проектот „Where Passion Ignites Inspiration“ финансиски поддржан од програмата Еразмус+ се реализира од страна на Турската организација „Bodrum Dance Club Association“.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Новиот Директор на Peace Corps Македонија, г-дин Марк Ханафин во посета на ОЖОСВН

На 18 мај, канцеларијата на ОЖОСВН ја посетија претставници од Мировниот Корпус Македонија заедно со новиот Директор на Мировниот корпус во Македонија, Г-динот Марк Ханафин. Новиот директор започна со неговиот ангажман од март 2016 година и во наредните неколку години ќе биде одгворен за работата на Мировниот Корпус во Македонија и менаџирање на сегашните и нови волонтери. Целта на посетата на Организацијата, беше запознавање со нејзината работа, досегашната соработка на Организацијата со Мировниот корпус и ангажманот на волонтерката Лора Дешер која од декември 2015 година активно е вклучена како волонтер во Организацијата, како и поблиску запознавање на новиот директор со ситуацијата на терен во Македонија .

Повеќе за овој напис

на почеток=

Младинска Јавна Дебата „Младинското учество во пракса – градење на ефективно “млади –возрасни” партнерство “

Организација на жените на општина Свети Николе во соработка со Младински сојуз од Крушево ја реализираа младинска јавна дебата на тема „Младинското учество во пракса – градење на ефективно “млади –возрасни” партнерство“.
Дебатата се оддржа на 11 мај во Свети Николе како дел од проектот “Switch on: Youth Participation“ финансиски поддржан од Европска Младинска Фондација на која учествуваа повеќе од 40-тина учесници на различна возраст. Целта на проектот е подигање на свеста за младинското учество во македонското општество преку видео репортажи, циклус на јавни дебати во повеќе градови во Македонија и завршна конференција во Скопје.
Носител на проектот е Младински Сојуз од Крушево, а партнери во проектот покрај Организација на жените на општина Свети Николе се и: СППМД-Кавадарци, Европска Гледна Точка-Битола, Центар за рурален развој Бујрум-Куманово и Излез-Скопје. Во склоп на проектните активности беше спроведено истражување, снимена видео репортажа и изработено промотивно видео за младинско учество.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Младите со креативни изработки помагаат за континуирана работа на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања.

Во месец Април беа реализирани неколку креативни работилници за изработка на Велигденски украси кои беа изложени и продавани со цел да се соберат средства за поддршка на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања која повеќе од 10 години функционира во рамките на Здравствената програма на Организацијата. Креативните изработки се изработија на иницијатива на младите членки/нови во Организација на жените на општина Свети Николе. Реализацијата на оваа младинска иницијатива, прва од ваков вид, беше успешна и добро прифатена од граѓаните на Свети Николе. Целта на оваа иницијатива беше да се испита пулсот на светиниколчани за донирање и поддршка на вакви активности, а со цел да се формира фонд за поддршка на жените заболени и лекувани од малигни заболувања.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството

На 26 април 2016 во Куманово, се одржа средба на преставници од организации грантисти на ЦИВИКА Мобилитас: Организација на жените на општина Свети Николе, Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ и Мултиетничкото здружение „Флоренс Најтингејл“ по иницијатива на Македонскиот институт за медиуми и Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија кои го реализираат проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“. Проектот се фокусира на продукција на истражувачки стории и репортажи на теми поврзани со областите на делување на грантистите на ЦИВИКА Мобилитас, а има за цел да се унапреди соработката на граѓанските организации со медиумите и новинарите, како и меѓу самите организации грантисти на ЦИВИКА Мобилитас програма која во Македонија ја спроведува МЦМС. Една од тритте избрани истражувачки стории на кои ќе се работи е сторијата на Организацијата на жените на општина Свети Николе, за успешната работа со жени заболени и лекувани од малигни заболувања и придонес кон превентивно делување за навремено откривање на малигните заболувања кај жените.

 

на почеток=

Дружење на постарите и помладите членовите од Организацијата

Во организација на Извршната канцеларија на Организацијата се организираше еднодневно дружење на активните членови на организацијата. Еднодневната екскурзија се реализираше на 24 април и на истата учествуваа 20 членови и членки од Организацијата. Тие имаа можност да ги посетат манастирите Успение на Пресвета Богородица во Трескавец и Св. Преображение во Зрзе, како и посета на Тиквешко езеро и Кавадарци.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Зајакнување на капацитетите на Организацијата за Социјален маркетинг

Двајца претставници од Организација на жените на општина Свети Николе на 20 и 21 април 2016 година зедоа учество на работилницаза користењето на социјалниот маркетинг за постигнување на целите на граѓанските организации. На работилницата учествуваа дваесетина претставници на грантисти на Цивика мобилитас Програмата и истата беше реализирана од страна на Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.Учесниците на работилницата, разменија свои досегашни искуства поврзани со социјалниот маркетинг, се запознаа со концептот и стратегиите за социјален маркетинг, формулирање на стратешките цели за социјален маркетинг, но и се презентираа идеи за користење на социјалниот маркетинг во својата работа.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Национална конференција „Информирај се СЕГА“

Претставник на Организација на жените на општина Свети Николе зеде учество на Националната конференција Информирај се СЕГА" која се оддржа на 18 Април во Скопје и на која беа презентирани активностите реализирани во кампањата „Право на младинско информирање-информирај се СЕГА!“, како и промотивно видео и брошура за поголема младинска информираност:

https://www.youtube.com/watch?v=YERc_BHhdx0&feature=youtu.be,

http://issuu.com/42507/docs/brochure_all_included/1?e=0/35201828.

Проектот беше подржан од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција. Во склоп на кампањата се реализираа низа национални креативни активности, национална дискусија и саем на младински организации каде младите имаа можност да се сретнат со Градоначалници и преставници на Агенција за млади и спорт на Р.Македонија. Организацијата на жените на општина Свети Николе како членка на Коалиција СЕГА и партнер организација во проектот зеде учество во реализација на кампањата на локално ниво заедно со шеснаесет други организации од Р.Македонија.

 

на почеток=

 „Зголеми ги своите вредности-Едуцирај се II“-втора обука

Во периодот од 15 до 17 Април 2016 година се реализира втората обука од проектот „Зголеми ги своите вредности-Едуцирај се II“. Обуката се оддржа во Еуро Хотел Градче - Кочани каде учество зедоа 20 млади невработени лица од Р.Македонија на возраст од 18-35 години. Обуката беше во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, а проектот финансиски е поддржан од Генерален секретаријат при Влада на Р. Македонија. Со обуката беа опфатени 8 едукативни работилници со следниве теми: Основи за изработка на бизнис план (4 работилници), изработка на кратка биографија, пишување на мотивационо писмо, интервју за работа, интернет пребарување за можности за вработување и on-line аплицирање.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Летни кампови Girls Leading Our World (GLOW) и Young Men Leadership Project за лидерство и лидерски вештини

Волонтерите од Мировен Корпус Лора Дешер, волонтерка во ОЖОСВН и Кајл Милфорд во почетокот на Април одржаа информативна сесија наменета за млади на возраст од 14 до 17 години, кои од Септември ќе бидат дел од средношколскиот образовен процес во Свети Николе. На информативната средба младите беа запознаени со активностите и можностите за учество на летните кампови за лидерство и лидерски вештини кој ќе се оддржат во текот на јули месец во Крушево. Сесијата се оддржа во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети и на неа учестуваа околу 25 млади. Камповите се одвоени и наменети за 80 момчиња и 80 девојчиња од Р.Македонија и има за цел стекнување на лидерски вештини, граѓанска одговорност, еколошка одговорност, изучување на англискиот јазик, запознавање со Американската култура, традиција како и запознавање со разни американски спортови, а во реализација на Мировниот корпус и ИМКА Македонија од Битола.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Четвртата ЖЕНСКА ТРКА 2016 година

На 10 април 2016 година се одржа Четвртата по ред ЖЕНСКА ТРКА на која учество зеде членка на Организација на жените на општина Свети Николе. Трката е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2016. Целта на трката е жените да излезат од дома и да посветат малку време и внимание на себе и своето здравје. Оваа година за учество на трката беа пријавени над 1000 жени. Од 2016 година, Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација

 

на почеток=

 30 ДЕНА – 30 ЖЕНИ

Март е месец во знакот на жената и борбата за еднаквост во општеството. Да се биде жена е одговорност исполнета со многу предизвици и искушенија во семејството, работата и воопшто во општеството. Секојдневно сме опкружени со жени-лидерки, жени-херои и наши водилки во животот, пример за сите нас. Организација на жените на општина Свети Николе им оддава признание на сите жени и сака да ги промовира нивните вредности затоа што едноставно тие тоа и го заслужуваат. За таа цел во текот на март месец, Организацијата отвори повик за номинирање на жени кои се пример за инспирација, креативост, добрина, доблест, пожртвуваност, упорност, истрајност... и за кои треба да слушне пошироката јавност. Од 30 номинирани жени во текот на месец април 30 дена, секојдневно ќе биде јавно објавена по една жена на Facebook страната на Организација на жените на општина Свети Николе https://www.facebook.com/womsvetinikole/

Повеќе за овој напис

на почеток=

Повик за учесници НА ОБУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО ВРАБОТУВАЊЕ

Организација на жените на општина Свети Николе е во фаза на реализирање на проектни активности од проектот „Зголеми ги своите вредности-едуцирај се II" финансиски поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија. Проектот има за цел да придонесе кон олеснување на пристапот до вработување на млади невработени лица од Р.Македонија односно зајакнување на капацитетите и стекнување на дополнителни вештини на младите невработени лица на возраст до 35 години од Р.Македонија заради поголема конкурентност на пазарот на трудот. За таа цел Организација на жените на општина Свети Николе објавува втор повик за пријавување на заинтересирани млади за учество на втората тридневна обука која ќе се одржи од 15 до 17 Април. Заинтересираните лица може да се пријават за обуката со потполнување на апликацијата на следниот линк http://goo.gl/forms/rnfPvqlO7k најдоцна до 10 Април (недела) 2016 година. Селекцијата на учесници ќе се направи до 12 Април 2016 година, кога сите учесници ќе добијат логистички инструкции за учество на обуката.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8ми МАРТ - ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА

Организација на жените на општина Свети Николе оваа година во Свети Николе, организираше одбележување на 8ми Март-Интернационалниот ден на жената. За таа цел се положи цвеќе и им се оддаде почит на жените борци во НОБ од општина Свети Николе на споменикот во нивна чест во градскиот парк. На самиот чин присуствуваа преставници и преставнички на Локална самоуправа Свети Николе, член/ки/ови на останати женски организации од градот, државни институции, училишта и граѓани и граѓанки од општина Свети Николе. Организацијата во чест на 8ми Март приреди средба и коктел во просториите на организација за поширокото членство, за соработничките и подржувачите, каде меѓудругото се споделија и разменија мислења и искуства вооднос на женскиот активизам и прашања поврзани со еднаквоста на половите во општеството.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Повик за учесници

Организација на жените на општина Свети Николе е во фаза на реализирање на проектни активности од проектот „Зголеми ги своите вредности-едуцирај се II" финансиски поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија. Проектот има за цел да придонесе кон олеснување на пристапот до вработување на млади невработени лица од Р.Македонија односно зајакнување на капацитетите и стекнување на дополнителни вештини на младите невработени лица на возраст до 35 години од Р.Македонија заради поголема конкурентност на пазарот на трудот. За таа цел Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за пријавување на заинтересирани млади за учество на една од двете три-дневни обуки. Заинтересираните лица може да се пријават за една од обуките со потполнување на апликацијата на следниот линк http://goo.gl/forms/rnfPvqlO7k најдоцна до 20 Март (недела) 2016 година. Селекцијата на учесници ќе се направи до 22 март 2016 година, кога сите учесници ќе добијат логистички инструкции за учество на обуката.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ КАКО АЛКА ПОМЕЃУ МЛАДИНСКИТЕ НВО ОД СВЕТИ НИКОЛЕ

Како дел од активности во склоп на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ на 4ти март во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе се одржа средба со активни младински организации и организации кои работат со млади од општина Свети Николе заедно со преставници од Локалната самоуправа. На средбата се споделија информации од работилницата со младите од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе и се разговараше за поврзување на организациите и Локалната самоуправа од Свети Николе со цел подобрување на работата во полето на младинското информирање. Од страна на учесниците на средбата беше забележано дека после долг периот за прв пат Организација на жените на општина Свети Николе ја презеде улогата да ги собере НВО од општина Свети Николе и дека оваа средба е од големо значење за сите.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „ПРАВО НА МЛАДИНСКО ИНФОРМИРАЊЕ – ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА!“

Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира во периодот од 01 декември 2015 до 01 јуни 2016 година, а во Свети Николе ќе се реализираат активности од страна на младите членови/ки од Организација на жените на општина Свети Николе. Целта на активностите е да се подигне свеста за значењето на младинското информирање и Младинските Информативни центри во Македонија. Во склоп на кампањата на 18ти февруари во соработка со СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе се одржа еднодневна работилница со младински лидери и претседатели на класови од училиштето. На работилницата учествуваа 21 претседатели/ки и претставници на класови од сите години и се дискутираше на темата „Младинско информирање“, односно проблеми со кои се соочуваат младите и кои се нивните потреби во однос на информираноста за прашања и теми од нивен интерес.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Оглас за едукатори

Организација на жените на општина Свети Николе во рамки на реализација на проектот „Зголеми ги своите вредности-едуцирај се II“ финансиски поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија има потреба од ангажирање на тројца едукатори за одржување на серија едукативни работилници.  Целна група на обуките се вкупно по 20 учесници/млади невработени лица на возраст од 18-35 години. Предвидени се две(2) тродневни обуки во период од 25 до 27 Март и од 15 до 17 Април 2016 година. Секоја од обуките ќе се состои од 8 едукативни работилници на следниве теми:

  • Изработка на кратка биографија

  • Пишување на мотивационо писмо

  • Интервју за работа

  • Компјутерска обука за интернет пребарување за можности за вработување и аплицирање

  • Основи за изработка на бизнис план

Заинтересираните лица за едукатори треба да достават професионална биографија со листа на одржани обуки и методологија за работа . Доставената документација треба да се достави најдоцна до 02 Март 2016 година до Организација на жените на општина Свети Николе , на е-маил: womsvetinikole@yahoo.com
За дополнителни информации можете да го контактирате лицето Дарко Јованчевски
на тел/фах: 032 444 620 или мобилен: 078 633 025 секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот.

Повеќе за овој напис

на почеток=

 „НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА СВ. ТРИФУН 2016“

По покана од општина Демир Капија на 7ми Февруари членки од Организација на жените на општина Свети Николе со традиционална Овчеполска трпеза учествуваа на манифестација „НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА Св.ТРИФУН 2016". Во пресрет на празникот Св.Трифун беше организиран 6-тиот по ред Натпревар за најдобра традиционална трпеза на која учествуваа 144 учеснички од повеќе организации од 11 општини од Македонија. Манифестацијата ја организираа општина Демир Капија и Центарот за едукација и вмрежување на туризмот „ЦЕНЕТ". Изложените трпези беа оценувани од страна на врвни Македонски и интернационални готвачи, а настанот беше снимен и прилог за истиот одеше на Алфа телевизија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

 Сите заедно можеме да го победиме ракот

Во периодот Септември – Декември 2015 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектотСите заедно можеме да го победиме ракот" финансиски поддржан од Локалната Самоуправа на општина Свети Николе.
Целта на проектот беше зајакнување на самодовербата за полесно надминување на последиците од болеста кај жените заболени и лекувани од малигни заболувања преку давање на соодветна стручна психосоцијална поддршка и креативно исполнети жени.
Во рамките на проектот беа реализирани 9 работилници за групата за самопомош (жени заболени и лекувани од малигни заболувања), од кои 6 беа едукативни работилници , а 3 работилници креативни. Работилниците беа водени од доктор Гордана Митева, психолог- Емина Петкова и Елена Златева едукатор по креативни вештини. На едукативните работилници беа разработувани најразлични темиПравилна и здрава исхрана“, „Зошто и каде здравјето се губи, што нив лично ги смирува и што ги прави да се чувствуват мирно, смирено и радосно", „Психичко и физичко здравје“ ,„Психологија на простување“.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster