english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ОЖОСВН тековно ги зајакнува капацитетите на своите членови и подржувачи

Во соработка со партнерски организации од Р.Македонија и европските земји, како и со институции, организации, фондации, волонтери, волонтерки и поддржувачи на ОЖОСВН, во изминатиот период беа вклучени во низа активности, работилници, конференции, тренинзи, активности како во програмата на Ерзмус+ и Европскиот волонтерски сервис, така и во други програми, партнерства и проекти.

Во соработка со Советот за превенција против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, Тодорче Мишев зеде учество на трениг курс на тема „Empower Zone Ahead“ кој се одржа од 17 до 24 Мај 2017 во организација на Qendra Mesdheu (Mediterranean University of Albania), во Драч Албанија. На тренингот учествуваа 38 млади од 12 европски држави. Целта на тренингот беше да се зајакнат капацитетите на учесниците преку неформално образование, се со цел да научат вештини за развивање на младите во општеството и преку овие вештини да се зголеми вработеноста на млади луѓе во нивните заедници. Теми и подрачја на кои што се работеше на тренинг курсот беа: младинската невработеност, како до вработување на младите, како до подобро CV за вработување и подобрување на вештините за полесно вработување. Исто така учесниците беа запознаени со процесот за отпочнување со работа на Невладини организации и соработување со Европска Унија, вклученост на невладините организации во европските програми: Erasmus+ програми, EVS, Youth Exchange, Training Course. Едукатори на тренингот беа Ана Дервиши (Албанија), Лука Фронгиа (Италија) и Лаура Џаџиу (Албанија).

 
     
 

Волонтери и волонтерки и наши подржувачи континуирано работат на зајакнување на сопствените знаења, разменување на искуства и проширување на соработки и вмрежувања, па и во изминатиот период беа вклучени во низа активности, работилници, тренинзи организирани од страна на организации со кои соработува Оранизацијата, меѓу кои: Цивика Мобилитас Програмата, Мировниот корпус во Р.Македонија, Младинска алијанса Крушево, LA STRADA, Институтот за демократија, ТАКСО, Македонското женско лоби, Центарот за истражување и креирање политики, Коалиција СЕГА, Мост и други организации.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster