Одбележан месец Октомври - месец за борба против рак на дојка
Сите заедно во борба против ракот на дојка
Општина Свети Николе како носител на активностите,
Комисијата за еднакви можности за мажи и
жени при Советот на општина Свети Николе и
Организација на жените на општина Свети Николе
како партнери, беа
дел од кампањата “Месец на борба
против ракот на дојка”
Во рамки на оваа кампања се организираа серија
активности:
- Пунктови за донирање на финансиски средства од граѓани и институции од
општина Свети Николе наменети за
жените заболени од рак на дојка.Оваа акција ќе трае во текот на целата
година а средствата ке се употребуваат за набавка на медицински помагала
за заболените жени;
- Делење розеви машнички на граѓаните , како симбол
за борба против ракот на дојка;
- Поставување на розева лента на плоштадот на градот , за потпис и
подршка на болните од рак на дојка ;
- Организирање на музички концерт и видео бим со презентација на видео
од превентивен преглед на дојките;
За успешно реализирање на активностите од кампањата Mесец
за борба против ракот на дојка на
волонтерите кои беа вклучени во реализирање на настанот им беа доделени
благодарници.

Организација на жените на општина Свети Николе
|