english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ВОЛОНТЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ФАРЕ ФУДБАЛСКАТА НЕДЕЛА 2015

Волонтери и волонтерки од Организација на жените на општина Свети Николе по 11-ти пат се вклучија во одбележувањето на најголемата општествена кампања  и акција во спортот „Football People action week", кампања која ја слави моќта на фудбалот, ги зближува луѓето и се спротивставува  на социјалната исклученост и дискриминацијата. Во оваа акција се вклучени групи во заедницата, навивачи, професионални и аматерски клубови, национални ФАС и групи од граѓанското општество од 50 земји организирани во повеќе од 2000 активности за справување со дискриминацијата и славење на  различноста.

Од 23-25 Октомври 2015 година во Свилајнац, Р.Србија се организира меѓународен младински турнир во мал фудбал „Be a pal, play futsal!" на кој учествуваа млади од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Македонија ја преставуваа група млади волонтери и волонтерки од Организацијата на жените на општина Свети Николе.

 
     
 

Турниот на пријателството имаше за цел да ги промовира еднаквоста, антирасизмот, толеранцијата, како и почитувањето на различноста помеѓу младите. Со заеднички сили се успеа да се покаже дека сите учесници не само на фудбалските терени треба да се еднакви и рамноправни без разлика на различностите кои постојат (пол, возраст, верска, економска, социјална и национална припадност).

 

Младите учесници на турнирот порачаа дека заеднички ќе делуваат на полето на рамноправноста и заедно со илјадници европски групи ќе ја користат моќта на фудбалот за да го промовираат обединетиот став против дискриминацијата и се декларираат како фудбалски луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=FYXF2vrtSDo&feature=youtu.be

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster