english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Виктори декорации – прво социјално претпријатие во Свети Николе

На 22 јуни 2017година беа промовирани и наградени со грант за развој првите 10 социјални претприемачи во Македонија во рамки на проектот Smart Start - „Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации“, кој во земјава се спроведува од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), а е поддржан од Европска Унија со 90% од финансирањето и Градот Скопје. Покрај грантот за отпочнување на социјален бизнис, социјалните претприемачи се вклучија во менторска програма со корпоративниот сектор која ќе им обезбеди долгорочна поддршка и развој. Социјалното претприемништво е новата економска и општествена енергија. Позитивно движење кое ги интегрира невладиниот, владиниот и корпоративниот сектор. Идејата за развојот на социјалното претприемништво е поттикната од повеќе фактори: потребата за инклузија на сите општествени групи – вклучително и ранливите, позиционирање на бизнисите како носители на општествени, а не само економски чинители, диверзификацијата и глобализацијата како незапирливи глобални трендови и секако развојот на иновациите и технологијата. Развојот на социјалното претприемништво веќе гради позитивни практики во повеќе европски земји, а од неодамна преку Смарт Старт хабот на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) интензивно се развива и во Македонија.

 

Во рамките на ОЖОСВН во следниот период ќе започне со работа првото социјално претпријатие во Свети Николе - „Виктори декорации“ кое ќе нуди декорации за родендените и прославите на децата, а приходите ќе бидат наменети за континуирана работа на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања, давајќи им психосоцијална помош и поддршка, набавка на медицински помагала, градни протези, перики, турбани, како и финансиска поддршка за лекови и патни трошоци за терапии.

Во процесот на развој на социјалното претпријатие „Виктори декорации“ покрај финансиската поддршка од Smart start проектот, како менторска поддршка ќе ја имаме експертизата, знаењето и вештините за развој на нови бизниси од страна на професионалниот тим на Друштво за управување со пакување и отпад од пакување „Пако Мак“ – Скопје, а во текот на октомври месец веќе реализиравме првична средба со Извршниот директор - Филип Ивановски кој беше во посета на ОЖОСВН.

 
     
 

„Виктори декорации" ќе работи како декоративен и креативен центар за изработка на различни видови на декорации и украси примарно за детски родендени, но и за крштевки, матурски прослави и други видови на прослави за најсаканите. Радоста и прославите на нашите најмили се секогаш причина повеќе да вложиме посебен труд и внимание за да бидат посебни и да останат како убави спомени. Преку нашите декорации на креативен начин ги исполнуваме вашите и нивни имагинации и ја доближуваме поблиску до вас бајката што ја посакувате вие или вашите деца, а воедно помагаме на жените заболени и лекувани од малигни заболувања од општина Свети Николе за полесно да се соочат и да ја надминат болеста

Виктори декорации" Радост за сите!

 
     
 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster