|
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ВО КАМПАЊАТА 16 ДЕНА
АКТИВИЗАМ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО
Годинава во над 180
земји во светот по 24ти пат се
реализираа разни активности како подршка на кампањата 16 дена активизам
против семејното насилство со една
цел да се поврзат симболично насилството врз жената и човековите права
и да се нагласи дека таквото
насилство е кршење на човековите права. Кампањата почнува
секоја година на 25-ти
Ноември на Меѓународниот ден против семејното насилство врз жените, а
завршува на 10-ти Декември
на Меѓународниот
ден на човековите права. Во
кампањата се вклучуваат стотици
илјади организации, политичари, влади, агенции на ОН и безброј личности.
Под мотото
„Обој го светот во
портокалово“ на 27ми
Ноември Организацијата на
жените на општина Свети Николе беше домакин на „Женски
Автобус“ во организација на
Зонта клубот од Скопје. Најнапред беше организиран марш на улиците на
Свети Николе кој заврши на Плоштадот каде учесничките формираа
портокалова панделка. Во Големата сала на Општина Свети Николе се одржа
дебата на тема „Семејното
насилство и институционална подршка на жените жртви на семејното
насилство“. На дебатата зедоа учество преставници од
Министерството за внатрешни работи - Полициска станица Свети Николе,
Здравствен дом Свети Николе, Центарот за социјална работа, Образовните
институции, пратеничката во собранието на Р.Македонија Г-ѓа Благица
Ласовска, Градоначалникот на
општина Свети Николе Г-нот Зоран Тасев, претставничка
од Зонта клубот, како
и преставници од НВО сектор,
а беше модерирана од претседателката на ОЖОСВ.Н г-ѓа Даниела Панева.
Со пораката
„Заедно против семејното
насилство“ волонтерки
од Организацијата одбележувајќи го Меѓународниот
ден на волонтерската работа-5ти
Декември дадоа
свој придонес и се
вклучија во кампањата 16
дена активизам против семејното
насилство. Волонтерките
облечени во маици со порака „Стоп
на семејното насилство“ во
централното градско подрачје на
Свети Николе, на месното
население им поделија информативни флаери против семејното
насилство и насилството врз жените. Настанот
финансиски беше подржан од
Екуменска иницијатива на жените од Омиш, Хрватска.
|
|
|
На 10 Декември
Организација на жените на
општина Свети Николе
како дел од Националната мрежа за
борба против насилството врз жените и семејното
насилство, а во
соработка со Општина
Свети Николе и Комисијата за
еднакви можности меѓу жените и мажите при Локална самоуправа Свети
Николе реализираа завршна активност ФЛЕШ-МОБ.
Во активноста учествуваа 75
ученици од ООУ Гоце Делчев
од Свети Николе, а беше реализирана со цел да се даде поддршка
на жртвите на семејното насилство
како дел од кампањата16
дена активизам против семејното насилство. Флеш-мобот
беше во координација на
наставничката Тања Ангеловска. Во знак
на подршка на жртвите на семејно
насилство, волонтери и
волонтерки од Организација на жените на општина Свети Николе поделија
флаери и промотивен материјал со порака „Стоп
на семејното насилство“.
Манифестацијата се оддржа на градскиот плоштад, а присутните граѓани, на
поставените паноа, имаа можност да
остават порака за поддршка во борбата против семејното насилство.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|