english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

„Зајакнување на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација“

Организација на жените на општина Свети Николе со свој учесник на тркалезна маса „Зајакнување на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација“ организирана од граѓанската организација Отворена Порта „Ла Страда“ - Скопје

Организација на жените на општина Свети Николе имаше свој претставник на тркалезната маса „Зајакнување на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација“ организирана од граѓанската организација Отворена Порта „Ла Страда“, на 24 април 2015, во Скопје.

Овој настан е дел од проектот „Не ми го одземајте моето детство“, делумно финансиран од Американската амбасада во Р.Македонија, чија цел е да се придонесе кон намалување на принудените и детските бракови и трговијата со луѓе во Република Македонија.

На тркалезната маса беше презентирана состојбата со детските бракови помеѓу ромската заедница во Република Македонија, како и законската регулатива поврзана со оваа тема од страна на Алма Мустафовска Салимовска, адвокат, како и негативните последици од предвремените бракови врз психо-физичкиот раст и развој на децата од страна на д-р Ариф Пини. Во склоп на агендата, беа презентирани и резултатите од проектот „Не ми го одземајте моето детство“, реализиран од Отворена Порта во соработка со 4 невладини организации, со времетраење од 10 месеци (01.08.2014 – 21.05.2015), во 3 општини (Скопје, Делчево и Штип).

На тркалезната маса се работеше кон зајакнување на капацитетите и соработката на организациите со цел идентификување на причините за зголемената ранливост на децата од експлоатација и предлог мерки за надминување на состојбата.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster