Конференција „
Добри
практики“ Драч –Албанија
24.06 – 27.06. 2014 година
Фондацијата Kvinna Till Kvinna од Стокхолм,
Шведска во периодот од 24 до 27 Јуни 2014 година организираше
Конференција „Добри Практики" во Драч, Албанија, наменета за
партнерските организации од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна
Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска за кои Kvinna Till Kvinna
обезбедувала или сеуште обезбедува одредена финансиска поддршка.
Основна цел на конференцијата беше да им се даде
можност на партнерските организации на KTK да разменат искуства на добри
практики како и можности за вмрежување.
За исполнување на поставените цели на Конференцијата
беа организирани мошне интересни работилници. Некои од работилниците беа
базирани исклучиво на споделување на идеи и добри практики меѓу
активистките – учеснички, додека други пак беа организирани како
традиционални семинари на кои беа обработени одредени специфични теми.
На работилниците беа опфатени следните теми:
Вклучување на нови активистки
Уметноста како алатка за социјални промени
ЕУ залагања- добри совети и практични примери
Резолуција на ОН 1325 - Жени мир и сигурност,
Национални акциони планови - превземање на контрола и утврдување на
одговорности
Бранителки на женски човекови права - работа спрема
смерниците на ЕУ и Резолуциите на ОН
Работа за спречување на насилство врз жените на
државно и локално ниво - искуства од регионот
Работа со жени политичарки - искуства од регионот
Коко нашите пораки да стигнат до оној на кој се
наменети - Алатки за комуникација и залагање.