english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Јавна дебата за распределбата на средства од општинските буџети

Транспарентност и ризици од корупција при распределба на буџетските средства, и позитивни практики во справувањето со судирот на интересни во локалната самоуправа. Ова се само дел од темите кои ќе се дискутираат на јавната дебата за распределбата на средства од општинските буџети, што ќе се одржи на 15 април 2015 г., во големата сала на советот на општина Свети Николе, со почеток во 17:30 часот.

Настанот го организираат Организацијата на жените на општина Свети Николе и Граѓанската мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација.

На дебатата ќе учествуваат неколку граѓански организации членки на мрежата, кои ќе ги претстават наодите од истражувањата и анализите поврзани со корупцијата и судирот на интереси во локалната администрација, како и претставник на одделението за финансии и буџет во општина Свети Николе.

Претставници на Организацијата на жените на општина Свети Николе ќе ги презентираат наодите од анализата за застапеноста на судир на интереси и корупција во јавната администрација во Општина Свети Николе, при распределба на средства од општинскиот буџет за здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани.

Гостите од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит од Скопје, ќе го претстават истражувањето на позитивните практики на политики насочени кон спречување на корупцијата во јавната администрација на локално ниво.

Наодите од истражувањето за ризиците од корупција кај јавно-приватно партнерство во Македонија ќе ги презентира претставник на граѓанската организација Аналитика од Скопје.

Дебатата е дел од циклусот на јавните дебати што се организираат во повеќе градови низ целата земјата, во рамки на Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација", што го спроведуваат Институтот за демократија „Социетас Цивилис" Скопје (ИДСЦС), Охрид Институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), со финансиска поддршка на Европската Комисија, преку програмата IPA Civil Society Facility. Целта на проектот е ди ги зајакне улогата и придонесот на граѓанското општество во остварување на стандардите на доброто владеење и во процесот на ЕУ интеграција.

Изразените гледишта во никој случај не ги рефлектираат гледиштата на Европската Унија.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster