|
Прекугранична
конференција „Премостување на
различностите“
Омиш, Хрватска
Две претставнички на Организацијата на жените на
општина Свети Николе учествуваа на прекугранична конференција
„Премостување на различностите" која се одржа од 04-06 Април 2014 година
во хотел Плажа во Омиш, Хрватска. Конференцијата
е организирана од Екуменска
иницијатива жена од Омиш, Хрватска
во партнерство со здружението Li
Women од Ливно, Босна и Херцеговина. Проектот „Премошчивање
различности" е финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА програмата
за прекугранична соработка помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина. На
конференцијата учествуваа
45 мировни активистки и членки на различни невладини организации од
Босна и Херцеговина, Црна
Гора, Македонија, Косово, Србија и
Хрватска. Цел
на тродневниот собир беа теми
поврзани со улогата на жената во мировните процеси како и можностите
за
прекугранична соработка спрема
достапните финансиски средства за
вакви и слични проекти.
На
конференцијата беа обработени следните теми:
Што е
важно при одбирањето на партнери?
Жените и базичните мировни процеси: мобилност и
размени
Социјална инклузија и женски човекови права
Моменталните состојби за финансирање во регионот
Прекугранична соработка:
прилики за меѓукултурен дијалог
Најдобри патишта за реализација за добра соработка?
Во
рамките на Конференцијата беше
организиран и Саем на Невладини Организации кои се преставија со разни
рачно произведени производи.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|