македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ВЕСТИ ОД 2013 ГОДИНА

Жените од регионот активни чинители во градењето на мирот

Во период од 1 Декември 2013 год. до 28 Февруари 2014 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектот “Жените од регионот активни чинители во градењето на мирот” кој финансиски беше поддржан од Екуменска иницијатива на жени – Омиш, Република Хрватска. Предизвиците за изградбата на мирот и сигурноста иницираа воспоставување на позитивни промени во однос на постоечките негативни етнички ставови – предрасуди и стереотипи, како и зголемување на етничката интеракција и граѓанскиот активизам преку воспоставување на дијалог, разрешување на конфликти, градење на мир. Во рамките на проектот беа реализирани 2 работилници- една во Свети Николе, Р.Македонија и една работилница во Ферезај, Косово. Исто така во рамките на проектот од 30 јануари до 2 февруари 2014 година се одржа и четири дневен семинар во Битола. На него учествуваа вкупно 20 учеснички - 11 учеснички од Македонија и 9 учеснички до Косово.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Конференција на тема “Учество на жената во политиката”

Во рамки на проектот проектот MY EUROPE кој е ко-финансиран од програмата Europe for Citizens , Коалиција на младински организации СЕГА и Организација на Жените на општина Свети Николе, во партнерство со Асоцијацијата на Локални Самоуправи од Малта и 14 останати партнер организации од Франција, Албанија, Бугарија, Италија и Малта од 9 до 11 Декември 2013 година , во хотел Порта во Скопје реализираа тродневна меѓународна конференција на тема “Учество на жената во политиката”

Повеќе за овој напис

на почеток=

НЕ за СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Организацијата на жените на Општина Свети Николе и Локалната Самоуправа Свети Николе во рамките на 16те меѓународни денови за борба против семејно насилство реализираа заеднички активности за подигање на свеста за семејното и родово базирано насилство .
На ден 30.11.2013 година во Сабота, на Градскиот плоштад во Свети Николе беше поставен панел за потпишување на иницијативата НЕ за СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО каде стотина жителите на општина Свети Николе ја дадоа својата подршка за борбата против семејното насилство и сите видови насилство врз жената .
Освен потпишување на иницијативата НЕ за СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, се делеа и виолетови панделки како симбол за борбата против семејното насилство и информативни флаери и брошури од страна на волонтери од СОУ Кочо Рацин. Промотивен материјал беше делен за цело време на 16те меѓународни денови за борба против семејно насилство.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Одбележан месец Октомври - месец за борба против рак на дојка

Општина Свети Николе како носител на активностите, Комисијата за еднакви можности за мажи и жени при Советот на општина Свети Николе и Организација на жените на општина Свети Николе како партнери, беа дел од кампањата “Месец на борба против ракот на дојка”
Во рамки на оваа кампања се организираа серија активности:
- Пунктови за донирање на финансиски средства од граѓани и институции од општина Свети Николе наменети за жените заболени од рак на дојка.Оваа акција ќе трае во текот на целата година а средствата ке се употребуваат за набавка на медицински помагала за заболените жени;

Повеќе за овој напис

на почеток=

Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош

На 30.09.2013 година официјално заврши проектот Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош” финансиски подржан од UN WOMEN кој траеше една година почнувајки од 01.10.2012 година . Носител на проектот беше ЕХО-Едукативно хуманитарна организација од Штип , а партнер организации освен Организација на жените на општина Свети Николе беа и Организација на жените на општина Струмица и Кризен центар Надеж од Скопје.

Повеќе за овој напис

на почеток=

НАЦИОНАЛНИ ВОЛОНТЕРСКИ НАГРАДИ 2013
Специјален сертификат за долгогодишен волонтерски ангажман за нашиот Александар Богатинов од Свети Николе

Секој 5-ти декември луѓето од цел свет без разлика на возраст раса и култура го слават волонтирањето, се потсетуваат на суштината на волонтерската работа и си оддаваат признанија.  Добитници на специјален сертификат за долгогодишен волонтерски ангажман, златен, сребрен, бронзен сертификат за Волонтерски ангажман за 2013 година се:
-
Добитник на Специјален сертификат за долгогодишен волонтерски ангажман е Александар Богатинов од Свети Николе 
-Срџан Амет од Скопје  – добитник на Златен сертификат за волонтерски ангажман
-Игор Поповски и Филип Гагалов од Битола - добитници на Сребрен сертификат за волонтерски ангажман
-Светлана Сиљјаноска од Тетово и Гордана Лазаревска - Димитријевиќ од Битола -  добитници на Бронзен сертификат за волонтерски ангажман

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на Општина Свети Николе во ТОП 10 најуспешни граѓански организации во Република Македонија

Според извештајот „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, Организација на жените на Општина Свети Николе е во ТОП 10 најуспешни граѓански организации во Република Македонија. Први десет граѓански организации кои граѓаните ги наведуваат како успешни се: Црвен крст, Мост, Меѓаши, Ел хилал, СОС Детско село, ФООМ, ЗНМ, Аква, Аман и Организација на жените на Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС

Организација на жените на општина Свети Николе објавува оглас за пријавување на потенцијални волонтери во јавни институции/организации, државни органи и невладини организации. И оваа година Организацијата по петти пат на локално ниво го имплементира проектот Локален Волонтерски Сервис“. Носител на проектот е Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија).
За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.100 денари месечно. Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на
месец јануари 2014 година.

Рокот за пријавување е до 5 декември 2013 година.

Пријава за волонтери

Повеќе за овој напис

на почеток=

Јавна трибина на тема „Влијанието на Генетски Модифицирана Храна (ГМО) врз населението, посебно на младите“

На ден 29.10.2013 година (вторник), со почеток во 18.00ч, во просториите на општинската сала во Свети Николе, ќе се одржи Јавна трибина на тема Влијанието на Генетски Модифицирана Храна (ГМО) врз населението, посебно на младите.

Како панелисти на трибината ќе бидат почитуваните:

- Проф. Д-р. Зоран Поповски, (раководител на Kатедрата за биохемија и генетско инжинерство при Факултетот за земјоделски науки и храна,

- Д-р Слаѓана Велков, доктор по медицина

- Преставник на Агенција за храна и ветеринарство

Се покануваат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани на општина Свети Николе, со цел подетално да се запознаат со оваа тема, да го дадат своето мислење и став по однос на ГМО во храната во Македонија. Се очекува од активноста да произлезат препораки и заклучоци кои ќе бидат прерзентирани на Европско ниво.

Настанот е организиран од страна на Организација на жените на општина Свети Николе во соработка со Коалиција СЕГА, како дел од проектот “Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост”, поддржан од ЕУ програмата – Европа за граѓаните.

Контакт лице – Александра Коцевска 032-444-620

 

на почеток=

Меѓународен младински тренинг „Европското граѓанство - можности и решенија за вработување на младите“

Во периодот од 10 до 20 Август 2013 година група на млади волонтери од Организација на жените на Општина Свети Николе учествуваа на тренингот „Европското граѓанство - можности и решенија за вработување на младите“. Домакини на тренингот беа „Евроалтернативи 21“ од Јакоруда, Бугарија, а истиот се одржа во Годлево, Република Бугарија и беше финансиран од програмата „Млади во Акција“.  На овој тренинг учествуваа младинци од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и од Македонија. За време на тренингот младите дискутираа на повеќе теми: причини и мерки за надминување на проблемот со невработеноста на младите, личен и професионален развој на младите, креирање на кратка биографија и бизнис планови, развој на волонтерството, Европско граѓанство, формално и неформално образование, програмата „Млади во Акција“, пристап до Европските развојни фондови, алатка–сертификат за признавање на неформалното образование „Youthpass“.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош

Во рамки на проектот “Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош” финансиски подржан од UN WOMEN од 01.10.2012 година до 30.09.2013 година Организација на жените на општина Николе продолжи да работи со давање на услуги на бесплатна правна помош за жртви на семејно насилство. Овој проект преставува континуитет на работата на канцеларијата за бесплатна правна помош за жртви на семејно насилство при Организација на жените на општина Николе која за прв пат беше отворена во 2005 година . Носител на проектот е ЕХО од Штип, а партнерски организации кои се вклучени во имплементацијата на проектот покрај Организација на жените на општина Николе од Свети Николе се и Организација на жени од Струмица и Кризен центар Надеж од Скопје.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Зголеми ги своите вредности – едуцирај се

Во периодот од 1 Јануари до 30 Јуни 2013 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектот „Зголеми ги своите вредности – едуцирај се“ кој финансиски беше поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија. Проектот е во согласност со владините програми за зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење преку спроведување на активни политики за вработување со кои се делува врз знаењето и квалификациите на понудата на работна сила.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Институционална финансиска поддршка од Шведската фондација Kvinna Till Kvinna

Организација на жените на општина свети Николе, втора година по ред има добиено институционална финансиска поддршка од Шведската фондација Kvinna Till Kvinna . Оваа институционална подршка ни овозможува во 2013 година да имаме континуитет во работата на Организацијата. Добиените средства се наменети за покривање на трошоците за изнајмување на канцеларијата, за подготовка на проектни апликации, спроведување на проектните активности одобрени од страна на донаторите, воспоставување на контакти со претставници на институции и други невладини организации, како одржување на средби со целните групи и граѓаните на локално и на национално ниво.
Финансиската поддршка од Kvinna Till Kvinna е од суштинско значење, бидејќи тоа ни овозможува континуитет во реализацијата на стратешкиот план и годишната програма на организацијата како и за зајакнување на капацитетите на членовите на нашето здружение.

на почеток=

Волонтери од Организација на жените на општина Свети Николе на Меѓународен детски карневал во Херцег Нови, Црна Гора

Во периодот од 24 Мај до 5 Јуни 2013 година 6 волонтери од Организација на жените на општина Свети Николе, на покана од Младински центар, Херцег Нови кој е носител на проектот, учествуваа на волонтерски камп во Херцег Нови, Црна Гора. Покрај волонтерите од Свети Николе на волонтерскиот камп учествуваа и по 6 волонтери од Херцег Нови од Црна Гора, Горица од Италија и Ново Место од Словенија. Волонтерите заеднички учествуваа во логистички и организациски активности за подготовка на одржувањето на седмиот меѓународен детски карневал во Херцег Нови. Самиот Меѓународен детски карневал траеше од Петок, 31 Мај па се до Недела, 2 јуни 2013 година.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ПРЕКУ ВОЛОНТИРАЊЕ

Организација на жени на општина Свети Николе по четврти пат успешно го реализираше проектот „Локален Волонтерски Сервис“. Носител на проектот е Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија), а како партнери во имплементацијата на проектните активности во четвртиот циклус од проектот, покрај нашата Организација беа вклучени уште 5 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД - Кавадарци, Младински совет - Охрид, Агтис – Прилеп и Институт за развој на заедницата – Тетово.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Од младите за младите

Од 15 Декември 2012 до 15 Март 2013 година, Организација на жените на општина Свети Николе, во соработка со уште шест други невладини организации од Куманово, Радовиш, Струмица, Неготино, Битола и Ростуше го реализира проектот Младите за младите” – финансиски поддржан од Европска младинска фондација при Советот на Европа. Проектот имаше за цел да придонесе кон зголемено учество на младите во нивните локални заедници преку охрабрување на независни (самостојни) и заеднички младински иницијативи

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, САМОВРАБОТУВАЊЕ И ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

Организација на жените на општина Свети Николе, во рамките на проектот Зголеми ги своите вредности – едуцирај се“ финансиски поддржан од Генерален Секретаријат при Влада на Р.Македонија ќе реализира обуки за вработување, самовработување и полесен пристап при вработување. За таа цел го објавува овој повик за пријавување на заинтересираните невработени лица за учество на работилници за пишување кратка биографија (CV), мотивационо писмо, интервју за работа, компјутерска обука за интернет пребарување за можности за вработување и аплицирање и обука за изработка на бизнис план. Се покануваат сите млади невработени лица на возраст од 18 до 35 години од градот и од руралните средини (Горобинци, Ерџелија, Мустафино, Амзабегово и Црнилиште) да се пријават за учество на работилниците најдоцна до 15 февруари 2013 година директно во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе ул.Ленинова бр.1 (во центарот на градот во жолтата зграда над Алго-мак) или на е-маил: womsvetinikole@yahoo.com

!!! ПРИЈАВАТА може да ја превземете овде !!!

За подетални информации може да не контактирате и на телефон 032/444-620 и 032/440-032 секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Проект за придружна социјална работа на територија на Република Македонија

Во рамките на Програмата за придружна социјална работа со жртви на трговија со луѓе и високо ризични случаи Здружението на граѓаните за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена Порта Скопје го имплементира проектот ,,Проект за придружна социјална работа на територија на Република Македонија,,. Организацијата на жените на општина Свети Николе како партнер организација во периодот од август 2012 – јуни 2013 година спроведува проектни активности на територијата на општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Минимален достоинствен приход во Република Македонија”

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) со поддршка од Националниот Демократски Институт (НДИ), во период од декември 2012 до март 2013 година, реализира проектни активности за спроведување на законодавната иницијатива “Минимален достоинствен приход во Република Македонија”. Целта на оваа иницијатива е подигање на јавната свест на граѓаните, власта и опозицијата за потребата од воведување на Минимален достоинствен приход.
Организација на жените на општина Свети Николе како членка на Македонската платформа против сиромаштија (МППС), на локално ниво реализираше активности предвидени со оваа иницијатива.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.