|
Организација на жените на општина Свети Николе –
дел од настанот Civil Society in
Research and Innovation
во Брисел
На
28 јануари 2015 г. претставничка од Организација на жените на општина
Свети Николе учествуваше на настанот Civil Society in Research
and Innovation во Брисел,
во организација на The CONSIDER project
(Civil society organisations in designing research governance),
а финансиски поддржан од The European
Economic and Social Committee (EESC)
Целта на настанот беше да се потенцира работата на
EESC и да се поттикне дебата меѓу претставниците на засегнатите страни:
Институциите, Невладиниот сектор и Универзитетите
кои се инволвирани во истражувања. На настанот беа презентирани
истражувања поврзани со политиката во Европа и нејзините земји - членки
како и истражувања спроведени на неколку реномирани универзитети во
Европа. Беа посочени конкретни примери на позитивни практики и фактори
кои влијаат на успехот на граѓански организации во вклучување и
спроведување на истражувања поврзани со социјалното претприемништво.
Исто така, беа презентирани и позитивни практики на граѓански здруженија
посочувајќи дека токму граѓанските здруженија во соработка со
Универзитетите и образовните институции со нивниот ангажман може да
бидат основа за градење на идната Европска политика. Во целиот овој
процес побарано е засилено да се работи на вмрежување и заеднички настап
на европските институции, Универзитетите и
граѓанскиот сектор.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|