|
Македонија претставена на
„Денови на културата“ во Ново Место, Словенија
Друштвото за развој на доброволната работа
Ново Место, Словенија од 12 до 19 Јуни 2015 год. го организираше седмиот
фестивал „Денови на културата“. Друштвото за доброволна работа од Ново
Место со овој фестивал настојува да даде свој придонес кон градење на
можностите за промоција на културите и можност за презентација на
културно наследство на националностите кои живеат во Словенија. Во склоп
на фестивалот беа реализирани повеќе различни настани од кои до
посетителите беше испратена пораката за важноста на меѓукултурните
димензии. Напоредно со настаните во деновите на фестивалот во
рестораните во Ново Место се служеше Македонска, Српска, Босанска и
Словенска кујна. Фестивалот го посетија повеќ од 800 посетители и на
него во разните настани учествуваа 220 учесници .
По покана на Друштвото за развој на
доброволната работа Ново Место, Рахела Симеонова Манева, членка на
Организација на жените на општина Свети Николе по седми пат ја
организираше Македонската маса на која беше презентрирано дел од
македонското културно наследство. Посетеноста на Македонскиот штанд
зборува за интересот на посетителите да ја запознаат Македонската
традиција, култура, обичаи и секако да се проба дел од богатата понуда
на вкусна македонска традиционална храна и пијалоци. Во културно
уметничката програма посетителите уживаа во преубавите македонски песни
„Зајди зајди“ и „Јовано Јованке“ во изведба на Ненад Јованов од Свети
Николе, а студент на Магистерските студии – на Музичката академија во
Љубљана, Словенија.
Освен македонска култура на завршната
манифестација беа презентирани Босанската, Српската, Хрватската,
Руската, Украинската, Албанската, Кинеската, Ромската и Словенската
култура пропратени со традиционални песни и ора.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|