|   | 
        
     
    
    ВАВИЛОН ЦЕНТАРОТ - СВЕТИ НИКОЛЕ - како проектна активност на 
    Организацијата на жени на Општина Свети Николе започна со работа во март 
    2001год. Од тогаш наваму Вавилон центарот преставува катче за забава, место за 
    дружење и за стекнување нови знаења од животните вештини, компјутерите, 
    англискиот јазик, новинарство и дебата.  
    Овде учиме како да се 
    справиме со дрогата и со другите пороци. Заедно со Организацијата на жени 
    учествувавме во неколку еколошки акции мегу кои: 
    - еколошката акција чистење 
    на излетничкото 
    место Гуриште; 
    - дел сме од акцијата Свети Николе најчист град во Македонија; 
    - со наши рачни ракотворби учествувавме во добротворната аукција на 
    Еколошкото друштво "Изгрев" од Свети Николе чии собрани средства се наменија 
    за реновирање на О.У "Кирил и Методиј"; 
    - Организиравме еднодневен излет во излетничкото место Крушки и во 
    Извидничкиот Дом на И.О."Гоце Делчев" од Свети Николе во селото Орел. 
    
      
        
          
        
      
    
    Детско младинскиот центар 
    го посетуваат редовно во моментов околу 450 деца и младинци од градот. Ова 
    им го овозможи Организацијата на жени Св.Николе.Организацијата активно 
    работи од 1990 год. И преставува продолжение на поранешното женско 
    организирање во општината.Основната мисија на организацијата е дејствување 
    во правец на унапредување на положбата на жените, децата и младинците во 
    сите сфери.Во својата програма има зацртано работа со деца и младинци преку 
    разни форми.Организацијата на жени соработува со многу невладини организации 
    и фондации од Република Македонија и пошироко. 
    
    
    
    ВАВИЛОН ЦЕНТАР СВЕТИ НИКОЛЕ 
    
    
    УЛ: ЦВЕТАН ДИМОВ 14  
    
    
    
          
    на почеток= 
    
    Активности 
    -
    
    Разни активности на Вавилонците од Свети Николе 
    (кликни врз обележаниот текст за да прочиташ повеќе) 
    
     
    - Активности во Вавилон центарот 
    
    Работа со компјутери -
    во досегашните активности се спроведуваше обука 
    на посетителите на центарот за основните поими и работа со компјутери во 
    согласност со возраста на децата и младите. Во наредниот период се 
    предвидува проширување на знаењата од областа на компјутерите , обука за 
    користење на нови програми кои им се потребни на младите и децата ,кои можат 
    да им послужат за натамошно работење. 
    
    Англиски јазик - 
    проширување и усовршување на англискиот јазик , интерактивна работа со 
    децата и младите , изнаоѓање на интересни теми и потреби кои можат да им 
    посужат за тековни потреби, и сл
    
    Психолошки работилници - 
    работа со децата и младите на пооделни актуелни 
    теми и прашања кои ги засегаат децата и младите , наоѓање начин за 
    надминување на истите , зајакнување на самодовербата и самоконтролата и сл
    
    Работилници за детски и човекови права- 
    запознавање на децата и младите со нивните 
    права , како да ги добијат и кој може да им помогне да се изборат за своите 
    загарнтирани права.
    
    Креативност - 
    развивање на креативноста кај младите и децата, потикнување на нови идеи , 
    изработка на предмети од разни работи и сл.
    
    Новинарство - 
    запознавање на младите за тоа што е новинарство , како се известува и 
    пишуваат натписи , изработка на весник и 
    сл.
    
    Дебата -  
    запознавање со основните правила за дебатирање , како да се насочува 
    дебатата , дебата по разни актуелни прашања и сл
    
    Работилници од здравствена едукација -
    разговори за дрогата, пушењето, алкохолот, 
    половите болест и сидата , затоа како да се зачува здравјето , правилна 
    исхрана и др. 
    
            на 
    почеток=
    
    Електронски 
    весник „ВАВИЛОН“ Децата и младинците кои го 
    посетуваат Вавилон центарот во Свети Николе ги приготвија текстовите за 
    првиот број на Е-Весникот „Вавилон“ . Текстовите од весникот може да ги 
    прочитате на ако кликнете на следниот линк: 
    Е-Весник „Вавилон“ 
           на 
    почеток=    | 
          |