english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ЧЛЕНКИТЕ ОД ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Членки од Организација на жените на општина Свети Николе од 21-24 Октомври, 2015 година реализираа студиската посета кај партнерската организација ЦУРЕ во Сараево, Босна и Херцеговина. Студиската посета финансиски беше подржана од Екуменска иницијатива на жени од Омиш-Хрватска. Посетата имаше за цел да се разменат искуства и информации со НВО женски организации од БИХ и да се пренесат добри практики за теми поврзани со женските човекови права и семејното насилство. Преку студиската посета членките на организацијата имаа можност да се запознаат со работата на поактивни женски организации од Сараево, законите во Босна и Херцеговина кои се однесуваат поконкретно на легислативата за заштита на жените и девојките од семејно насилство, нивното спроведување во пракса, начинот на соработка со институциите и начинот на финансирање.

Во склоп на студиската посета Фондацијата ЦУРЕ како домакин организираа средби со повеќе НВО од Сараево кои работат на прашања поврзани со женските човекови права и семејното насилство, па беа посетени:

Агенција за рамноправност на половите на БИХ која работи како единица на Министерството за човекови права и бегалци и е фокусирана на прашања поврзани со насилството врз жените, заштита против дискриминација, сексуално вознемирување и рамноправно учество. Средбата со преставничките од Агенција за рамноправност на половите на БИХ овозможи, учесничките во студиската посета да се запознаат со функционалноста на законите, примената на меѓународната пракса и застапеноста на жените во законодавната и извршната власт.

Фондација за локална демократија, Центар за правна помош на жени и Сигурна куќа се организации кои работат на проекти за реконструкција, самоодржливост, образование, култура, социјална и здравствена заштита на женски групи и женски НВО. Особени успеси имаат постигнато во областа на заштита на женските права, ресоцијализација на жени–жртви на насилство во тек на војната и социо-економско јакнење. Особено значајно е што по нивна иницијатива работи Сигурна мрежа, односно Женска мрежа, преку која се обезбедува пакет на услуги на жени жртви на насилство, што опфаќа: функционирање на СОС линија, сигурна куќа за згрижување на жени жртви, како и центар за правна помош, а поврзани се и со други организации кои обезбедуваат сервиси за економско јакнење на жените. Во текот на состанокот беа разменети искуства и информации за начинот на функционирање, соработката со институциите, други граѓански организации, како и законската регулатива, особено во доменот на бесплатната правна помош, финансиска поддршка и самоодржливост, како и работата на центрите за работа со насилници, воспоставени во рамки на мрежата.

 

Фондација за зајакнување на жените е организација која обезбедува финансиска, техничка и логистичка поддршка за помали организации кои работат со жени. Насочена е кон помош на организации кои се соочуваат со проблемот на одржливост, а работат со посебно ранливи групи на жени за нивно економско зајакнување, економска независност преку финасиска и институционална поддршка на мали локални организации ширум Босна и Херцеговина.

Инфо Хаус е организација која дава директна финансиска помош за развивање на сопствени мали бизниси, односно самовработување на жени, припаднички на ранливи групи (жртви на семејно насилство, жени кои се изложени на тешка социо-економска положба итн.).

Крила на надежта е организација која работи на полето на социјална инклузија на жените и децата преку пружање на помош и психосоцијална поддршка на деца жртви на траумите на војната. Фокусирани се на промоција и заштита на човековите права и промоција и заштита на менталното здравје. Се занимаваат со едукација на деца и млади и со психолошки третман на проблематични деца во училиштата преку посебни програми во соработка со Министерството за образование и општините.

Оваа студиска посета беше уште едно ново искуство на Организацијата кое ќе придонесе за унапредување на нејзната работа во справувањето со проблемот на семејното насилство и насилството врз жените.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster