Активности:
Награден литературен и ликовен конкурс
Креирање и изведба на перформанс
Промотивни материјали
Патувачки караван
Завршна манифестација
Награден конкурс за литературни и ликовни творби
на тема „Различни бои една игра, со спорт против расизам и
дискриминација“ беше објавен во сите седум партнерски градови и беше
наменет за млади од 13 до 18 години од основните и средните училиштата
од овие градови. За првите три места и од литературниот и од ликовниот
конкурс беа доделени парични награди во висина од 100, 70 и 50 евра. Од
наградените творби се подготви и испечати каталог кој потоа беше
дистрибуиран во текот на караванот. 8 волонтери на Организација
на жените на општина Свети Николе на 26 Април од Свети Николе тргнаа на
патувачки караван кој продолжи низ градовите на партнерските организации
се до 5 Мај. Во рамките на караванот се реализираа низа на активности.
Се одигра перформанс кој беше подготвен и изведен од волонтерите од
Организација на жените на општина Свети Николе, се делеа флаери и
каталози, се организира ликовна изложба со сите пристигнати ликовни
творби на конкурсот и се одржа литературно читање на трите наградени
творби.
 |
|
 |
 |
|
 |
Во Бања Лука Р. Босна и Херцеговина се одржа
завршната манифестација на која учествуваа по двајца волонтери од сите
партнерски организации. Овде покрај другите активности се одигра
фудбалски натпревар со мешани тимови по пол, возраст и националност и се
одржа заедничка интеркултурна вечер на која учесниците ги презентираа
своите држави, градови и организациите и се запознаа со останатите земји
учеснички вкусувајќи разна традиционална храна и пијалоци. За текот и
програмата на караванот, беа информирани сите амбасадори на Македонија
во земјите учеснички, претставници на локалните самоуправи, здруженија
на Македонци во тие земји, локални училишта и др.
Проектните активности беа заокружени со ретроспектива
- презентацијата на реализираните активности во текот на патувачкиот
караван во Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе. Оваа,
како и дел од останатите активности беа медиумски покриени од локалните
медиуми со што за проектот имаше можност да се запознае и пошироката
јавност.
После поминатите 21 граница, 7 држави, 14 градови,
3000км, надминувајќи ги проблемите и сеќавајќи се на убавите моменти
успеавме да ја постигнеме целта која ја поставивме пред почетокот на
караванот и со позитивен дух продолжуваме понатаму...