|
„Зголеми
ги своите вредности-Едуцирај
се II“-втора обука
Во
периодот од 15 до 17 Април 2016 година се
реализира втората обука од проектот „Зголеми ги своите
вредности-Едуцирај се II“. Обуката се оддржа во Еуро Хотел Градче -
Кочани каде учество зедоа 20 млади невработени лица од Р.Македонија на
возраст од 18-35 години. Обуката
беше во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, а
проектот финансиски е поддржан од Генерален секретаријат при Влада на
Р. Македонија. Со обуката
беа опфатени 8
едукативни работилници со следниве теми:
Основи за изработка на бизнис план (4 работилници),
Изработка на кратка биографија,
Пишување на мотивационо писмо,
Интервју за работа,
Интернет пребарување за
можности за вработување и on-line
аплицирање.
Проектните активности имаа за цел да придонесат кон
олеснување на пристапот до вработување на млади невработени лица од
Р.Македонија односно зајакнување на капацитетите и
стекнување на дополнителни вештини на младите
невработени лица на возраст до 35 години од Р.Македонија заради поголема
конкурентност на пазарот на трудот.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|