Конференција на тема “Учество на жената во
политиката”
Во рамки на проектот проектот MY EUROPE кој
е ко-финансиран од програмата Europe for Citizens , Коалиција на
младински организации СЕГА и Организација на Жените на општина Свети
Николе, во партнерство со Асоцијацијата на Локални Самоуправи од Малта и
14 останати партнер организации од Франција, Албанија, Бугарија, Италија
и Малта од 9 до 11 Декември 2013 година , во хотел Порта во Скопје
реализираа тродневна меѓународна конференција на тема “Учество на
жената во политиката”
|
|
|
|
|
|
Првиот ден од конференцијата беше
фацилитирана од г-ѓа Данила Панева правничка во Организација на
Жените на општина Свети Николе, а целна група беа преставници од
меѓународни НВО-и и институции. На првата сесија се дискутираше за
сегашната состојба на жените како учеснички во политичките патот за
постигнување на пиозитривни резултати. Се дискутираше за потребата од
учество на жени во политиката и се споделуваа статистички податоци за
инволвираност на жените во креирање на политиката од страна на
преставниците на земјите учеснички на конференцијата . Целта на првата
сесија беше да се донесат препораки за потребата од учество на жените во
процесот на донесување одлуки кои ќе бидат презентирани за време на
конференцијата со учесници од општинските совети и комисии за еднакви
можности меѓу жените и мажите на локално и национално ниво, граѓанските
организации како и претставници од земјите - партнери. Вториот дел од
првата сесија продолжи на 10ти Декември со споделување на позитивни
примери на женскиот активизам за направени Законски промени преку
иницирање и реализација на активности од страна на домашни и странски
невладини организации .
|
|
|
|
|
|
Втората сесија ја фацилитираше г-ѓа
Афердита Хаџијаха Имери со презентирање на законските прописи во кои се
содржани одредбите за еднаквост меѓу мажите и жените и презентирање на
националните тела и комисии како механизам за заштита од дискриминација
. Исто така вториот ден се работеше во две групи со цел изработка на
локални акциски планови . Учесниците на вториот ден беа: членовите на
општинските совети, комисиите за еднакви можности во рамките на
општинските совети и преставници од домашни и странски НВО-и.
Третиот ден сесијата ја фацилитираше г-ѓа
Лилјана Поповска , претседателка на Комисијата за еднакви можности меѓу
мажите и жените при Собранието на РМакедонија. На ова сесија беше
направена кратка анализа од учеството на жената во политиката од пред
десетина години и сега на национално ниво и во европските земји .
Третиот ден дискусија се водеше за начините за постигнување на резултати
и за неопходноста од соработка на институциите со НВО-и.