english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ТРЕНИНГ КУРС „Young people not in education, employment or training", Черномељ, Словенија

Зафирова-Стоиловска Маринела и Атанасов Александар, претставници од СОУ "Кочо Рацин" Свети Николе, во соработка со Организација на жените на општина Свети Николе во партнерство сo Советот за превенција на малолетничката деликвенција од Кавадарци, заедно со 25 преставници од Бугарија, Италија, Франција, Кипар, Македонија, Шпанија, Полска, Белгија, Чешка, Малта, Романија, Хрватска и Словенија од 06.11.2017-12.11.2017 учествуваа на тренинг курс во организација на Младински центар БИТ од Черномељ, Словенија. Тренинг курсот овозможи учесниците да се запознаат со програмата Erazmus+ и да стекнат вештини за пристапување и вклучување на младите во процесот на едукација, вработување и друг вид на обуки претставено преку „NEET people".

Преку конструктивна дискусија за време на тренингот се разменија различни професионални пристапи кон младите како ранлива категорија преку работилници поткрепени со интересен и кретивен пристап. Неформалниот дел на тренингот опфати организирање на интеркултурна вечер каде преставниците од различните европски држави ја презентираа својата култура и традиција. Младинскиот центар БИТ од Черномељ организација домакин, организира традиционална словенечка вечер на која беа претставени словенечките обичаи, словенечката културата и традиција.

Трениг курсот помогна на сите учесници да се стекнат со нови знаења за креативен пристап како младите да се интегрираат во заедницата, како без стереотипи и потенцијалната дискриминација да се пристапи на ранливите групи на луѓе во општеството и спречување на радикализацијата.

 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster